Здраво членки. Мислам дека ваква тема нема. Ме интересира дали вашиот дом е обезбеден со камери, и дали станува збор за обезбедување на видео надзор преку некоја компанија, или пак сами си ги имате поставено камерите? Од која камера сте најмногу задоволни да дадете препорака.
Здраво, јас за брзо време ќе правам свадба, па бидејќи нема кој да остане дома а не ми се остава така, дали некој организирал обезбедување да му обезбедува дома, само тој ден?
Обезбедени сме преку перпертум мобилен. Сите сензори, аларми, камери се нивни. Да, ние. Те интересира нешто поконкретно?
Сме викале од различни обезбедување, последно од Никоб имавме, мислам дека по 2000ден за 12ч од човек. Сепак за цена и саати ќе си се договорите, можеш и приватно обезбедување да ангажираш. Ќе се договориш колку луѓе, дали да патролираат надвор, внатре, и надвор и внатре..
Камерите нема да ти го заштитат станот, што дека ќе снимиш некојси лик што ќе ти провали? Нити на суд е доказ ни полиција ќе го најде, и ако е маскиран па никако. Џабе снимката. А и самото ставање камери е некој знак за арамиите дека имаш нешто вредно дома. Мислам дека аларм е поефективна заштита за да го спречи воопшто да влезе некаде натрапникот. Кога ќе згрми аларм никој не би влегол да ограбува на раат.
После 3 пати ограбување на викендичката, поставив 9 камери со сензори за движење и алармен систем. Со 24/7 пренос на телефон и 1 TB хард диск Не ми се преку агенција за обезбедување. Камерите се.... 4K Full-Color HDCVI Bullet Camera DAHUA DH-HAC-HFW1809TLM-A-LED-0280B
Ти благодарам, се јавив во Оса, 3500 ми рекоа за 12 часа.. премногу ми се виде. Ке пробам и во Никоб.
Снимката ( не дај боже) не можеш легално да ја искористиш ( за идентификација , евентулано судење ). Можеш да си гледаш и ако одлучиш да ја земеш правдата во свои раце.
Не е важна камерата , кој колку пари вложи таков квалитет ќе добие , проблемот е што со снимениот материјал, неупотреблив е !
Јас сакам да си ставам камера дома за домашните, ама незнам како да го изведам тоа без да приметат. Сега брзо ми се скрши стаклото од параванот незнам од што, ние седиме сега Скопје, одиме дома, отварам купатилото лом со стакло, свекрва ми ми вели демек од ветер, а викнав мајстор да ми измери само едната врата се скршила, ми вели нема шанси од каде од ветер внатре, се сомневам дека е внук му на мм, може пијан бил и несакајќи го скршил, ама нека кажат, извинете, се распишував, ама од тој аспект сакам камера, овие по нет што ги нудат какви се? Сам си ги приклучуваш, ама колку што знам нели мора преку некоја компанија и да платиш за приклучок и плус месечно да си плаќаш.
Камерите снимаат само во мој имот и снимаат за мое задоволство. Да кога сакам пуштам и видам како е, да премотам наназад.. И да се активира алармот ако има некое движење..а алармот кога го тестиравме се слушаше во радиус од скоро 1км.. Објектот е даден под закуп на правно лице (мое) и Правното лице има право да си врши надзор во неговиот имот. Одбележано е на сите страни дека објектот е под видео надзор и тоа е тоа..
Потполно погрешно. Обично тие што монтираат камери не кажуваат како треба затоа што сакаат да продадат а и веројатно малку од нив знаат. И не може секој како сака да прави видео надзор. има правила и прописи кој никој не ги почитува и тоа нема врска дали е на ваш имот. Законот никој не го почитува , па како сите така и вие.
И те како може да се постави камера за надзор и да се користи. Повели постирај член од законот кој тоа го пропишува поинаку Мислењето за поставување на видеонадзор беше добиено од дирекција за заштита на лични податоци, според нив нема апсолутно ништо погрешно во поставеноста на моите камери, начинот на чување на снимките (заклучени во посебно метално сандаче до 30 дена), контролата и аголот на снимање.
Камери и аларм ставаш за да не влезат, а ако имаш вредно нешто ставаш во сеф од банка богат човек знае како се чуваат пари и злато и дијаманти Кога сензорот почнува да работи, кога ти имаш аларм, одма тргнува кон твојот дом мобилна екипа која по договор треба за 3 мин да е кај тебе. За една вечер не би викала обезбедување, ќе ја викнам свекрва ми да спие таму Едит- камерата не е доволно ама судот може да ја види
Безбедносен сертификат се дава само на лица по принципот Потребно да знае Најчесто се однесува на класифицирани информации и се издава на луѓе кои работат во државни органи, а не на такви кои имаат камери дома. Нема врска безбедносниот сертификат со поставување на камери.
1.Се работи за фирмаа. треба да има Офицер за врска со безбедносен сертификат и да управува со снимките 2. Снимките идат на мобилен уред , преку CLOUD или преку DYNDNS ( или некоја таква услуга) . Каде е CLOUD-от хостиран ? По EU регулатива треба на европски сервер, по наш закон треба да е хостиран во МКД. Дали преку мобилен може да направи download или само може да гледа ? 3 . Многу работи има кога се камери во прашање 4 . Тоа што неписмените од заштита на податоци дале некое ливче не значи дека си легален 5. и последно .. Никој не почитува закон , према тоа ТЕРАЈТЕ
Имам камери, сами поставивме. Не ми е за пари да чувам, пари така не се чуваат, туку ете ако некој се обиде, да гледам кој е или ако прави штета на имот, да видиме. Аларм, сензори ни се наредни, камерите не ми се доволни, а се зезнавме, ставивме без сензори.
Може некој ке зnае Инсталацијата за каблите за камерите sе ставаат внатрешно во ѕидот? Кои се добри и квалитетни камери