Обележувач за книга (букмаркер)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissChievous, 5 ноември 2023.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.213
    Имам неколку класични бележници за книга, меѓутоа поголемиот дел од времето користам други нешта за одбележување на страната до каде последен пат сум застанала со читање.

    Моментално користам еден кој го добив како подарок од American Corner:

    20231104_085338.jpg 20231104_085406.jpg


    Дали користите класичен букмаркер или пак го ставате во книгата првото нешто што ќе ви се најде при рака?

    Кој ви е омилен букмаркер?

    Кој е вашиот моментален букмаркер?
     
    На SV1911 и poi им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.843
    Пол:
    Женски
    Не користам букмаркер, само ја подвиткувам малку страницата до каде што сум. Нема штета. :D Порачав од Алиекспрес два, ми се видоа слатки а и евтини, ама не ми стигнаа, ми ги вратија парите. Некои книги ми се купени со букмаркер со самата книга што си иде, ама не ги користам тие за други книги.
     
  3. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Баш деновиве се мислев за ова, ми треба некој сладок бележник, гледав нешто како инспирација, па најверојатно ќе си направам сама. Инаку до сега или користам така што одат со книгите или што ќе најдам. Како некој што чита 5 книги неделно дефинитивно ми треба убав бележник.
     
  4. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    @devojceto_so_knigite прави најубави бележници, мојот е персонализиран од тие со име и стварно е пресладок :inlove: Погледнете на инстаграм, има различни производи

    Едит: Мојот е од овој модел. Малку е подебел, но е навистина супер.
    Screenshot_20231105_193850_Instagram.jpg
     
    На SunnyGirl2, MeowMeow, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Секогаш ставам обележувач и ме нервира кога книгите доаѓаат со свој букмаркер зашто сакам да си користам мој, поубав. :D

    Во моментов, за последнава книга што ја почнав ми се најде при рака еден со The Snow Queen, го добив со некоја нарачка од Bookdepository. Најлево на сликата.
    o309mtvuJYNQ.jpg

    Најчесто си ги правам сама, ги цртам со акварел, или ако ме мрзи си наоѓам на Пинтерест некои интересни дезени и си ги печатам на подебела хартија.

    Ако веќе купувам, тогаш изборот секогаш паѓа на книжарница Литература. Имаат едни со слики од познати уметници, има едиција со градови, друга со мачки и прекрасни се. Хартијата е дебела и малку текстурирана. Воопшто не се уништени а ги имам долго време.
    Овие со мачки ми се омилени. :inlove:
    upload_2023-11-5_21-14-7.png
     
    На *Ench@nted*, SV1911, piglet1 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    5.125
    Пол:
    Женски
    Користам секогаш. Имам едно 20тина порачано од Алиекспрес. Повеќето се хартиени, меѓутоа имам и како метални.

    Баш ќе побарам и нешто ново.

    Кога купувам книги лично за мене, а немаат во нив бележник, обавезно ставам мој и го оставам во книгата бидејќи често се менуваме со роднини.
     
  7. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    2.673
    Пол:
    Женски
    Еве моја супер идеја, јас ако немам со книгата, си ставам етикета од алишта (детски) или карта од кино, зоолошка.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.576
    Допаѓања:
    40.004
    Пол:
    Женски
    Секогаш користам. Не можам да смислам да подвиткувам страници и да уништувам книги.
    Имам еден метален од алиекспрес, но ако не ми е при рака ставам буквално што ми дојденпри рака, фискална, влезница, 10 денарка... :rofl:
     
    На SV1911, NoirSerpentine, piglet1 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Имам вакви, одеа заедно со некои книги што ги купив, ама не ги користам и ги гледам како вишок, помнам на која страница сум застанала. А и повеќе читам електронски.
     
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    39.397
    Пол:
    Машки
    Доколку има книгата, го користам тој. Оние што немаат, најчесто ставам лист од нотес кој не е леплив. Го виткам на пола и запишувам датум кога сум застанал со читање, и некои детали.

    Најчесто читам неколку книги напоредно. А има и такви што ги влечам со месеци, каде што главите не се поврзани меѓусебе толку, т.е. нема приказна за да би се изгубила поентата.

    Ете, на пример моментално ја читам Quantum Theory од Max Planck веќе неколку месеци. Тешка е, споро оди читањето, треба и да се запишуваат некои работи, и овака со нотеси највеќе ми одговара.

    Никогаш не би подвиткувал листови. Да можам, не би ja ни отворал книгата. Жал ми е кога ќе ја завршам, и ја гледам таква "прекршена", не затворена перфектно, како кога е нова.
     
    На SV1911, Кена Рис, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, моментално во книгата што ја читам има ханзапласт како букмарк. :D
     
    На Mumoftwo30, MeowMeow и Emotional123 им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.642
    Допаѓања:
    176.951
    Ќерка ми има еден самоправечки од градинка. Дури и пластифициран е:)

    Мојот- децениски сопатник, вака некако изгледа
    upload_2023-11-6_18-17-49.png
     
    На SV1911, Mumoftwo30, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.797
    Пол:
    Женски
    Доколку има во книгата, го користам тој.
    Доколку нема, ставам лист од тетратка или молив. :D
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Имам дома еден куп на букмаркери собрани низ годините што од нови книги, што од bookdepository и дел купени, ама искрено немав некој омилен, кој ми дојдеше до рака тој го ставав. И покрај купот букмаркери често знаев да пикнам и нешто што ми дошло при рака како молив, пенкалце, лентата со апчиња(која после ќе ја барав :D). Сега веќе ретко читам физички книги, па колекцијата на букмаркери отиде кај мајка ми.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Порано виткав страни ,после тоа почна да ме нервира и користев или нивниот или сметка ,ливче ,молив ,стикер. Сега имам неколку хартиени од девојчето со книгите и два метални од алиекспрес. Треба да си купам некој нов
     
  16. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Ако има книгата букмаркер го користам тој, ако не ставам мои, а користам и се што ќе ми се најде при рака: пари, фискална сметка, етикета, упатство од лекови....
    Боже сачувај да виткам страни, мислам дека срцето ќе ми се скрши :|
    Моментално омилен букмаркер ми е едно плетено глувче, подарок од драга личност.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.213
    Имав и со Климт, имав и со мачиња, ќерка ми ми ги среди. :lol:

    Имам и неколку парчиња спомени што ми се драги и ги користам за обележување, ко на пример ова од една изложба на Пикасо од Париз:

    Screenshot_20231110_120352_Gallery.jpg Screenshot_20231110_120355_Gallery.jpg
     
    На SV1911, eliesaab и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.566
    Допаѓања:
    78.843
    Пол:
    Женски
    Инаку, кога пишав подвиткување страни, мислев олку. :D

    20231111_133740.jpg

    Во меѓувреме порачав други од Aliexpress, се надевам успешно ќе стигнат. :wasntme:
     
    Последна измена: 11 ноември 2023
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.135
    Допаѓања:
    45.363
    Пол:
    Женски
    Претежно си ги користам тие што доаѓаат заедно со книгите, ама кога нема ги користам овие handmade обележувачи,кој патем ми се подарок од внука ми
    20231112_122900.jpg 20231112_122945.jpg 20231112_123122.jpg
     
    На SV1911, NoirSerpentine, Vikktorr и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.213
    Screenshot_20231118_142019_Gallery.jpg Screenshot_20231118_142017_Gallery.jpg

    Хари од kinder joy. :D
     
    На SV1911 и NoirSerpentine им се допаѓа ова.