1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нумерологија - предодредени ли сте за пари?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 18 јули 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Имате ли лесна рака за пари или пак цел живот ќе се обидувате да дојдете до некој денар повеќе бидејќи парите едноставно ви се лизгаат низ раце? Според нумерлошкото толкување на денот на раѓање можете да дознаете дали судбината ве предодредила да бидете добри со финансиите.


    За да дознаете кои се броевите кои што влијаат врз вашата материјална состојба најпрвин треба да ги пресметате судбинскиот број и бројот на раѓањето така што ќе добиете едноцифрен број.

    Пресметување судбински број

    Се пресметува така што се собираат сите броеви од датумот на раѓањето. На пример ако сте родени на 9.04.1975 вашиот број е еднаков на 9+4+1+9+7+5 односно 35 или 3+5 = 8.

    Личниот број пак во овој случај е 9. Доколку личноста е родена на друг датум, да речеме 16 тогаш личниот број е 7.

    Откако сте ги пресметале вашите броеви прочитајте ја својата комбинација.

    Број 1

    Ако некој од вашите броеви е 1, тогаш во текот на животот најверојатно ќе имате финансиска предност пред другите луѓе. Еден е енергијата на новите почетоци, па често ќе се наоѓате во ситуации кога ќе започнувате нови нешта. Бројот сугерира дека личноста нема да биде склона кон долгови и ќе има тенденција да го зголемува своето богатство. Единиците се одлични лидери кои најчесто се полни со пари, но не секогаш имаат време да уживаат во своето богатство оставајќи им го на своите роднини и пријатели тоа задоволство.

    Број 2

    Овој број е еден од оние броеви кои најмалку имаат среќа кога станува збор за парите. Два не рефлектира материјално богатство бидејќи секогаш ги поставува потребите на другите пред своите. Луѓето кои се под влијание на двојката не ретко се толку дарежливи што на крајот остануваат без скршен денар. Сакаат луксуз, па не ретко може да западнат во долгови доколку го преминат дозволениот лимит.

    Број 3

    Тројките имаат одлична вибрација за правење пари, но проблемот е во нивното трошење. Изгледа дека штедењето не е им е силна страна. Треба да внимаваат со парите затоа што колку и да се богати, може да им се случи од еден момент да изгубат сè. Лесно закрепнуваат од тешки финансиски кризи.

    Број 4

    Луѓето кои се под влијание на бројот 4 не се класифицираат во групата на сиромашни, но мора да работат многу напорно за да го добијат она што го сакаат. Без потребната дисциплина четворките лесно може да се најдат во незавидна финансиска состојба. Најдобро се снаоѓаат во областа на инвестициите.

    Број 5

    Петките се одлични во бизнис водите. Остануваат организирани и фокусирани во рамките на својот буџет и шират добра волја. Секогаш имаат став дека парите се за трошење, па токму затоа Космосот ги наградува со уште поголемо богатство.

    Број 6

    Ова е број на изобилството, па овие луѓе понекогаш наследуваат многу пари или пак добиваат финансии преку семејството. Најчесто се успешни во сè што ќе започнат и немаат проблем со акумулирање на богатство. Во животот никогаш немаат големи осцилации на финансиско поле.

    Број 7

    Ексцентричен број кој многу ретко е загрижен за монетарната страна на секојдневието. Овие луѓе ја имаат таа среќа од една навидум сосема обична идеја да направат големи пари. Лошата страна е што имаат обичај да го наталожуваат богатството или пак да го користат на безначајни нешта.

    Број 8

    Осум или бројот на кармата симболизира дека личноста е предодредена за голем успех, но и за голема загуба. Колку повеќе трошат, толку повеќе имаат. За нив важи златното правило дека парите се лепат на пари. Знаат како да трошат и да создадат луксуз.

    Број 9

    Последниот едноцифрен број само по себе привлекува пари или поточно кажано го има чувството за бизнис. Ова е број на хуманитарните луѓе кои освен тоа што имаат многу пари, секогаш даваат на другите луѓе со цел да помогнат или пак да олеснат нечиј живот.

    Да додадам јас, пресметувањето се врши се дури се добие едноцифрен број. Ако испадне дека нумеролошкиот број и личниот даваат двоцифрен значи се собираат двете цифри од бројот и се добива едноцифрен.
    Уживајте во забавата :)
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Јас сум 4ка. Се надевам дека ќе имам повеќе среќа од тоа што нумерологијата ми го предвидува :D
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Ова и на ФБ го има, само доста по опширно пишувано.
    Многу ме мотивира бројкава и значењето :lol: , макар и не било точно, ми дава некој оптимизам, иако сега сум далеку од успех и големи пари, се надевам во иднина дека ќе ги направам.
    Сакам пари, луксуз, убав живот, но сакам и да помагам на други.
    А па мм ми е 2, секогаш ги става потребите на другите пред неговите и затоа слаб би бил со пари. Оф бре со мене осмицата, никогаш нема да му недостигаат :* :rofl: јас ќе бидам маниробот, ќе трошам ама дупло ќе создавам, ќе ги перам, прљам па пак ќе ги перам и сушам, цело време ќе бидат во оптек, ќе се вртат во центрифугата.
     
  4. Beaty

    Beaty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    294
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Фино,фино.И уште да е вистина би било добро :D
     
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Се надевам дека така ќе биде :)
     
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    :D Камо да е вака...
     
  7. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    како се пресметува личниот број?
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Нумеролошкиот број ти е објаснето горе, ги собираш датумот, месецот и годината и тоа ако е 3.3.1993 собираш 3+3+1+9+9+3 се дур добиеш едноцифрен број ... додека личниот број е датумот на раѓање и тој е 3 нели. Е ги собираш нумеролошкиот и личниот на крај и добиваш резултат. И личниот број ако е двоцифрен собираш двете цифри да добиеш една. Сфати? :)
     
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Е скроз ми е погодено :x
    Ова некој што ме познава го пишувал или?
    :D

     
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Број 5
    Петките се одлични во бизнис водите. Остануваат организирани и фокусирани во рамките на својот буџет и шират добра волја. Секогаш имаат став дека парите се за трошење, па токму затоа Космосот ги наградува со уште поголемо богатство.


    Апсолутно, болдираното.
     
  11. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Број 1
    Ако некој од вашите броеви е 1, тогаш во текот на животот најверојатно ќе имате финансиска предност пред другите луѓе. Еден е енергијата на новите почетоци, па често ќе се наоѓате во ситуации кога ќе започнувате нови нешта. Бројот сугерира дека личноста нема да биде склона кон долгови и ќе има тенденција да го зголемува своето богатство. Единиците се одлични лидери кои најчесто се полни со пари, но не секогаш имаат време да уживаат во своето богатство оставајќи им го на своите роднини и пријатели тоа задоволство.
     
  12. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Број 1

    Ако некој од вашите броеви е 1, тогаш во текот на животот најверојатно ќе имате финансиска предност пред другите луѓе. Еден е енергијата на новите почетоци, па често ќе се наоѓате во ситуации кога ќе започнувате нови нешта. Бројот сугерира дека личноста нема да биде склона кон долгови и ќе има тенденција да го зголемува своето богатство. Единиците се одлични лидери кои најчесто се полни со пари, но не секогаш имаат време да уживаат во своето богатство оставајќи им го на своите роднини и пријатели тоа задоволство.

    May I press the like button? :devil: :D
     
  13. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Број 7

    Ексцентричен број кој многу ретко е загрижен за монетарната страна на секојдневието. Овие луѓе ја имаат таа среќа од една навидум сосема обична идеја да направат големи пари. Лошата страна е што имаат обичај да го наталожуваат богатството или пак да го користат на безначајни нешта.

    п.с ти благодарам julie77
     
  14. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Број 2

    Овој број е еден од оние броеви кои најмалку имаат среќа кога станува збор за парите. Два не рефлектира материјално богатство бидејќи секогаш ги поставува потребите на другите пред своите. Луѓето кои се под влијание на двојката не ретко се толку дарежливи што на крајот остануваат без скршен денар. Сакаат луксуз, па не ретко може да западнат во долгови доколку го преминат дозволениот лимит.

    :rofl: :rofl: :rofl: не е се точно
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Јас сум 4 и сега се разочарав хааха :lol: :lol:
     
  16. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Хмм.. :?:
     
  17. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    71
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Број 4

    Луѓето кои се под влијание на бројот 4 не се класифицираат во групата на сиромашни, но мора да работат многу напорно за да го добијат она што го сакаат. Без потребната дисциплина четворките лесно може да се најдат во незавидна финансиска состојба. Најдобро се снаоѓаат во областа на инвестициите. :) :)
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    Мене вкупниот збир ми идет двоциферн 10 и како да пресмета, 1+0 еднакво на 1?
    Ако е така убав број :D

    Ако некој од вашите броеви е 1, тогаш во текот на животот најверојатно ќе имате финансиска предност пред другите луѓе. Еден е енергијата на новите почетоци, па често ќе се наоѓате во ситуации кога ќе започнувате нови нешта. Бројот сугерира дека личноста нема да биде склона кон долгови и ќе има тенденција да го зголемува своето богатство. Единиците се одлични лидери кои најчесто се полни со пари, но не секогаш имаат време да уживаат во своето богатство оставајќи им го на своите роднини и пријатели тоа задоволство.
     
  19. Girl.002

    Girl.002 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    1+1+7+1+9+9+7=35=3+5=8 :)
     
  20. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Нумеролигија - предодредени ли сте за пари?

    :D