Дали ви се случило да купите некое парче облека, и во почетокот да уживате во неа а набргу да скапува во плакарот и веќе никогаш да не ја облечете? Што правите со таа облека ? Ја фрлате, подарувате, преправате? Мене многу пати ми се случило цело време да мечтаам по таква блуза на пр. и откако ќе ја купам два-три пати да ја носам и повеќе не можам ниту да ја гледам Која е најголемата сума пари што ја имате дадено за парче облека?
Има,има.Знам имаше едни кремасти пантолони како со копчиња многу ги сакав и ми ги купија.Сега ете ги си собираат прашинка.И не се само тие има и уште многу други,но на тие само се сетив во моментов.Имам и црна есенка јакничка и таа собира прашинка. Облека не фрлам,ја давам на некој,но ако знам дека ќе ја носи.
На секој му се случува вакво нешто и обично кога ќе ми мине меракот ја преправам. Подарувам облека кога ќе ми се смали. Најголема сума? - искрено, не ми текнува. не трошам многу на облека.
Има облека на која што ми е поминат меракот, не едно парче облека, туку повеќе. Ќе го купам и ќе го облечам еднаш или два пати и готово си стои во плакар. На облеката што ми се смалува или ја подарувам во Црвен Крст или на некој што ќе ја носи. Ако некое парче облека ептен ми е омилено и грев ми е така да го дадам и го чувам за украс и се тешам сестра ми еден ден ќе го носи (ама само се тешам, дали ќе го носи прашање )
значи секогашми с еслучува ова и се мислам дали проблемот е до мене не е можно, ќе купам нешто неколку пати ќе го износам и тато што вика - ,, аааа ќере старо е веќе, не треба да го носиш,, а бе одма мерак ми поминува ама има па некои парчиња облека шо ги истепувам од носење, кога ќе го умислам едно и тоа е
истата сум и јас кога ќе заносам нешто, скапувам во тоа ете имам едно џемперче абе го отепав од носење, мака си немам
порано и ја подарував облеката на мајка ми и сестра ми,и ги носеа и се радуваа сега ги собирам во една голема кеса,собирам,собирам,ама веке застарени работи,не купено сега и потоа во црвен крст,мене меракот не ми поминува одма,носам се што ке купам,ама има периоди кога не соблекувам едно та исто,како на пример хеланки,фармерка немам ставено,незнам колку време имам купено некои скапи работи и тие колку и да се стари не ги подарувам
Нема шанси да фрлам нешто што толку многу сум го носела некогаш , едноставно жал ми е, па си ги чувам тие парчиња во шкаф. Некогаш кога си средувам облека, ми текнува кога сум го носела ТОА парче
Имам таква облека која веќе не ми е ќеф да ја носам и ја давам на мајка ми па она на којзнае кај ја даваПорано знаев да купам нешто и да не го носам ич , ама сега знам да дадам повеќе пари на нешто што знам дека е паметно да се даде пари и да го носам подолго време .
Ретко на нешто ми поминува мерак, затоа што купувам претежно класична гардероба, па можам да ја носам долго време. Тие работи што ми се помали, секогаш ги давам на некого. Имаме две,три девојчиња кои едвај чекаат да не видат за да им дадеме некое парче облека или чевли. Често и преправам, на пр. кога помина модата за ѕвонарки сите ги стеснав.
Мене ми е тоа најголем проблем, ке бендисам нешто ке пукнам додека не го купам, еднаш го носам и повеќе не сакам да го видам. Ептен си се мразам поради тоа, не е нешто да се занесувам дека еднаш носено, па повеќе да не одам во истото, но не се чувствам пријатно, не ми прави кеф,односно ми поминал кефот. И си ги чувам дома, и само се расправам кога сакам нешто ново. Имам две-три скапи парчиња облека, кои премногу си ги сакам, се надевам во иднина ке си ја зголемам колекцијата
Ми се има случено неколкупати, да купам нешто и по 2-3 пати носење се прашувам каде ли ми биле очите. Последно, лани зимата купив едни чизмички што долго време ги гледав на излог и ми изгледаа многу привлечни, кога сум ги пробувала сигурно од помислата дека ќе ги купам и од возбудата не ни видов дека не стојат ни малку убаво. Згора на се, ѓонот им беше толку тенок што кога одев во нив ми се чинеше дека секое камче го осеќам. И толку беше, 3-4 пати ги облеков на излегување и ете ги дома стојат како нови.
Да, ми се случува да си купам нешто со мерак, а потоа воопшто да не сакам да го облечам тоа нешто, ама за среќа многу ретко ми се дешава тоа Облеката што веќе не ја носам најчесто ја подарувам. Имам скапи парчиња гардероба, се надевам ќе можам и понатака да си дозволувам такви финансиски издатоци
Ништо не сум фрлила и нема да фрлам. Ете мајка ми затоа што фрлала, во наследство освен накит немам ниишто друго. А такви убави парчиња имала... Јас ќе одам на картата дека ќе имам ќерка, па се на неа да и оставам. Инаку тие што ми се здосадени парчиња ги ставам во еден друг плакар, посебно за таа намена. И кога добивам желба за сечење и напади на креативност, си отварам таму, си барам нешто, вадам и сечам. И често убави работи ми излегуваат, што може да се носат и комбинираат. Три ќе утнам, ама затоа едно ќе се погоди прекрасно направено да го утепаш од носење.
Шкафот ми е фул од еден куп марами кои сум ги носела само неколку пати, кога биле во мода, а потоа ми зафаќаат само место, неупотребени. Спојлер Не знам дали овде ги вбројуваме чевлите, ама исто така имам купено скапи топуци( терај мода и ако не ти стојат ) и само на нечија прослава ги носев! Џабе фрлив пари .
И јас со чевлите го имам проблемот... Имам патики што ќе ги утепам од носење и се‘ останато дреме. На неколку штикли им го имам фрлено меракот, другите прашина фаќаат За фармерки сум иста, некои ептен ќе ми се погодат и не ги вадам дур не им се смени бојата а панталоните онака, за посебни пригоди си ги чувам Е маичките си ги носам сите, зошто нив со најмногу мерак си ги купувам Марами исто, ќе изнакупам, а носам само црна и кафена, евентуално розева... Не фрлам гардероба, ако ептен ми е мала или не планирам никогаш веќе да ја облечам, ја давам на ромчиња што ќе ми дојдат на врата, ама жал ми е да си ја давам Сега си се подновив со стара ташна, каиши и фустанчиња што нееееееекогаш ги носела мајка ми... Бев кај баба на викенд, па и го осиромашив плакарот малку... Сочувани, ретро, баш ми се слатки Најскапо парче...хммммм што знам...за чизми 14000...ама ги исцедив од носење три години
Кога ќе ми помине меракот обично ја подарувам на другарки.... Никогаш не ја преправам , гардеробата од причина што не ме бива, само ќе ја упропастам... Подобро некој да ја носи отколку да ја упропастам и фрлам... А за најголема сума, 11 000 за фустанче за матура.... Сега ми е криво, само на матурата го облеков и после на свадба... Кај ми беше паметот
Немам баш некој таков проблем али имам друг проблем. Порано, мислам како девојка бев побуцкаста а сега сум -10 кг така да се ми е широко и неможам да го носам. Ете со тоа се справувам а инаку се си износувам и не терам многу мода и мразам униформи како сега цветиќи.
Пред неколку недели го нахранив контејнерот со чевли и секакви скапани обувки. Сентиментално ич не сум врзана за чевлите, посебно за некои ветви патики или балетанки или некои со демоде потпетици ... а имало пар или два помеѓу тие на кои навистина сум им го имала меракот. За илустрација, лани имав едни сандали, погодени во модел, боја, удобност и ги убив од носење, после 3-4 месеци им се скина ремчето позади, око не ми трепна, ги џитнав. Оваа сезона ги начекав од ланската во една продавница, купив слични, само црни. Ништо не е незаменливо. Неколку парчиња сум ги купила со мерак, а денеска не ги облекувам воопшто. Зависи од парчето, ако е некое секојдневно џемперче, кошулче или болеро ќе лета во џипси таун. Ако е некое уникатно парче, си го чувам. Ќе му дојде времето повторно... се надевам.
па немам пролем со тоа да купам нешто и да ми помине меракот,се си носам таков проблем има мајка ми,ќе оди,ќе шета,гледа-разгледува,цел град ќе го сврти за да си го пронајде идеалното парче облека,и кога ќе дојде дома веќе не и се допаѓа уф колку само ме лутеше тоа среќа што сега не живеам со неа па нека прави што сака!!! Има такви пантолони,кошули и сл ствари што никогаш и не ги облекла!!! Истотака јас облека не фрлам,освен нели ако веќе е оштетена или искината од носење А за муабетот околу најскапо парче облека-па и немам скапа облека,единствено зимскита јакна,капут се платени поскапо но ги носам веќе 5 години. Најмногу пари давам за убави патики бидејќи најчесто ги носам а и ми траат по неколку години