1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Носталгија

Дискусија во 'Психологија' започната од Buddygirl, 7 јуни 2017.

  1. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво форумки ја отварам оваа тема да ја согледаме вредноста на овој збор што значи (силна тага, копнеж за нешто минато, неповратно).
    Носталгија…. многу присутна, интересна , но малку истражувана емоција. Нема кој не ја доживеал, освен најмалите, децата. Носталгијата е тајна која тешко може да се открие, во неа се собрани јаки чувства, сеќавања на некои убави спомени и убави моменти, драги личности или роднини од родниот крај, тага, меланхолија, и тивка радост. Носталгијата е чудна мешавина од повеќе емоции.
    Прашањето е колку често ве фака носталгија и за што најчесто.... еве мене ме фаќа за детството колку сакам само да го вратам назад уште еднаш да го погледнам светот низ розовите очила.....
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.118
    Допаѓања:
    76.397
    Пол:
    Женски
    Не сум многу носталгична но, кога ќе ме фатат тие моменти на носталгија, тоа најчесто е за детството, за играчките кои ги имав, за облеката која ја носев, за цртаните, емисиите, филмовите и сериите што ги гледав, за животот што го живеев тогаш и нештата за кои сонував. :)
     
    На prominent, teteks и Buddygirl им се допаѓа ова.
  3. teteks

    teteks Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    788
    Исто и јас.:sun:
     
  4. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Ме фаќа носталгија (оо, и тоа каква) за градот и факултетот во кој студирав, за колегите кои ги среќавав секојдневно и посебно една девојка која беше совршена. Иако знам дека ништо не можам да имам со неа, а ниту имав (ама барем знам колку-толку се обидов). Премногу ми фали, барем уште 2,3 месеци да се видиме на факултет. Ама, минато...кој може да го врати;(:(:(
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.933
    Пол:
    Женски
    Ме фаќа носталгија за студентските денови, за кафињата со колегите по паузите, за петочните излегувања, за заедничкото учење...Во тоа време мака ни беше учењето, испитите, домашните и семинарските а сега се би дала да можев барем на еден период повторно да поминев низ сето тоа.
     
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Многу носталгична личност сум.

    Носталгијата ја поврзувам со она чувство на измешана топлина, радост, но и неопислива механхолија за едни времиња што никогаш нема да се вратат.

    Некогаш и намерно сакам да потонам во светот на носталгијата. Се затворам сама во соба, пуштам музика што ме потсетува на некои убави, минати денови и си го враќам филмот.
    И фотографиите се тука како потсетник. И шишенцето од истрошениот парфем.
    Ги затворам очите и се навраќам, преку звуци, мириси и слики.
    И насмевки и солзи има тогаш.

    Солзите се истовремено и радосници и солзи од тага.
    Среќна сум што сум доживеала такви мигови, од друга страна ме убива помислата колку сме ние луѓето ранливи и немоќни пред времето.

    Затоа, да уживаме во моментите пред да станат само спомени.
     
    На Cosmic Girl, tina2018, Superlejdi27 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Јас не сум носталгична личност, но како времето поминува и како сфаќам дека изгледа никогаш повеќе нема да живеам со моите на исто место долго време како кога бев дете премногу се осеќам понекогаш лошо бидејќи нема да сме блиску за кога сакаме да се видиме.
     
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Ме фаќа носталгија за у школо.
    Сакам од почеток да тргнам 1-ва средно.
    У основно немав баш убави спомени. Али кога тргнав средно. Тие деца што ги запознав. Тие моменти. Тие шали. Тоа смеење. Тоа друштво. Рај беше за мене тоа. :D
    А сеа со короништево. Ми фали да станувам у 6 саат. Да бркам бусови. Да се бутам у гужви. Да каснам на часови. Да бегаме од часови.:rofl:
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    8.601
    Пол:
    Женски
    Најмногу сум носталгична за детството, посебно за периодот на новогодишните празници. Ме асоцира на собирање салфетки, мирис на кора од мандарини на печка, сијалички, колачи и топли прегратки. Другото (било што) не допира до мене.