1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носталгија за едно југословенско минато

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Phyramide, 25 мај 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Инспирирана од денешниот ден и од спомени кои ги евоцираме со феминки кои многу добро се сеќаваат што беше Денот на младоста, решив да отворам ваква една тема која се надевам ќе наиде на позитивен одзив.

    Тема која ќе не потсети на животот во СФРЈ. А можеби и животот додека беше жив Тито. Какви се вашите спомени? И какви се вашите погледи?
    Мислам дека темава отвара интересна дебата дали од политички или некој друг социјален аспект.

    Што значеше за вас времето додека бевме сите Југословени, во братство и единство со другите народи?

    Ајде пионери и пионерки, да ве видам дали ви текнува на ова на пример :) А вие помлади генерации, како вие гледате на тоа време? Дали ете како некој кој не носел пионерска марама чуствата се можеби поинакви?

    Јас да си почнам прва, како вистински титов пионер 8)

    Прваче
    Прваче сум веќе
    вистина е цела,
    во жили ми тече
    крв Титовска врела

    Букварот го сакам
    со книгите дружам,
    на земјава родна
    верно ќе и служам
     
    На Strumfeta93, rossonerka, Theodora и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Родена сум '94, така што никаква врска немам со ова време освен нели, моите родители и сестра ми. :D
    Ама...морам да кажам дека голема антипатичност ми се имаше створено еден период од приказните кои ги слушав од ново на ново секој можен ден. |(

    Доаѓа дечкото на сестра ми кај нас дома, да се договорат за летување, плаќаше, што како и татко ми со цел памет само 5 мин одвај поразговара на таа тема и се префрли на времето во СФРЈ.
    Заклучок беше: татко ти е голем носталгичар кон Југославија.

    Ќе навлезам сега во политичките води повеќе од што сакам и требам, но...јас би сакала да биде се назад. На страна од тој режим кој бил воспоставен.
    Може слободно да се каже дека не знам ништо особено за тоа како било, но одредени работи ми го привлекле вниманието.
    Ни самата не можам да си објаснам зошто песната на Тату - Југославија ме има растажено и доведено до солзи.

    http://www.youtube.com/watch?v=k0Git1piHts&feature=related

    Ќе си дадам коментар само на тоа која сила била Југославија.
    Одам во Египет и на прашање од каде си? -Македонија.
    Те гледа бледо и ти вика каде е тоа? Што ќе кажам, викам ај ќе кажам близу Грција, дека нели позната земја, тие пак ме гледаат уште побледо.
    Баталуваш одговор на тој, и му викаш само Европа.
    Втор човек те прашува и мајка ми ми вели кажи Југославија.
    Само што реков Југославија, знаеја и каде живеам и се, промрчеа нешто на српски и ме завикаа Александар Македонски.
    Веднаш се разви дискусија околу спомен собата на Тито во центарот на Каиро и за прв пат имав чувство еј некој знае од каде сум, делумно.
     
    На ShawtyGIRL, 1209, Angelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Ех да можат да се вратат некои сегменти од тоа време, кога сите биле еднакви, сите работеле и имале еден среден живот и се знаело ред што е...

    А од политички аспект - има мнооогу за дискутирање, посебно ако се прави компарација меѓу денес и тогаш...
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Моите родители се страшни југо-носталгичари кои ми се смеат и не можат да сфатат како можам да утнувам падежи. :D
    Мајка ми чинам безброј пати ја има раскажано приказната како рекле дека Тито ќе помине по улицата, па требало да донесе стапче во училиште, за да се закачи знаменцето, па да му ги размафтуваат кога ќе помине во лимузината 8) , а баба ми и скинала едно криво гранче од дрвото, па оваа мојава излеала кофа солзи како Тито нема да ја сака, зашто дрвцето што го носи знамето - е побогу криво!
    :^)
    Па за пунџата на Јованка Броз, па мислам дека можам елегија да напишам за овој момент.
    Јадран - наше море.
    Кое наше мори жено, ниту тогаш било, нити ќе биде.

    Не ги фатив титовите пионерчиња, ниту марамите, ниту тоа време, можеби затоа се' ми изгледа смешно и туѓо.
    Вратата не се заклучувала никогаш, можело да се оди кај сакаш низ Балканов во било кое време, сите одевме на летување и - не е важно да е ново, важно е да е чисто и закрпено! :nod:

    Некое време имав аверзија и одбивност и кон српските филмови, кај нас Битката на Неретва, Козара, Бата Живојиновиќ и компанија се на ниво на светост ви се молам, нема закачање на истите.
    Кога има некој стар српски филм, не смее да се жугне, кога игра Србија на некое првенство - се навива за нив. |(

    Мислам глупости.
    Не ја сфаќам ју-носталгијата.
    Како да сфатам куп приказни од минатото по кои се копнее и плаче 25 и кусур години подоцна?
    Ама ми се допаѓа оваа песна, едно време и рингтон ми брмчеше. ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=7sMD6W0qhYk
     
    На Gora123, lolyta777 и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    ^ И бугарите кога доаѓале кај нас биле без скршен динар, а сега тука се чаталат. :D

    Во Грција се знае, оделе сите, а на Јадран воените лица!
    Па и воени станови имале. Не знам каде имале влез само таквите, ама било шема ако се влезе.

    Човек да заспие на клупа? -Ништо нема да му се случи, спокојно се прави што се сака.
     
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Ова е извадок од "ИНПРЕС"

    Денот на младоста, 25 мај, некогаш беше еден од најголемите празници на просторите на поранешна Југославија.
    Се славеше како роденден на Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на СФР Југославија. Се славеше младоста, заедништвото и љубовта.

    Големиот празник се прославувеше на 25. мај, иако според некои податоци „Маршалот“ бил роден на 7. мај. Секоја година колони весели младинци тргнуваа од своите градови од цела поранешна Југославија, заедно со штафетата кон Белград каде на стадионот на ЈНА на посебна церемонија таа му се предаваше на Тито, со желби за долг живот и добро здравје.

    Штафетата на младоста била воведена во 1945. година кога за прв пат тргна од Кумровец, родното место на Тито. Од тогаш, секоја година тргнуваше од друг град, од друга република. Се носеше и по неколку месеци и за младите луѓе кои од рака во рака ја предаваа трчајќи километри и километри со неа, била исклучителна чест да се учествува во една таква манифестација. На иницијатива на Тито, во 1957. година, целата манифестација беше наречена Ден на младоста.

    Со децении потоа, Денот на младоста беше празник кога се собираше младоста од целата поранешна држава.

    Јосип Броз Тито почина на 4. мај 1980. година во Љубљана. Последната штафета е предадена во 1987. година. Интересно е што таа беше направена од плексиглас и на неа симболично имало осум капки крв.... И навистина, не многу подоцна течеа реки крв на овие простори.

    Традиционално, неколку илјади лица денеска го посетија гробот на Јосип Броз Тито за да го одбележат неговиот роденден. Посетители од различни краишта на поранешна Југославија, од кои некои носеа црвени шалови и пееа песни од социјалистичката епоха, се сретнаа денеска во меморијалниот центар во Белград. (Крај)
     
    На ph.orhideja, Phyramide и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Се инашетавме поштено во тоа време...од Вардара па до Триглава.
    Дружба невидена.
    Секој четврток (скоро секој) зборно место - железничка станица 22:45.
    Колку само со исчекување чекавме тетката да каже - експресниот воз од Атина преку Скопје за Белград, Загреб е поставен на првиот колосек :)
    Се организираа младински средби, извиднички натпревари по цела ЈУ. Интересно беше ( и многу убаво) што нас Македонците сите не сакаа.
    Во целата слика за Братство и Единство, Словенците никогаш не се вклопија ... или не ги вклопувавме. Буквално се понашаа ко енглези ( самобендисани и неприфатени).

    п.с. Во тоа време да бидеш избрана за училишна претстава , да читаш некој реферат, облечена во плисирана сукњичка (теѓет), бела кошила и црвена марама беше вистинска радост.
     

    Прикачени фајлови:

    На ph.orhideja, zhap4e, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=-lB78Tals5w

    Не сум од Ју-носталгичарите, макар што бев од генерацијата последни титови пионери и макар сите околу мене се обидоа да ме отрујат со сите приказни за старите добри времиња, работните акции на моите, пријателите од едниот до другиот крај на Југославија.... сепак ас макар последен пионер ги пропуштив, пак и поради моите бубулици во газот да читам истории политики, чуда и врагови научив доволно да оформам свое мислење различно од она на моите.

    Имам неколку посебни спомени од моето детство, а кои се врзуваат со тоа време.
    Макар што бев тогаш прилично мала сепак се свежи се едно се случиле вчера и сум ги запомнила до најмалиот детаљ, веројатно поради силниот впечаток што ми го оставиле.
    Се почнува со моето прво патување во Бугарија и чудењето на моите родите за тоа што најдовме, т.е не најдовме во една огромна продавница во Софија, која буквално зјаеше празна со по неколку артикли на секој рафт. Пак продолжува со едно посебно убаво лето со моите на Јадран, кога уз пат се запознавме со неколку фамилии од други држави на Југославија па „уз пат“ и кај сите по дома свративме на кафе и ручек. Најдобриот пријател и колега од факултет на мојот татко, инаку Босанец, кој ни носеше километарски чоколади секое доаѓање и кај кого можеше да се тркне во секое време, како ене кај е Босна.... и завршуваат со еден прилично ружен ден, кога мојава мала глава сфати дека нешто не е како што било некогаш и прв пат разбра што е тоа војна.
    Е, тоа беше денот кога и татко ми прв пат го чув како вели ете ти крај на нашето братство и единство, а беше истиот ден кога изморени се вративме од Германија и на телевизија чувме како велат дека утрото го затвориле истиот тој пат по кој ние поминавме вечерта бидејќи војната се проширила. И тогаш разбрав зашто татко ми го послушал човекот на граница и не застана дури и кога го удрија човекот што покрај нашата кола возеше точак како луд, тогаш разбрав дека светките што ги гледав како летаат по небото не биле ѕвезди што паѓаат како што ми објаснуваше мајка ми, разбрав и зашто нејќеа ни да застанат за да одам во тоалетот покрај патот а ќе ми пукнеше стомакот пак им цмиздрев.
    Тоа е тоа, место да дрдорам за политиката ова е убаво објаснување за моето ју-сеќавање.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Еј, татко ми ме имаше пукнато со тие приказни, како одел во Бугарија без скршен денар со неколку фармерки на себе ги продавал и цели десет дена живеел и уживал ко Бог таму хахаха
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=sWaX0vZf ... re=related

    И еве како се славеше овај ден.

    http://www.youtube.com/watch?v=I6itsSnl ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=hsrNP3QD3YI

    А сега еден избор за песна на евровизија не можат да направат!!!

    Јас си бев Титов пионер. И уште си ги чувам, капчето, марамата и книшката. ЕЈјј колку гордо ја имам кажувано заклетвата:

    Денес кога станувам пионер давам цесен збор
    -дека ке учам и работам и дека ке бидам добар другар
    -дека ке ја сакам нашата татковина Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ)
    -дека ке го развивам братцтвото и единството и идеите за кои се борел Тито
    -дека ке ги ценам сите луге во светот кои ја сакаат слободата и мирот

    Се сеќавам дека во тоа време сите беа насмеани. Се сеќавам на сирените кои свиреа на 4 мај во 15.00 за да се обележи мигот кога починал Маршалот. И да, и јас се сеќавам дека не заклучувавме врата, дека сите бевме исти според имотната состојба. Се сеќавам на едно среќно време, кога имаше зошто да сонуваш за иднината. И за жал се сечавам на таа проклета 91 година која ни го сврти светот наглавачки. Жал ми е за генарациите кои не го дожеваа тоа време.
     
    На julie77, Strumfeta93, Theodora и 7 други им се допаѓа ова.
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Сите можеле во тоа време безбедно да шетаат каде сакаат, за разлика од денес, кога не знаеш на првото ќоше што ќе те снајде...Сите оделе по одмори, уживале, земале државни кредити, си ги реновирале куќите, купувале коли, јаделе, пиеле....Од политички аспект ќе споменам само едно нешто - ќе видев дали албанците ќе имаа вакви права како сега за да можат на сите на глава да им се качуваат и со подршка од Запад да прават што сакаат на Балканот...Југославија да не се распаднеше, Балканот немаше да биде протекторат на Западните земји и немаше да има вакви територијални реорганизации како денес...
     
    На TennisBabe и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Јас сум родена во СФРЈ ама не го паметам тој период бидејќи мала сум била! Пионерка не сум била,немам такво капче нити црвена марама :( !
    Дома кај мене повеќепати се дикутирало за тие убави времиња! Татко ми е тежок носталгичар за Југолсавија и често знае да направи споредба на ова што се случува денес и она што се случувало во времето на Тито! Кога веќе го спомнав Тито морам да кажам дека баба ми исто така многу му се дивеше на тој човек,па до последниот ден од нејзиниот живот си имаш слика од Тито и не дозволуваше да се тргне :lol:

    Кога разгледуваме слики од одмори често знае татко ми да каже,,е ова е на нашето море! јас: Егејското ли е? тато: Не бе Мина на Јадран е ова!,, :^)
    Споменуваа и некои ,,работни акции,, од тие времиња и многу убави спомени од истите акции!
    За песните пак ич муабет да не правам! Многу често се случува татко ми да дофрли(со мала доза на иронија): Слушате песни од нашето време, југословенски се тие песни! ;)
    И има уште многу муабети кои само ме терат да помислам дека можеби навистина тие времиња биле многу поубави од денешните!
    И за крај ќе ве поздравев со песната ,,Југословенка,, од Лепа Брена :lol: :D :rofl: ,ама ај оставам за наредна прилика!
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Се мислам дали да почнам да отварам стари рани спомнувајќи ги негативните страни на режимот на Тито - но ајде нема. Ајде да зборувам за времето кое јас го доживеав и го доживеав многу позитивно.
    А за политиката друг пат во друг пост :)

    Зошто сум носталгична? Затоа што иако отпрвин на вештачки начин сепак некако, магично се создаде приврзаност меѓу југословенските народи. Не велам дека нема такви кои не се чуствуваат блиски со некој само затоа што е од Подравска Слатина а тој од Суботица, но јас да ми простите се чуствувам многу пријатно кога некаде на пат ќе сретнам некој кого го разбирам и на кој можам да му кажам - па где си бре брате, пушка те убила - и тој истиот да не ме отера во три лепе :D
    Да, зборете ми што сакате, ама сигурна сум дека секој еден од вас имал ситуација кога бил некаде во странство и се сретнал со некој „наш“ и тогаш веќе не е битно дали сме ние од Македонија, тие од Босна, таа од Србија или тој од Хрватска. Сите сме - наши. И сигурно сте се почуствувале некако - како да сте дома :)

    Носталгична сум затоа што тоа беше време кога сите имаа гарантирана работа, кога светот ни беше отворен на дланка. Каде сакавме можевме да одиме. Тоа беше време кога југословенскиот пасош беше навистина почитуван. Тито ваков таков, ама ете, уште една работа ни среди во светот.
    Носталгична сум по задолжителните часови по српско-хрватски и словенечки. Секој јазик е за мене богатство и не ми е проблем да зборувам со Србите српски или со Хрватите хрватски. И не ми е понижување во стилот - а зошто тие не зборуваат македонски?! Што е битно. Плус што по баба сум Србинка така да апла не ми е тешко да си зборувам српски ниту ми претставува понижување :)

    Носталгична сум затоа што да, имавме море. Сакале нејќеле сме го имале. Затоа што сме биле една држава. Затоа што со едно скапано пегличе ја поминавме цела Југославија и кога татко ми беше уморен, застанавме некаде на пат пред Марибор за да одмориме. Тој го извади душекот и заспа покрај колата, покрај патот. И види чудо НИШТО не ни се случи.

    Форсирањето на една личност ми беше смешно, но не е битно. Битно бев среќна и имав убаво детство И благодарение на СФРЈ и режимот. И потоа се падна во вода, а јас сеуште се сеќавам на почетокот на војната како стаписано гледавме сите вести, а мене иако бев мала ми течеа солзи. Почеток на крајот а јас сеуште се сеќавам на горчливото чуство како да губам дел од себе.
     
    На Strumfeta93, Theodora, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Сепак има некој кој може темата да ми ја погоди.
    Знаете ли што значи да патиш за да си се родел неколку годинки порано? Е тоа јас го правам.
    Јас сум родена во Југославија, во ’87. И кога и да ме прашаше некој уште од детенце, велев дека сум југословенка.
    Колку ли само се замислував како Титов пионер, колку ли само се карав со директорката на училиштето да го врати тој чин во патрониот празник на моето основно училиште... Ќе окркаше некоја казна заради мене. :wasntme:
    Жал ми е што не бев. И се уште сакам, да не се разбереме погрешно. :!:
    Денот на младоста за мене претставува нешто поголемо од национален празник. Еве пример денес ќе славам, и нема да учам. :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=JzpRFAcGMUI

    Не било која Југославија, туку онаа за време на Тито. Го почитувам максимално. Настрана од балканските сфаќања за приватноста на човекот, го почитувам заради тоа што го направи за 6-те земји, најмногу за тоа што го направи за Македонија. Ме разбирате нели - тоа што бил тури-батали по светов не ме интересира, што имал деца повеќе од циганско племе... Не ни е битно на никој од нас.
    По неговата смрт, Југославија била граби и пукај.

    Зборовите на бабите, мама и тато како се живеело тогаш, ги сфаќам само како блага утеха дека нивното вчера може да биде наше подобро утре.
    Дека Југославија било се што му треба на еден човек со развиени чувства. Да има желба да работиш, дури и по 20 часа, не гледаш замор колку што чувствуваш задоволство да си ги видиш рацете црни и изморени... да легнеш на улица, утрото нема да се разбудиш ограбен или мртов, туку со ќебе покриен и заштитен...
    Да, сега има насилство, интерес, злоба, себичност. Не дека тогаш немало, ама се се држело под контрола.

    А за Македонија во рамки на Југославија, е тука има што да се каже. Кажав и претходно во еден пост - да не беше Тито, немаше и ние да постоиме. Колку што направил Тито за Македонија, не сторил ни Гоце, ни Филип, ни Коле и Бране ќе сторат.
    Зел една трошка земја преостаната од Македонија, поделена со Букурешкиот договор за да ја зачува, не да ја припои кон својата.

    Да се прашувам јас, назад во Југославија.
    Да се прашувам јас, да воскресне Тито.
    Да се прашувам јас, да оживее Голи Оток.

    Ќе рече некој дека сум многу комунистички настроена, но тоа е од аспект дека само таков режим, можел вакви диви племиња да заузда и претвори во добри луѓе, кои се држат до своето, се сакаат и си пружаат поддршка.

    http://www.youtube.com/watch?v=M0UvKkzqo9Q

    Вечна ти слава друже Тито! :bow:
    Вечна ти слава Југославијо. :bow:
     
    На TennisBabe, Strumfeta93, Theodora и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Денес кога станувам пионер
    даван чесен пионерски збор
    дека ќе учам и работам
    ќе ги почитувам родителите и постарите
    и ќе бидам добар другар...

    Вака некако идеше заклетвата што ја дадов кога станував пионер. Бев дел од последната пионерска генерација.
    Сеуште се сеќавам како се спремавме за целиот настап и поминувавме под знамиња, па идеше заклетвата, па песнички, стихотворби и рецитали...

    Не сум некој стратсен југоносталгичар, дете сум била, не памтам многу од тоа време.
    Сепак од она што постарите го раскажуваат, тоа било време:
    кога се одело на екскурзии низ Југославија,
    кога немало проблеми со визи, имаш црвен пасош и шибај,
    кога луѓето не се расправале за партии и не кукале дека нема работа, зошто имало
    кога ако ти се расипе колата на сред автопат првата кола што ќе помине ќе застане и ќе ти помогне, кога секое семејство можело да си дозволи одмор на море, каков-таков
    кога сите оделе на работни акции и на дружба
    и да, кога сите носевме облека од Наше дете и чевлички од Борово...

    Факт е дека тогаш подобро се живеело, скромно и среќно, меѓутоа било и поминало. Враќање назад нема. Како и да е, со задоволство ги слушам приказните од тоа време, кажани од постарите, па макар тоа било и по стоти пат.
    А во чест на денешниот ден ќе ви испеам и една песничка:

    Црвена марама околу вратот
    и титовка на глава имам
    црвена ѕвезда на капа стои
    денес е празниииик
    Републико милааааа. :$
     
    На Strumfeta93, ph.orhideja, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=gEUBKBuHZ4c

    Е ова беше Југославија. Не одевме во црква, не славевме празници како сега ама бевме поголеми верници. И уште нешто. Сегашнава ни власт која толку силно плука по комунизмот и по Југославија, нека се сети дека и тие беа деца од Југославија, школувани во Југославија , растени во Југославија. Да не беше Југославија немаше да бидат и они.
     
    На Strumfeta93, ph.orhideja, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    И сега те замислувам како се поклонуваш и почнуваш со рацете позади половина и со погледот вперен во некое лево или десно ќоше, нели? :D

    Мене ми текнува дека се шибаа кецови ако некој не дај Боже не знаеше каде е роден другарот Тито! Страшно! Бу!
    И се сеќавам дека Тито сите не гледа! :!:

    Предлагам да си го одбележиме 29 ноември на темава, како што прилега.

    Од носталгија не се живее но некогаш е забавно човек да се врати назад во времето.

    Еве една штафета која ја сликнав во музејот кога бев ;)

     

    Прикачени фајлови:

    • Stafeta.jpg
      Stafeta.jpg
      Големина на фајлот:
      198,7 KB
      Прегледи:
      368
    На Sweety-Tweety, ph.orhideja и lolyta777 им се допаѓа ова.
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    сликите говорат СЕ !!!!!!!!!
     

    Прикачени фајлови:

    • tito-2.jpg
      tito-2.jpg
      Големина на фајлот:
      219,4 KB
      Прегледи:
      362
    • tito-3.jpg
      tito-3.jpg
      Големина на фајлот:
      67,7 KB
      Прегледи:
      359
    • tito-4.jpg
      tito-4.jpg
      Големина на фајлот:
      194,9 KB
      Прегледи:
      360
    На ph.orhideja, Phyramide, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Последна генерација Титови пионери.
    Јас сум родена `81 год...како може да не се сеќавам на самата церемонија...ма тоа беше нешто прекрасно, 7 годишни дечиња со титовки на главчињата, со црвени марами и книшка во раце...па колку гордо само стоев додека ме сликаа. Имам сестра близначка, а инсистирав сама да се сликам...гордо со капчето и книшката на чело..

    Жалам и тагувам за тоа време...жалам затоа што тогаш имало за сите...немало строга поделба на богати и сиромашни, се имало за сите, сите работеле...Се ценел трудот, се ценел способноста...

    Е тоа време имало 1 или 2 првенци во генерација, заслужени 5-ки, немало сите петкаши и немало сите одлични во клас...па и 4-ка кога ќе се добиело се скокало до небо...имало вреднување на знаењето...а не денес- сите сме одлични, а немаме благе везе, ама тато е министер или има длабок џеб... :!:
    Секој можело да се запише на факултет, ама не и секој да дипломира...само најспособните, само талентираните...Немало државни квоти и партиципации, еднакви можности за сите..

    Жалам за тоа време затоа што од никој се можело да станеш некој, работа за секого, плата за секого, се можело да се купи плац и да се направи куќа од плата и К-15...Денес тоа е невозможно и да го замислиш, а камо ли да го оствариш...

    Се сеќавам и на слободното играње на уличка без страв дека некој би можел да те нападне, да те натепа, да те украде...трчај, играј цел ден...

    Работно време до 15ч, имаш време и за ручек, и за учење со деца и за играње и за шетање и за да се одмориш....а сега дома си во 17-18 ч што попрво...Жалам за тоа време...и ќе речам-тоа беа времиња...

    Се сеќавам на изреката Братство -Единство, се сеќавам и на наше море, на Бечичи,...се сеќавам и кога пред 6-7 год. бев на одмор во Бугарија и кога се запознавме со Пирочани ни рекоа-па ви сте наше бре!!! И не се устручаваме да зборуваме Српски, мешавме со Македонски, што би се рекло мало по мало д*кам поимове...ама баш беше интересно и се сеќавам колку само бевме смешни кога кршевме јазик...Македонски- каде , Српски- куда, а тие го мешаа со кад ( Македонски- кога...живии комедии додека се разбереме :lol: :D )

    Се сеќавам и на приказните на тато за штафетата на младоста, како сите чекале Тито да помине и да им мафне, на работните акции, се сеќавам и на приказните за ЈНА-задолжителна војска нема трте мрте, :muscle: устај војско!

    И морам да ги спомнам- Жикина династија, Тесна кожа, Хајде да се волимо, а од детските емисии-Полетарац и Бранко коцкица.
     
    На TennisBabe, Strumfeta93, Theodora и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Другарке Пирамидо,браво за темава.
    Јас сум родена 1980 год.На некои работи од тоа време убаво се сеќавам.Мајка ми и татко ми ја одложувале свадбата заради смртта на Другарот Тито,а неодамна баба ми претурајки низ стари работи,нашла тефтерче на татко ми од младоста(така сите си воделе некои дневници),и меѓудругото напишано :,,Прво попладне без Тито".
    Сум ,може и премногу југоносталгична.сигурно најголема улога имаат моите кои не воспитувале во тој дух,впрочем во тоа време и растевме.
    Можам да се распишувам на темава многу...
    Сега скоро бев на пат,по автопатот Братство-единство ,и не можевме да се изначудиме со маж ми ,која била таа енергија ,ентузијазам на младите луѓе во тоа време да градат патишта,пруги,се со љубов за татковината.
    И една случка од детството.Братучетка ми ме прашуваше,каде бевте на одмор,а ние со сестра ми, на Наше Море ,се знае.И братучетка ми,а вие имате море,мамо и јас сакам море.

    Можеме колку сакаме да го оспоруваме Тито и начинот на кој владеел.Но човек да држи народ од 22 милиони,да живеат сложно,различни култури,народи,народности,религии,племиња, и притоа сите да се еднакви, е богами на човекот треба да му се симне капа.

    И сега ми текнува рефренот:
    ,,Од Вардара па до Триглава
    Од Ѓердапа па до јадрана....

    Отидов јас ручек да правам,се враќам пак на темава...
     
    На Strumfeta93, Theodora, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.