НОКАУТ е формиран 1997 година, а реоформиран во 2006 година. Причините поради кои бендот пред неколку години се распадна, сѐ уште се непознати за јавноста. Двајца членови од бендот на телевизија, вешто и дипломатски, времето кое не беа заедно, го дефинираа како "креативна пауза", што за доста луѓе е навистина смешно. Основачи на бендот се Владимир Крстевски – Франц и Никола Перевски – Пере кои како целосна формација функционираа заедно со Кирил Колемишевски (втор вокал) и Ацо Богдановски (перкусии). По неколку годишна пауза (2003-2006) Нокаут повторно се активираат во проширен и изменет состав. Покрај Франц и Пере влегуваат и членовите Благоја Антовски – тапани, Горјан Петровски – гитара, Бојан Перевски – перкусии, Борче Кузмановски – клавијатура, Виктор Николовски – бас гитара и Луај Реџепов – гитара. Имаат издадено два албуми: “Нокаут“ (1997) со продуцентот Дарко Димитров, и “До последен здив“ (2001) со продуцентите Анте Пецотиќ и Кристина Ковач. На нив се наоѓаат големите хитови “ABC“, “Фатална опсесија“, “Временска машина“, “Би се викал те сакам“, “Телефонскиот број не постои“, “Илјада причини за крај“, “Мене ми припаѓаш“ и многу други. Добитници се на наградите “Тинејџерска атракција“ во 1998, кога се и прогласени за “Група на годината“ две години по ред (1998, 1999). Во 2001 ја добиваат Златната Бубамара за Албум и престижната награда како композитор и текстописец “Grand Prix“ на официјалниот избор за Евровизија на Скопскиот фестивал во 2002 година со песната “Од нас зависи“ во изведба на Каролина Гочева. Учествувале во повеќе турнеи, издвојувајќи ги “Сакам Скопско“, “Македонски Телекомуникации“, “Мис на Македонија“, "B.U.perfume" итн... Еве неколку нивни песни: http://www.youtube.com/watch?v=1d0Vbi0IY1Q http://www.youtube.com/watch?v=YtgwrfTv ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Fgnfv_n2 ... re=related
Пред можеби повеќе од десет години, мајка ми во една прилика се сретнала со Кирил кој и го подарил нивното најново цеде „До последен здив“, нормално во оригинална верзија. И тоа можеби беше првото цеде кое го имавме. Се сеќавам колку многу го слушавме со сестра ми, а читајќи ги текстовите ги научивме сите на памет, од прва до последна. Фаворити ни беа „Мене ми припаѓаш“ и „Телефонскиот број не постои“ со перверзниот текст Сеуште ги слушам и жал ми е што не им отидов на свирката поради обврските што ги имав тој период. Одвреме навреме си ја пуштам „1000 причини за крај“ и снимката во живо каде ја пеат „Во бестрага“ со Игор Џамбазов Мелем за душа... http://www.youtube.com/watch?v=Tpdd_yhCNS8
Еден од малкуте квалитетни бендови во Македонија. Имаат прекрасни песни.Секој нивен стих изобилува со силна искреност и реалност. Посебно ми се допага тоа што нивната музика е опуштена и многу пријатна за слушање. Како омилени песни може да ги издвојам “Лебедот бел” и “Во бестрага”.
Искрено, Пере е движечкиот механизам во Нокаут. Дечкото е многу талентиран. Јас не верував, се додека немав можност да го запознаам и да видам како фунцкионира во студио. Секоја чест, значи има сенс за музика, за текст и не пее лошо. Тие старите песнички на Нокаут се помалку детски и чукнати, како Чадорче или Временска машина , но со годините бендот созреа и успеа да создаде квалитет. Многу ми се допаѓа анплагд концертот од МТВ1, ама кога им бевме оваа година на концерт, се разочарав. Звучеа одлично и енергијата беше предобра, ама имаше премногу гужва, а јас го замислував поинтимно и некако.... подруго. Оваа ми е најомилена песна: http://www.youtube.com/watch?v=mMGa-2z4NLg
Ете што фацки плука ЈБТ, ете А едниов член....уствари ај ќе си поќутам поарно Нокаут ме потсетуваат на некојси мрднат пубертетлиски период, кога креваш прсте горе и стартуваш временска машина И мене многу ми се допаѓа анплагд концертот но вака општо земено што знам, на музички план енигматични ми се дечкиве. Некако не можам да дадам строго мислење дали се вакви или онакви. За жал многу повеќе ми се врежани во главата како дечки кои ги знаете од негде, и потоа формирале група и ги збориш - ееееј абе тој тој и тој сега имаат група, ееееј! И толку И пред се ги памтам како дечките со пубертетлиски песни. Не можат да ми се избришат од главчето со таа слика...што да правам. Еј би си, уан, ту, три. Сакаш ли? Јас и ти? И слично
“Илјада причини за крај“ е дефинитивно мојот хит добри се, знам кога бев мала, на радио им ги чекав песните, па снимав абре циркус добар бенд се, не дека нешто уау гласовни способности, ама издржаа долго на нашата ни естрада
Ги обожавам дечкиве, се сеќавам и јас како Лудото пресреќна бев кога ќе ги начекав на телевизија, па после Татоооооо снимааааааај!!!!!!!! Би се викал ТЕ САКАМ е нешто феноменално што излегло од македонскава музичка индурстрија, ама мене најголем ќеф ми прави оваа: http://www.youtube.com/watch?v=hQSyTXix8Is P.S. А на Франц што ли му мислам.....
Ги обожавам. Имаат стварно одлични песни. Во последно време само тие ми се на плеј листата. Анплугд концертот ми е феноменален. 1000 причини за крај, лебедот бел, леат дождови, мене ми припаѓаш, би Се Викал ТЕ САКАМ, дождот- едни од најомилените. http://www.youtube.com/watch?v=Tpdd_yhC ... re=related Чиста десетка.
Франц, јел да? Ми има зборувано Александра, што ми предаваше Инглиш, за него. Јас седев во неговата клупа, коинциденција. Мене ми се супер дечкиве. Заедно со Ареа и уште некоја група, ми се поим за фината музика во Македонија што постоеше во 90-тите. И смешните, шарени спотови. Едино што, Нокаут продолжија со работа, колку-толку, па направија и анплагд концерт и така натаму... Скоро сите песнички им ги памтам, а и денес знам да си пуштам од дел од концертов што го има Старбакс постирано. Би се викал те сакам. Толку.
Како помала ми беа омилен бој бенд ,искрено јас и сега си ги слушам и си ги сакам ,често си умишљвам заедничка свирка помеѓу нив Игор Џ.и Брејк аууф која комбинација жива свирка и јас живо си потпевнувам и си подигрувам (дечко ми не го носам затоа што мисли дека единствена сум што ги сакам Нокаут ,многу ми е гајле ) Лебедот бел ја обожавам ,која емоција има во таа песна ,а UNPLUGGED на мтв уши ми шири кога ќе го дадат ....ко ќе речам јас ретро ,ретро ама мтв е боље од сител мител канали 5 ,6 не битно
Многу сум среќна што имаме ваков бенд, не гласичен поп, туку нешто како алтернативно, поинакво.. со самото тоа што се навраќаме на песните, знаеме дека вредат, и самите песни и изведувачите! Ги имате веќе ставено најубавите песни, со прекрасни текстови.. Омилена: Лебедот бел п.с.
C'est la vie, јас и ти! Па овие се поим за моето детство заедно со Магија, ПС, ИН и остали групи. Што знам, дали сум знаела и не, си ги сакав и сакам многу, интересни ритмови (иако често украдени песни), интересни текстови, епа интересни беа де. И така. За концертов, можда би отишла ако сум океј со пари ма да не верувам некако, пред НГ има 931928 концерти веќе, пари за фрлање колку сакаш. Моите омилени, па и најпопуларни: http://www.youtube.com/watch?v=f7664Um2Vb8 http://www.youtube.com/watch?v=hQSyTXix8Is http://www.youtube.com/watch?v=V4jmrUBV ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Y5sd9iHI ... re=related
Утре им е концертот на Нокаут. Ептен ми е криво што нема да одам. Убаво да си поминат сите што ќе одат, да сликнат некоја сликичка и ние овде да видеме како било. Јас ќе ги слушам на Youtube.
^ Не ветувам ништо, но бар ќе се потрудам да сликнам нешто со мојот ми жалче апарат. А импресии ќе ви пренесам, тоа ветувам
Хипи ајде кажувај како беше. Гледам снимки од концертот и се нервирам. Многу било убаво, имало полно луѓе. Ќе си пукнам шо не отидов. http://www.youtube.com/watch?v=JnrpZPhnsxA
Еве ме, кажувам Концертот го започнаа со мојата омилена Мене ми припаѓаш. Феноменални беа, имаше многу луѓе, преубава атмосфера, уста не затворив цел концерт од пеење. Сликнав демек нешто, нешто и малце снимав, ама не ми се префрлени на компјутер, а и како што тргнало ми се чини ќе ги префрлам после празниците, кога ќе се вратам од дома. Искрено, никој нема да ви свири и пее 3 часа за 300 денари. Досега најпаметно потрошените пари во мојот живот.
Е не можам да престанам да им ја слушам новата песна. Преубава. http://www.youtube.com/watch?v=rv4KaSHO8LU
Нокаут ја добија наградата ’Најдобар концерт‘ на ’Златна бубамара на популарноста‘. Сосема заслужено.