Видов дека има тема во врска со облеката за пополнетите девојки, па ајде да има и за оние од другата страна. Не зборувам за девојки со "нормална" тежина, просечна, со малку истакнати облини итн. Зборувам за ептен слаби девојки. Јас на пример немам облини воопшто, имам многу ситна градба, фигурата дури и ми изгледа како "машка", гради немам воопшто. Мислам дека ви е јасно за што зборувам. Често се соочувам со проблем кога одам во шопинг зашто не можам да најдам доволно мало бројче. Или и кога ќе најдам, не стои баш како што треба. Малку ми е глупаво да кажам, но сум купувала и во продавници за детска облека. Па споделете искуства. Од каде обично купувате, какви модели носите за да го истакнете најдоброто на себе итн.
Лето е рај за слаби девојки - маичка по кратки, широка сукња и тоа е тоа. Можеби истото ќе го кажам и во зима, со оглед на тоа што станаа актуелни mom jeans моделите, а такви најдобро им стојат на слаби девојки според мене. И јас сум слаба, ми фалат уште некои 5-6 килограми за бидам океј, иако со оглед на тоа каква сум била низ годините - и ова во моментов не е толку лошо. За визуелно подобрување на впечатокот на облини, особено во делот кај колковите, најдобри се моделите на панталони кои имаат фалти под пределот на ременот. Јас имам многу слаби нозе и не ми се допаѓаат моделите кои се скроз прилепени за ногата затоа што ми изгледаат смешно, а не доаѓаат предвид ниту прешироките модели затоа што ми се губи телото во нив. Вака кога панталоните се малку набрани под струкот не е проблем дури и кога тие се прилепени скроз за ногата. Не можам да најдам добри фотографии, ама вака некако изгледа делот под струкот. Спојлер: слики Мразам прилепени модели на фустани и сукњи; не ми стојат можеби толку лошо ама не си се допаѓам таква, ко да не сум јас. Носам лелеави широки модели кои паѓаат како „А“ надоле. Долги сукњи, сукњички до колена или „најкратко“ ми е 1-2 прста над колено. Сето друго што е над тоа не ми се допаѓа како ми стои, а чудните мид-скртс лошо ми ја сечат висината и ме прават непропорционална, затоа ги избегнувам. Избегнувам и превисоки штикли, максимумот ми е 10цм. Со сето останато над тоа, нозете ми изгледаат како чачкалици и не ми се допаѓа како ми стои. Инаку и јас си купувам облека од детски бутици, најчесто маички, џемпери и некои летни модели на кошули. Поубав избор имаат од одделите за возрасни понекогаш.
Јас па сум убедена дека широка облека не стои на слаби девојки можеби се лажам. Ама цело време сум во нешто тесно, skinny jeans, хеланки, сукњи и фустани припиени до телото. Ми се допаѓаат широки панталони со висок струк и фустани кои што, како што кажа Мишела, паѓаат како A надоле. Имам неколку вакви модели во различни бои, мислам дека се создадени баш за слаби. Вака нешто: Ама и горе и доле во широко, не доаѓа предвид, мислам дека сум како во вреќа облечена и премногу се "губам" во таква облека. Јас сум и ниска и слаба така што ми ептен тешко да изгледам како возрасна девојка во нешто, а не како 10-годишна. Немам комплекс поради висината, слатко изгледа ниска и слабичка девојка според мене, ама има ситуации кога треба да изгледам "посериозно" Превисоки штикли исто така не сакам баш поради таа причина што ми ги прават нозете како чачкалици.
И мене не ми се допаѓа како им стои широко на слаби девојки. Прави да изгледаат како „голтнати“ од облеката и изгледаат уште послабо. Меѓутоа кога станува збор за претесни фармерки и сукњи/фустани кои ја следат линијата на телото, мене исто така не ми се допаѓа кога облеката е многу тесна. Премногу доаѓаат до израз недосатоците. Барем јас не сакам да ми се истакнуваат слабите нозе уште толку бидејќи смешна сум си кога се гледам во огледало. Вакви фустани и сукњи се идеални за мене. Сакам класични кроеви, сметам дека ми стојат многу подобро од тесните и во нив повеќе се пронаоѓам.
најубо ти се фаќа здраво да се здебелиш (да потенцирам пак, ЗДРАВО). значи земи јади на секои 2-4 сати (знам дека ти се чини мн ама по читаното претпоставувам дека по градба на тело си ектоморф и затоа). пошто си слаба составот на исхраната треба да биди-70% јаглехидрати, 25-30% протеини и 5-0% безмасна/нискомаслена храна (low fat food). не вежбај кардио се дур не се подздебелиш или евентуално користи кардио само за загревање. за почеток можиш да вежбаш пилатес. меѓу сетови прави подолги паузи од 1-2 мин. вежбај 4-5 пати дневно. доволни се 8-10 повторувања на една вежба во еден сет (ако си почетник). ако имаш некое прашање или бараш совет слободно пиши ми е сеа знам дека ова нема врска со облеката ама ќе бидиш задоволна на долгорочен план (ако се од наведеново правиш правилно)
Се` од ова ми е испробано, без ефект. Јадам не на секои 2 саати, туку и на секој саат грицкам нешто. Ама нејќе бе Па теретани, тегови, протеински шејкови, се` тоа ми беше загуба на време и пари. така што си се помирив со својата градба. Метаболизмот ми е ненормално брз, тоа е тоа. Не е дека не си се допаѓам, и слабото тело има свои предности, на пример можеш да си јадеш што сакаш, кога сакаш, колку сакаш, а тоа е сон на многумина Се извинувам за офф-топик. Инаку добри совети си дала па можеби ќе послужат некому.
Носи си што ти е ќеф на душата. Кога некои девојки немаат проблем да носат кратки пантолончиња и воопшто да не се замараат за целулит или да носат блузи со голи стомаци, а не се за такви можеш ти што сакаш да носиш. Порано се нервирав кога некој ќе ми речеше слаба си вака така. Јас па сакам тоа што го носам да е тесно, припиено за телото. Не сакам широки фустани и сукњи
Некои луѓе едноставно си ја имаат таа градба и не можат да ја сменат па колку и да јадат или обратно, некои кои се покрупни и имаат облини не можат со диети да ги смалат, едноставно нивните тела се такви. Затоа може да си ја прилагодат облеката спрема нивната градба, за да изгледаат убаво. Јас исто така спаѓам во оваа категорија на слаби и ситни девојки па имам забележано дека облеката навистина има голема улога. Еве што е добро за нас: носење тенок а не широк ремен панталони, фармерки или сукњи со висок струк кратки сукњи и шорцеви (никако под или до колена) се препорачуваат вертикални а не хоризонтални линии тесна облека (припиена за телото или само малку полабава, премногу широка не изгледа баш убаво...) кратките маички исто така се добар избор, а ако се носат подолги маички или кошули, да бидат под фармерките/панталоните, а не над нив Ова се некои работи на кои се сетив и придржувањето до нив прави голема разлика.
неправилно ти е испробано. човек со градба-ектоморф ако сака да ја зголеми тежината и воедно мускулната маса, НЕ СМЕЕ да крева никакви тежини (се додека не се стекни со калории кои потоа ќе ги потроши). ниту па да оди во теретана. значи почни сега со пилатес (и НЕ користи никакви тежини ), прави ги препорачаните паузи (од 1-2 мин) меѓу сетовите и јади онака како шо напишав претходно. за што потоа ќе прајме муабет за та сите кои велат дека телото е такво какво што е-донекаде да. ова важи ако правите споредби меѓу вашето тело со тело на друга личност. ама со правилните вежби и исхрана се случуваат чуда. и мн упорност
во однос на дебелеење, не можиш само нозете да ги здебелиш освен ако мастите не ти одат таму (и во колковите). претпоставувам слаба си и ти. за здебелување најефикасно е прво да го промениш начинот на исхрана а потоа да ги најдиш соодветните вежби (за било кој дел од телото). бидејќи слаб човек нема калории кои би ги потрошил. ти прво подздебели се па после ќе збораме за најефикасните вежби конкретно за нозете. во меѓувреме очекувај да се подздебелиш насекаде (или само во делот од телото каде ти одат мастите) ама не се плаши многу. слаба си нели п.с.извини шо ти одговарам сега, ме немаше некое време
Исто и мене ми е проблем за облека, ама најмногу за горниот дел. Јас сум сегде слаба, немам бутови, имам слаби нозе ама на се' тоа имам големи гради кои не ми соодветствуваат на фигурата. За фармерки не ми е проблем, убаво ми стојат оние тесни со висок струк, и овие mom jeans исто, ми ги прават малку подебели нозете а и на задникот убаво ми стојат. Ама затоа, за горе ми е леле мајко. Тесно воопшто не можам да носам, затоа тесни и отворени фустани никако не можам да облечам, за тесни маички исто. Јас додуше сакам пошироко да носам, па доле компензирам со тесни фармерки, ама некогаш сакам да можам да си облечам тесно, па малку и стомачето да се гледа, вака на други кога гледам ептен секси ми изгледа, ама јас... Инаку, верувајте ми, ако имате таква градба не можете да се здебелите, или доста тешко. Јас се здебелив 10 кила и сите ми отидоа во стомакот, градите и лицето, рацете и нозете пак ми се слаби.
можеби е така ако не вежбаш. иначе и мене за несреќа мастите ми одат во стомакот и лицето ама со промени во исхраната и со вежбите шо ги прам, мастите почнаа да се распределуваат по целото тело се е можно слободно пиши ми ако имаш прашања