Темава е поврзана со нашата исхрана и тенденциите истата да биде здрава, поради што е и сместена во категоријата Диети. Да создадеме едно место каде што ќе прашуваме и наоѓаме одговори во врска со „суштината“ на она што го внесуваме во организмот: броење калории, внесување масти, јагленихидрати, витамини, минерали... Колку калории има во она што сакаме да го јадеме или пиеме, кои витамини ги внесуваме со конзумирањето итн. Се надевам дека ќе ни биде од помош во борбата со вишокот или недостатокот на килограми и слабиот имунолошки систем на организмот.
Ај јас да скршам лед. Значи во последно време хит ми се коктели од блендирано овошје. По што сум дупка со нутритивни вредности ај да ме просветлите колку калории ќе има отприлика во едно коктелче од една банана,едно киви и 3-4 јаготки. Без млеко или јогурт, само овошјето и лед. Спојлер Патем кажано превкусно е..
Епа, во една банана има околу 100 калории (зависи од големината) , во 3/4 јагоди има од 20-25 калории и во една кива има најмногу 50 калории. Нема врска калорииве, здраво е