Како што знаеме празниците ни се ближат.Темава е за сите кои Нова година и Божиќ ќе ги прослават во домашна атмосфера. Освен нели руска салата и кифлички,тука можете да дадеме идеи за едно новогодишно или Божиќно мени.Предјадење,главно јадење,десерти.Некои интересни рецепти. Јас ќе започнам Ова ми се чини многу интересно и доста декоративно,не е тешко за правење и сметам дека одлично би се вклопило во едно вакво мени. Брускети Се сечат тенки коси кришки од француско лепче(багет)Малку се запекуваат во релна на 200 степени.Кога ќе заруменат се сече лукче на половина и се премачкуваат кришките. Се капнува малку маслиново масло и се додава доматен сос или свежи домати сецкани и малку сирење. Се враќаат во рерна само колку да се зарумени сирењето. Одлично мезе за почеток на вечерта со некоја чашка алхохол.
Торта со тиква Состојки: За тортата 4 јајца 240мл сончогледово масло 350гр шеќер 450гр варена па испасирана тиква 260гр брашно 1 пакетче прашок за печиво 1 кафена лажица сода бикарбона 1/4 кафена лажица сол мелен цимет, мелен ѓумбир и мелено каранфилче по желба 240гр дробени ореви За глазурата 180гр чоколада за готвење 50гр маргарин 1 лажица бренди Начин на подготовка: Тортата Со миксер измешајте ги следниве состојки по ред: -Јајца, масло за јадење, шеќер Матете околу две минути па додадете ја испасираната тиква и продолжете со матење додека се вкомпонира убаво. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: брашно, сода бикарбона, сол, зачини и прашок за печиво. Потоа додадете ги во садот со влажните состојки и мешајде додека смесата стане хомогена. На крај додадете ги дробените ореви. Смесата ставете ја во сад за печење во форма на куглоф. Печете 50-60 минути. Извадете од рерна и оставете да се олади пред да ја сервирате. Глазура Стопете ги чоколадото и маргаринот па потоа додадете бренди. Оставете да се олади на собна температура и потоа посипете ја тортата постепено, оставајќи ја глазурата да тече од страните. На крај ви останува да ја изедете. Добар Апетит!
Моето главно мени: соја во сос Вариме топчиња соја. Во тенџере пропржуваме ситно насецкан кромид, а потоа се додава доматен сос и топчињата. Сето се вари 4-5 мин. (се додаваат зачини). Се сервира со пире. Тостерки-за гости - 4 јајца/ 1 ванила / малку пециво/ 1 чаша млеко/ 1 чаша брашно/ 1 чаша масло/ 1 чаша шекер. Се мати со миксер. Секогаш успева-испробан рецепт. Таблероне топчиња - 3 јајца/ 3 лажици мед/ 300гр. шекер во прав/ 350гр. мелени бисквити/ 1/2 маргарин/ 100гр. мелени ореви/ 3 лажици какао/ 100гр. сусам/ Се` се меша и се прават топчиња. Понатака, ќе напишам уште некој рецепт.... И ќе замолам, ако знае некој рецепт за непечена торта без јајца.
Интересен и декоративен рецепт кој е лесен за приготвување. Шкотски јајца Состојки -7 јајца -Мелено месо -сол и бибер -3 шољи презла -масло за пжење 4 јајца се варат и се лупат. Во меленото месо се додава 1 јајце,сол и бибер (може и други зачини по вкус).Се соединува смесата и со меленото месо се обложуваат варените јајца. Вака направените топчиња (од јајце и мелено месо) се валкаат во јајце(преостанатите 2 јаца се матат) и во презла. Се ставаат да се пржат околу 2-3 минути додека да добијат залтна боја,а потоа се редат во плех и се допекуваат уште 10 минути. Приготвените шкотски јајца се сечан на половина и се редат во чинија.
Еве една брза, лесна, ефтина салата: сецкани варени компири сецкани јајца сецкан кромид туна (со маслото) Се меша, посолува и се сервира со мајонез одзгора. (на 1 кг компири одат 3-4 јајца, 1 голема конзевра туна, 1 главица кромид) (За тие што не сакаат кромид, слободно нека го изостават) Сите кои ја пробале дома, многу ја бендисале.
Еве, штотуку ги направив за проба и се надевам дека ќе бидат и на Новогодишната трпеза. Цветни кифлички 1 кг брашно 500 мл. млеко 4 јајца 1 коцка свеж квасец 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер 1 филџан масло за јадење 1 пециво сусам, афион или ким --------------------------------------------------------------------------------------- Квасецот се растопува во млака вода, малку сол, масло и се остава да отстои едно 3-4 минутки. Сите останати состојки се мешаат, се додава квасецот, тестото се замесува помеко и се остава да искисне 2 пати. Се прават топчиња, се расукуваат во кругче и со остар нож се засекуваат 5 пати во облик на цвет. Се премачкуваат со жолчка, во средината на цветот се става афион или ким, а на останатите делови сусам. Кифличките се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути. * Од половина доза излегуваат околу 40-тина, па сега сметајте колку ќе излезат од целата доза на продукти. Топло-ладни чоколадни колачиња 3 јајца 200 gr шеќер во прав 2 кесички ванилин шеќер 1 шоља брашно 150 gr путер или зејтин 200 gr чоколадо за готвење ---------------------------------------------------------------------- 3те јајца изматете ги убаво со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, па додадете го брашното. путерот (или зејтин) растопете го заедно со чоколадото. кога растопеното чоколадо ќе се олади, измешајте го со изматените јајца и смесата сипете ја во тавче за мафини подмачкано со маргарин. печете ги колачите во рерна загреана на 250°C точно 7 минути, а потоа исклучете ја и оставете ги Колачите внатре уште 2 минути. извадете ги од рерна, превртете ги од тавчето и послужете ги. Вториот рецепт е преземен од тука http://sitnoseckano.blogspot.com/2011/1 ... cakes.html
Мојот предлог е Столен ролат со марципан,. Рецептот го најдов на блогот Часови по готвење. Досега, за секоја Нова Година ваков ролат купував, германски и многу вкусен. Но, овој домашниов е уште подобар. Денес за проба, цела куќа прекрасно мириса. -375 гр брашно -50 гр шеќер -малку сол -1 лажичка сув квасец -150 мл млеко -110 гр путер -1 јајце -200 гр суво овошје (брусница, суво грозје) -малку изрендана кора од портокал и лимон -50 гр сецкани бадеми- -200 гр марципан (купен од Кам) -малку рум Квасецот растопете го во топлото млеко и заедно со просеаното брашно, сол, шеќер, јајцето, растопен путер и коричките, замесете меко место. Покријте го со крпа и оставете го да се подигне 1 час. Кога ќе нарасне, додадете го сувото овошје и размесете го во тестото. Од него направете правоаголна форма со димензии 25x20 см. Од марципанот направете кобасица и ставете ја на средина на тестото. Завиткајте го тестото и оставете го да отстои уште 45 минути, на топло. Печете го колачот во рерна загреана на 190 степени, околу 30 минути. Кога ќе биде печен, обилно посипете го со шеќер во прав. Не е мојот, но вака изгледа!
Ова оди лесно, брзо и многу едноставно, дури и оние кои немаат поим од готвење, ќе ги стокмат. Чоколадни brownies * малку прашок за пециво (половина мало лажиче е доволно) * 100 гр. маргарин * 4 лажици какао * 5 гр. ванилин шеќер * 250 гр. брашно * 50 гр. бадеми, 50 гр. лешници (или ореви, што ви се наоѓа, по избор) * 1 јајце * 50-100 гр шеќер (по вкус, зависи колку сакате да бидат благи, јас ставив некаде 80-тина гр.). ------------------------------------------------------------------------------------------- Брашното се меша со пецивото и се додава шеќерот во подлабок сад. Се додава едното јајце, какаото и ванилиниот шеќер. Се додава маргаринот, пожелно е за полесно месење да е малку омекнат и на крајот сечканите бадеми и лешници. Се меси со рака, евентуално со миксер ако ви е тешко, иако нема потреба. Се става во плех намачкан со маргарин, се истура смесата и се тапка. Доволно ви е да биде околу 1цм висина, ќе пораснат уште малку заради пецивото, но не премногу. Се печат во загреана рерна 15 минути на 200 степени. Се сече додека е топло и по желба се става чоколаден прелив. ------------------------------------------------------------------------ Бидејќи ги правам првпат, формата не им е сјајна, но вкусот наводно бил фантастичен, така посведочија мама и тато. Вака изгледа непечена смесата. Ако видите дека немате доволно смеса да наполните огромен плех како мојов, оставете си празно место. Од ова излегуваат 12 колачиња.
Криспи топчиња: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 грама Шеќер 100 грама Чоколадо за готвење 50 грама Суво грозје 2 лажица/ци Мед 125 грама Маргарин 100 грама Лешник 100 грама Корнфлекс чоколаден 1 лажица/ци Какао Подготовка : Маргаринот, медот, шеќерот и сувото грозје варете ги на ниска температура додека шеќерот не се истопи. Додадете ги лешниците и корнфлексот. Мешајте да се соединат состојките, па правете бомбици. Фрцокли ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 милилитри Суво бело вино 2 лажица/ци Сол 2 Прашак за пециво 200 милилитри Масло 1 килограм/и Брашно ПОДГОТОВКА: Од сите состојки замесете убаво меко тесто, но да не се лапи за раката. Поделете го на три дела. Секој дел расукајте го во дебелина на молив. Горната страна намачкајте ја со изматена белка и посипете со афион во зрно. Превртете на другата страна што ќе ја намачкате со изматена жолчка и посипете со сусам. Сечете на стапчиња и вртете ги, па редете ги во намрсена тава.Печете 20 минути, може и помалку, на 200 степени. А може и да ги валкате од едната страна во вегета а од другата во буковка и така се многу вкусни
Солени бомбици 3 Варени јајца 450гр Кашкавал 4-5 Лажици мајонез 3 Чешниња лук Сол и црн пипер ____________________________________________________________________________________ Се се ренда,се соединува и од смесата се прават бомбици кои се валкаат во рендан кашкавал. (Сликата е превземена,за да видите како би изгледале)
Кокос бомбици: -200мл хопла -200гр. чоколадо -60гр. кокос Хоплата се става на оган, а во неа се става стопеното чоколадо (да не проврие), се меша, да се добие хомогена смеса, се трга тенџерето и се става кокосот. Се остава минимум 3 часа да се излади и стегни смесата. Се прават топчиња кои се балаат во кокос. Излегуваат околу 23-24 бомбици. Наместо кокос, може да се направи со ореви, лешници....
Не сум правела јас, ама мајка ми редовно Се прави брзо, нема печење, а е многу вкусно Дипломатски крем Состојки: -200г шеќер -2 ванили -5 лажици густин -5 жолчки -1л млеко -500г искршени пишкоти -банани Шеќерот, ванилите и густинот се мешаат заедно. Во друг сад се матат 5 жолчки, кога ќе се изматат во нив се додава претходно измешаното и повторно се мати. Во меѓувреме на оган се става литар млеко да зоврие и во него се додава смесата да се свари како пудинг. Кога е готово се истураат пишкотите и сето тоа се меша. Половина од смесата се истура во сад и врз тоа се редат банани исечени на кругчиња, па потоа остатокот. Белките може да се изматат со шеќер и да се филува тортата, ама јас тој дел не го јадам
[ Топло-ладни чоколадни колачиња 3 јајца 200 gr шеќер во прав 2 кесички ванилин шеќер 1 шоља брашно 150 gr путер или зејтин 200 gr чоколадо за готвење ---------------------------------------------------------------------- 3те јајца изматете ги убаво со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, па додадете го брашното. путерот (или зејтин) растопете го заедно со чоколадото. кога растопеното чоколадо ќе се олади, измешајте го со изматените јајца и смесата сипете ја во тавче за мафини подмачкано со маргарин. печете ги колачите во рерна загреана на 250°C точно 7 минути, а потоа исклучете ја и оставете ги Колачите внатре уште 2 минути. извадете ги од рерна, превртете ги од тавчето и послужете ги. а колку брашно треба мислам колкава да е чашата
*Меки кифлички со павлака Потребно е: (за тесто): 1 кг меко брашно 1 коцка квасец 1 лажиче сол 1 лажица шеќер 200 мл масло за јадење 250 мл млеко 250 мл топла вода (за фил): 1 маргарин (250 гр) 3 жолчки 250 гр павлака 1 1/2 лажиче сол Подготовка: Во топлата вода ставете ги квасецот, шеќерот и солта. Измешајте малку со лажиче за да се растопат. Во голем сад ставете половина од брашното. Во него ставете ги маслото, млекото и водата со квасецот. Измешајте со лажица и потоа додавајте го преостанатото брашно, малку по малку притоа замесувајќи меко тесто со рака. Треба да добиете меко тесто кое нема да се лепи на рацете. Откако ќе фомирате тесто, оставете го 15 минути да се одмори на топло. За тоа време направете го филот. Во чинија ставете го маргаринот и згмечете го со вилшука. Ставете 3 жолчки, павлака и сол. Целиот фил со вилушка измешајте го за да биде едноличен. Од тестото одвојте 4 еднакви топки.Од секоја топка со сукало и на набрашнета површина расукајте тркалезна и тенка кора. Филот поделете го на 4 дела. Со 1 дел од филот филувајте ја правата развлечена кора. Размачкајте го филот убаво, но не ставајте многу на краевите. Потоа, филуваната кора завиткајте ја во ролат. Ролатот сечете го на парчиња со големина по ваша желба. Наредете ги во тавче обложено со хартија за печење, но затоа што јас немав хартија во моментот, го премачкав со маргарин. Наредете ги во тавчето оставајќи малку растојание меѓу нив. Истото направете го и со преостанатите три кори и три дела од филот. Може да ги сечете по желба, како тријаголници или кругови. Намачкајте ги со белка и попрскајте ги со сусам. Преферирам кифлите да ги мачкам со белка или вода затоа што јајвето, иако му дава убава боја, може да даде многу силен вкус на кифличките. Ставете ги да се печат во рерна загрена на 250 целзиусови степени, околу 30-35 минути, а може и повеќе, во зависност од вашата рерна. Кога ќе бидат печени, покријте ги со крпа, оставете ги неколку минути и потоа се спремни за дегустација Ps. Receptov i narednite, mi se prevzemeni od sajtot http://chasovipogotvenje.blogspot.com/2 ... st_02.html Otvorete go, i original ke go najdete i mojot tekst i mnogu drugi idejni resenija, proprateni so fotografii od prigotvuvanjeto i izvinete za fontov imam problem so mak podrska nekogas
*Моцарт бомбици Потребно е: 200 гр марципан 50 гр мелени ф’стаци 70 гр нугат (100 гр нутела и 60 гр мелени лешници) 100 гр темно чоколадо Подготовка: Марципанот поделете го на два еднакви дела и во едниот дел ставете ги мелените ф’стаци. Од нугатот направете помали топчињa. Направете помали вдлабнати плочки од двете врсти марципан. Во белата вдлабната плочка ставете топче нугат и прекријте ја со зелената вдлабната плочка.Вака подготвени, прелијте ги со растопено темно чоколадо и оставете ги да се исушат.
*Кока-кола мафини Потребно е: 500 мл кока-кола 120 гр какао 120 гр питер, на коцки 250 гр шеќер 100 гр кафеав шеќер 240 гр гр брашно 2 рамни лажички пециво 1 лажиче сол 2 јајца Подготовка: Рерната загрејте ја на 160 целзиусови степени. Калапите за мафини обложете ги со хартиени корпи за мафини и корпите намачкајте ги со путер, убаво. Во мало тенџерче ставете ги кока колата, какаото и путерот да се растопат. Кога ќе се соединат состојките, додадете го шеќерот и мешајте додека да се растопи. Тргнете од оган и оставете да се олади. Во сад на страна, изматете ги јајцата, лесно и додадете ги во оладената смеса со какао. Многу е важно да не избрзувате и да ги ставите јајцата во врелата или неоладена смеса, затоа што така тие ќе станат кајгана во какао смесата. измешајте ги сувите состојки (брашно, пециво, сол). Полека додавајте го брашното во течната смеса, без премногу мешање, туку лесно. Смесата претурете ја во калапите и не ги преполнувајте. Печете во загреаната рерна околу 20 минути, односно додека да бидат печени. Декорирајте ги со шлаг или по желба.
Купови со сирење и кајмак: 250 гр солени крекери 100 гр кајмак 2 варени јајца 150 гр топено сирење 100 гр сусам Се пржи сусамот. Се рендаат варените јајца и во нив се додава кајмакот и сирењето и се формира смеса. Смесата се става во готварски шприц и се нанесува на крекерите. Одозгора се нанесува сусамот. Се декорира со ротквичка и магдонос. Крекери со додаток: 18 округли солени крекери 250 гр сирење за мачкање 100 гр црни маслинки 1 лута феферонка 1 паштета од џигер (или по желба) маслиново масло лимон магдонос На маслинките им ги вадиме семките и ги додаваме во половина од сирењето заедно со маслиново масло и неколку капки лимон. Во другиот дел од сирењето се додава исецканата феферонка и малку маслиново масло. На паштетата се додава малку маслиново масло и сецкан магдонос. Сите три вида фил се ставаат во готварски шприц и се нанесуваат на крекерите. Може многу да се експериментира со декорациите и да се прават вкусови по желба. Со додаток на маслинки, краставичка, ленти пуштен лосос, пршута, кулен.... Златни топчиња од сирење: 30 гр остро брашно тип 300 250 гр ајдамер 50 гр лебни трошки 2 јајца 50 гр брашно 1 јајце зејтин сол и црн пипер Го рендаме кашкавалот и ги мешаме состојките со едно јајце. Потоа ги свалкуваме топчињата во јајце и лебни трошки и ги пржиме во поголема количина на масло. Сервираме со тартар сос. Солени сусам бомбици: 500 гр брашно 1 филџан кисело млеко 1 лажица шеќер 100 гр сусам 2 јајца 1 филџан зејтин 1 печиво 30 мл коњак 250 гр маргарин сол, црн пипер Во садот со брашно се додаваат печивото, шеќерот, маргаринот, коњакот, зејтинот и киселото млеко и се меси со раце. Се додава 1 јајце. Од второто јајце белката се става на страна, а жолчклата се додава во садот. Смесата се дели на пола. Од едната половина се развлекува кора, се сече и се формираат топчиња. Постапката се повторува и со останатиот дел од тестото. Белката се посолува и се амти со миксер, во неа ги потопоуваме топчињата, а потоа ги валкаме во сусам и ги редиме на тава за печење обложена со хартија. Се пече 30тина мин. на 200 степени.
ПОЛНЕТИ ДОМАТИ Домати 250гр сирење Магдонос 200гр шунка 125гр мајонез 1 варено јајце 1 кромид Маслинки Се ренда сирењето и кромидот,шунката се сецка на коцки.Се додава магдонос и мајонез. Со смесата се полнат доматите и се деккорираат со маслинка. Вака битребало да изгледаат доматите
За мене празниците имаат големо значење,бидејќи тогаш целото семејство се собира на прослава. Моето мени би изгледало вака: Новогодишна сарма Содржина: 1,5 кг. листови од кисела зелка 500 гр. мешано мелено месо 1,5 кг. чадени свински буткици, - може да користите и чадени свински ребра 100 гр. чадена сланина 1 пар чадени колбаси 100 гр. пршута 1 главица кромид 100 гр. ориз 1 лажица букова сол 3 кафени лажици црвен пипер 1 коцка за супа 1 лажица свинска маст масло за јадење сол и црн пипер. Откако ќе ги замотаме сите сарми, сатаваме во тенџере да се варат на тивок оган , негде околу три часа. Васина торта Пандишпан Се матат шест јајца,со шест лажици шеќер,се додаваат шест лажици ореви (ситно мелени) и четири лажици брашно,еден прашок за пециво и еден ванилин шеќер.Се пече на мрсна харија на голем плех на 200 степени.(во пандишпанот по желба може да се додаде кора од портокал) Фил Се матат 4 жолчки со 250 грама шеќер во прав на пареа.Се додава 100 грама стопена чоколада за готвење, сок од 1 портокал и рендана кора од портокал.Со 100 грама млеко се попаруваат 300 грама ореви и се додаваат во јајцата со шеќерот во прав,а потоа се додава 250грама путер и сето тоа добро се мати.Добро нека се олади,а потоа се брз пандишпанот се филува и повторно се остава да се олади за да филот убаво се стегне.Од останатите белки се прави шлаг и се филува тортата.