Здраво девојки како сте? Ме интересира вашето мислење за ноќниот живот во Скопје Мене искрено ич не ми се допаѓа , имам 21 година и веќе здосадено ми е од излегувања, (не баш здосадено туку нема каде да се излегува) секој ден иста шема се исто... и со ова турбо фолков морам да ви кажам дека не утепаа скроз ... наместо да носат од познативе ѕвезди концети да прават, они секој викенд едни те исти српски певаљки ни носат ... Што ви се допаѓа / Што не ви се допаѓа ? Поздрав!
Ноќниот Живот во Скопје Се ми е веќе изживеано. Нема свежина во ноќниот живот, тоа па тоа. Кеј, кафани, чаршија, Миднајт, Б2, 69. Дајте луѓе измислете нешто ново. Одвај чекам плаживе да ги отворат, да смениме малку
дали знаете на кои веб страни си ставаат сликите од дикотеките освен на кадевечер и зазабава?? незнам кај да ја најдам сликата што не сликаа во петоков :/
Ноќниот живот во Скопје ? КОЈ живот ?дај ти се молам .Да се изјаснам НЕМА ноќен живот ,не барем како што јас го посакувам.Во суштина Ск е сепак најголем град и најмногуброен во МКД но како да нема млади луѓе кога е викенд .. Премногу шаблонски се функционира истите дискотеки се со годни ништо ново естетски направено ,барем 1 пена парти .За музиката ајде де ,тоа е индивидуално но сепак за 1 добар и модерен клуб не треба да си дозволи тешка комерцијала и шабанерија од СФРЈ- .Летово го посетив клубот колосеум зарем е можно ,се разочарав тотално .Клубот кој што ги направи нај убавите техно забави,ги донесе нај добрите дј , дојде ред да биде задно тркало на ноќен живот во Скопје.А и да си кажам дека сме мн кафански народ .Па добро де до кога со таа земјоделската музика п.м.Само се чудам од каде изникнуваат толку мн луѓе на дешавки како Пиво ленд ов .Мислам секоја почит за музиката и баш сум задоволен што не е копија на Цигански вашар (панаѓур) со земјоделска музика и трубачи .Вчера така си уживав и случајно 1 муабет ми улета од 1 група,како тоа дека ако имало турбо Шљок ке се испиело повеќе .А бе ГРЕВОВИ си мислам ,ако не ви одговара одете си во некоја биртиичка не туку прајте гужва тука и така не сте дојдени да уживате што се мачите ,или ви годи пивцето па само сте дојдени да мрчите .Секоја чест за настаните како бела ноќ,пиволенд ,итн итн .Вистински знаат да ги направат убаво АКО сакаат
Цитирам само за едно нешто, не знам дали беше на пена парти-то минатата недела во Бариста (јас не бев), ама другарките ми кажуваа дека било хаос.Гужва, топло и пена имало две минути само.Другар еден баш кажуваше како се живо од планиниве се симнало во градов, сите се попалиле и почнале да се тепаат за да стигнат до пената Значи, ни таа една единствена пена парти што ја имавме во градов не поминала како што треба зошто ние не знаеме како да се однесуваме на таквите дешаванки За целовкупниот ноќен живот во Скопје немам ни посебно негативно, а ни позитивно мислење.Тоа е, што е.Знам каде ми се оди, знам и каде одат луѓето што сакам да ги видам, а каде луѓето што сакам да ги избегнам.Кажав во една друга тема, во дискотеки престанав да одам, засега барем, зошто последните два пати кога бев ич не ми се свиѓаше.Кафани никогаш не сум посетувала, па нема ни сега.Си имам одбрано кафичи што ми се свиѓаат и ресторани каде што има добра храна.Настаниве како Баскерфест, Пиволенд, итн. се супер и треба почесто да се прават, иако мислам дека обезбедувањето треба да е позасилено додека се одвиваат... :geek:
Оф и јас го имам истиот проблем. Знам пред некое време бев излезена во стоби и има 2ца што сликаат. Едниот е од кадевечер, а другиот немам поима од каде е. Се сликав тогаш никаде сликите неможам да ги најдам. Синоќа исто во стоби беа двајцата таму пак неможам сликите да ги најдам проверив на зазабава, i'macedonia, урбантајм, персонхх, кадевечер и ги нема. Да не знаете каде на др место би можеле да се?
Додека се има пари ќе има и ноќен живот. Ако немаш пари ќе си седиш дома. Корона трае они си шетаат си уживаат по кафичи и ред други збирни места. Собирајте се што да ви речам. Македонија прва кај што не треба.
По сите новонастанати ситуации и коментарите на социјалните мрежи изгледа ноќниот живот тука е на едно многу безвезе ниво. Дали има Скопје безбедни локали каде има добри забави, по нормални цени и со добра услуга? Кога последен пат сте излегле за викенд? Каде излегуваат тинејџери/студенти? Колку од локалите имаат добра музика, убава атмосфера и пробуваат да разбијат монотонија? Дали се сведовме на повеќе ресторан/кафана култура или тоа е до годините?
Ноќниот живот е невиден ужас. Само шабанарија се пушта насекаде, дискотеките се катастрофа. Не сум отишла од пред корона во дискотеките, иживеана работа ми е ноќниот живот тука. Дискотеките во странство и тоа што тука се нуди се небо и земја.
Уште една разлика помеѓу дискотеките во странство и дискотеките овде се луѓето. Дискотекиве кај нас како по обичај не се дискотеки туку модни писти за луѓето да бидат видени, тоа е таа малограѓанштина што излегува на површина. Ќе се пицнат и ќе влезат во диско, ќе испијат 2 пијачки, ќе свртат два круга и ќе си отидат. Што би рекол еден Холанѓанец во едно диско во Скопје - "Man why aren't the people dancing here? They just hold their phone in one hand and their drink in the other hand." Далеко е Европа.
Jas imam istencen vkus za muzika i odam samo na odredeni mesta so odredena muzika, Skopje ima alternativa, samo treba da znaes kade da ja najdes
Точно се согласувам, има алтернатива и ја во тие кругови се движам, ама за жал и алтернативата не е тоа шо беше, а и доста скапа почна да биде...