1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обланда

Дискусија во 'Рецепти' започната од stetoskop, 6 јануари 2012.

  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    173.440
    Вчера ,онака од досада, решив да направам едни обланди по рецепт од мајка ми.Се беше готово за половина час(сосе подготовки,мелење,филување на обландата и миење на единствениот сад и чинија кои ги употребив)па решив да го споделам рецептот со вас.Значи брзо се прави и не е многу скапо.
    1 пакување обланди се потребни за филот кој се подготвува од
    -350мл.млеко и 500 гр.шеќер да се стопат и да провријат околу 1 мин.Се трга тенџерето настрана ,а потоа се додава
    -1 кристал маргарин
    200 гр.мелени ореви
    -300 гр.мелени бисквити
    -2 кесички ванилин шеќер
    Се ова убаво се меша и се филуваат обландите.Е сега јас ги редев една врз друга,а може и секоја посебно да се мачка со филот и да се мотаат во ролат.
    Како и да е (редена или смотана)прекрасна е и вреди да се проба.
    Ајде ,ако имате и вие некој рецепт споделете го.
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Еве една рецепта и од мене

    обланди
    300 мл. млеко
    250 гр. шеќер
    1 маргарин кристал
    200 гр. чоколадо (менаж, ми е најубаво)
    450 гр. алва
    1 еурокрем блок чоколадо

    Се ставаат млекото и шеќерот натенане :) да провријат, да поварат. Се додава маргаринот и чоколадото за готвење. Кога сето тоа убаво ќе се стопи се трга од оган. Веднаш се додава ренданата алва (мене ме мрзи да рендам, па со вилушка ја гмечам - ефектот е ист), се промешува и филот е спремен.
    Јас ја мачкам со фил и последната кора одозгора, па врз нејзе рендам еуро-крем блок чоколадо (оние црно-бело ципирипи....) и излага убаво издекорирано.

    Ај пробајте, па кажете дали ви се свиѓа.
     
    На teodoricaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Баба ми ги прави најубавите обланди на светот :P
    Инаку, пробајте да ги јадете смрзнати или полусмрзнати, така се многу поубави, а не се тврди.
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    91.330
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум алергична на млеко, гледаме дома да го изоставуваме од подготовките, осебено од благото.

    Обландата ја правиме вака:
    -1 пакетче обланди
    -1 пакетче шеќер
    -вода колку да се полие шеќерот
    -1 ванилин шеќер
    -сок од лимон
    -ореви мелени по желба
    -какао


    Се прави шербет од шеќерот и вода. На крај кога ќе биде готов се става сокот од лимон, ореви по ваша желба колку сакате филот да биде густ, какао, ванилин шеќер.
    Ја знаете постапката една обланда, еден ред фил, се до последната. Ние сакаме и на последната обланда да ставаме фил. Се остава ден и потоа се сече на баклави или триаголници.
     
  5. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    кндер обланда
    СОСТОЈКИ:
    700 грама Шеќер
    100 грама Чоколадо
    1 Обланда/ди
    400 Млеко во прав
    550 грама Маргарин
    1500 милилитри Вода
    Во мешавината додадете го маргаринот и изматете со миксер.
    Со лесно мешање додадете го млекото во прав, па масата поделете ја два дела.
    Еден дел да остане бел, а во другиот додадете 100 гр. истопено чоколадо.
    Корите филувајте ги наизменично.
     
  6. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    ОБЛАНДИ СО 2 ФИЛА-1 фил-6 белкисе матат со 150 гр шекер во прав,се додаваат 100 гр мелени ореви,може ибадеми или лешници,300 гр мелени бисквити и 15о гр топено чоколадо 2 фил-1 путер 250 гр се мати со 150гр шекер во прав,се додаваат 6 жолчки и 3 кесички ванилин шекер. Се филуваат обландите наизменично жолт фил,црн фил
     
  7. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Обланди
    1 л млеко
    Ораси
    ½ маргарин зависи од гусрината и се додаваат бисквити,
    шекер по потреба.
    ________________________________________
    Обланди
    250мл вода
    300гр шекер( да зоврие)
    300гр алва
    100гр чоколада
    1 маргарин
    10-15 ораси
    Бисквити сомелени
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.906
    Допаѓања:
    123.179
    Moја омилена обланда е т.н.касета.Лесна е за правење,многу вкусна а и убаво изгледа декоративно :)
    450 гр шеќер
    450гр мелени бисквити
    1,5дл вода
    300гр мелени ореви
    1маргарин
    100гр чоколадо
    И чоколадни стапчиња

    Шеќерот се топи со водата,се додава потоа и маргаринот да се стопи
    ,па се додаваат мелените ореви и бисквитите.Се' се меша убаво,потоа 1/3 од филот се трга и се меша со растопената чоколада,така се добива еден светол,еден темен фил.
    Се ставаат четири реда од стапчињата а со филовите треба да ви излезе вака

    [​IMG]
     
    На Annath и 17mart им се допаѓа ова.
  9. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    60
    Јас мислам дека баба ми ја прави најубавата обланда, само нејзината обланда ја јадам :D
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    м на баба ми обландата е најубава...
     
  11. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Еве една лесна а вкусна :D

    1 чаша млеко
    1 еурокрем
    1 таан алва
    Ореви по вкус
    и на средна температура во тенџере додека се соединат и на сите кори им ставаш освен на последната :)
     
    На RIRIFENTY му/ѝ се допаѓа ова.
  12. thatnorma

    thatnorma Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Давај рецепт од на баба ти обландите!... :P
     
  13. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Ајде домаќинки знаете ли некој рецепт за солена обланда како се прави?
     
  14. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    1 обланда
    2-3 лажици изварка
    2-3 лажици мајонез
    2-3 лажици павлака
    200гр. салама
    200гр. кашкавал

    Изварката, мајонезот и павлаката се промешуваат заедно. Претходно се става обландата на навлажнета крпа, за да омекни, па се премачкува со филот а потоа му се додава изренданата салама и кашкавал. Потоа се витка во ролат и се става во фрижидер да се стврдни.

    [​IMG]
     
    На D-a-n-i му/ѝ се допаѓа ова.
  15. D-a-n-i

    D-a-n-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    32
    Оваа изварка може да се замени со рендано сирење... :?:
    :!: и фала на рецептот баш ќе го пробам
     
  16. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    970
    Допаѓања:
    17.158
    Пол:
    Женски
    Може, може и рендано варено јајце да ставиш :)
     
    На D-a-n-i му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.887
    јадев на една матурска благо. Тоа се правело со „посебни кори обланда“..е мене ме интересира да не знаете случајно како се викаат тие кори обланда ...благото имасе изглед -сечено на правоаголници ред кора ред кафеав фил и кремаст/бел фил и пак кори...

    отприлика вввака изгледаше благото само кажаа дека е со некакви посебни кори обланда https://encrypted-tbn1.gstatic.com/imag ... sbkVcNLO3e
     
  18. Heartbeat

    Heartbeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2013
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Солена тортаа Обланда

    1 Пактече обланди
    12 листа шунка ( коцкаста )
    12 листа кашкавал ( коцкасти ) т.е да биде сечен на коцка
    пола мала тегличка мајонез и исто толку павлака а може и по вкус

    се зема една обланда се премачкува со измешаниот мајонез и павлака и се реди целата обланда со шунка
    пак се става одозгор обланда пак се премачкува у се реди кашкавал и се така додека снема...
    одозгора се премачкува со мајонезот и павлаката и молже да посолите сусам...
    Се стегнува и се сечи на коцки....
    Прремногу е вкусно и брзо
     
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    5.446
    Пол:
    Женски
    Идеја за украсување на обландата, да не остане само обична, нефилувана кора ?