1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Образование дома- работа во странство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ana-milo, 19 февруари 2016.

  1. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден ми се јави една пријателка и ме праша дали сум имала материјали за ИЛТС и дали било тешко да се полага овој испит.
    На прашањето зошто и треба, ми одговори за керка и, која е трета година на технички факултет (државен факултет), догодина планира да завршува и да барала работа, да конкурира некаде во странство.

    Техничките факлутети ја чинат државата бидејки пред се е потребна опрема за лаборатории, на некои се потребни и хемиски супстанци за хемиски вежби, и сл.
    Сето тоа ја чини државата пари, од наш буџет, а плус и тоа се државни факлутети и професорите се плакаат од буџетот. А не е само факултет, државата вложувала во образованието и до средно училиште.

    Дали ние се претворивме во држава која произведува персонални ресурси за запад.
    Ние вложуваме во образование а готовите кадри ги користат други држави.
    Правилно ли е тоа.

    Значи ние работиме, плакаме данок , го полниме буџетот, а некои си искористуваат скоро бесплатно образование и после ја напуштаат државата. И тоа уште сега им е во план, во тек на трета година.
    Поразително.
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Кои црни лабаратории?
    Јас завршив технички факултет и ај прашај ме дали сум смеела сама да спојам две црева или еден цилиндер во лабараторија? Ете за машински зборам. Демек Фесто како спонзор се јавува, ама пипни нешто со рака ке останеш без неа. И прашај ме што има таа наша лабараторија и прашај ме дали смееш сама да вежбаш заварување и колку часа пракса имаме и колку смееме да се задржиме итн.

    Ебати државата што кога излегуваш од клупа молиш за работа, трчаш по партии за некое работно место кое би го работел некој со основно. Земаш минимална плата со години, не си осигуран, не си редовно исплатен. Ако случајно најдеш оглас за твојата струка, обавезно ти бараат минимум 2-3 год работно искуство, а тоа искуство никој не ти го дава. Недај Боже да не си мажена и да треба да раѓаш, се знае никој жив не те вработува, а ако те вработи и си бремена, ке ти го загорчи животот што едвај ке чекаш сама да напуштиш.

    Извини молимте да не треба касиерка во маркет да работам или во казино, за да плакам данок и со тоа фала да и кажам на државава? Таа истата држава која демек ми обезбедила високо образование за малку пари и лабаратории? Кои малку пари? 200 евра семестар сум плакала во државна квота, а книги, а розеви листови,а пријавувања семстри, а хамери, а таксени марки, а сала за физичко ( која никој со очи ја нема видено), тетратки и книжен фонд ( божеееее мили)
    Одиш во сметачки центар демек да повежбаш ауто кад и никој не те пушта да останеш. Демек без надзор не смееме да седиме, а зошто тогаш го плакам тоа?

    МОПС учевме од книга пишана во 74 год, а денес постојат современи ЦНЦ машини, глодалки, дупчалки, кои јас утре не би ги познала и кога би нашла таква работа, зошто реално никој не ме обучил на ништо современо. Тоа е како ти денес да переш во корито, а имаш машини за перење и сушење во секоја куќа. Во таа лабараторија, само подгледнуваш што кажуваат Чалоска и Геческа или Томов, а не смееш ништо сам да допреш. Никој не научил само со 2 часа вежби( гледање на асистенстот како објаснува за таа машина)

    Фала на државата ке и кажам ( ке останам тука и ке плакам данок) кога ке ми обезбеди достојна работа по струка, без јас да молам од врата на врата.
     
    Последна измена: 20 февруари 2016
    На ванилала, Elen4e_sonce, Rose96 и 29 други им се допаѓа ова.
  3. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Аууууууууууууууу.
    Што збориш? Ццццццццццццццццццц.
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам од збор до збор со @okcenzi плус истите работи и јас ги плаќав во мое време. Само да додадам конкретно за ПМФ дека лабораториите (за обнова на реагенси и слично) ги плаќавме по 300ден од семестар. Ако скршевме дел од опремата, тој што скршил плаќа. Колешка моја се опрчи 5000ден за бирета.

    Како рековме.....од буџетот?? :^)
     
    На Emy867, LivingGlam, Waka-waka и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Аууууууууууууууу. Леле, леле... 5000 денари?
     
  6. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    И ја скршив бирета некаде у 2010, али асистентката рече се случува и сите 40-50 луѓе доплативме уште по 150 денари.
    А секој час ми ја спомнуваше, имавме две бирети у лабораторија, ама колегава ја скрши. :D
     
    На Bender Rodriguez, toogood и Kitten им се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Епа толку кошта биретата, таква и била среќата (поточно несреќата), може ако скршеше ерленмаер немаше толку да ја кошта :rofl:
     
    На joy1 и ana-milo им се допаѓа ова.
  8. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Ајде, има ли уште некој што скршил нешто.:rofl:(facepalm).
    Важно вие здрави и живи сте.:)
     
  9. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl: во сета мак и се насмеавме
    Чекај , а немаше ли пластични бирети?
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Не, се што користевме беше стаклено.
     
  11. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Како бе 2 бирети на 40-50 луѓе, на кој факултет тоа?
    Ама кога сте собрале пари, ваљда нова после набавиле?
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    ти кажаа на пмф и не мора на секој пост да даваш коментар, дека се губи смислата на темава. Ја започна како сериозна а сега се смајлиња ти е
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    ок , се извинувам. има смајлиња, но ова што го имаш цитирано немаше смајли.
    И ок, нема да давам коментари.
    Примено.
    п.с.
    болна сум мислев дека сум оздравела , но денес ми рекоа 2 паковања од сумамед да испијам во наредни 6 дена.
    може од грипот сум изгубила ориентација.
    Прифакаш извинување? А темата е сериозна, како не!
    Ама провери, јас прва не почнав да се смеам. Смеењето е заразно.
    Дури и имам напишано на сета мака и се насмеавме.
     
    Последна измена: 20 февруари 2016
    На Priroden и okcenzi им се допаѓа ова.
  14. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    2.165
    Не би го сфатила тоа дека државата е во загуба... Да можев и би студирала во странство, за жал овде студирав и овде работам, а при прва прилика би заминала. Не гледам патриотизам во борбата за егзистенција и можноста за напредок во средина која го овозможува и наградува трудот,пред се.
    Доколку најдам солидно платена работа во странство - би заминала без размислување.

    И да - технички факултет имам завршено, но што од тоа? Теренска настава ни еден ден, практична во лабораторија минимална... Баш им е гајле на тие таму дали ние новопечени кадри нешто ќе знаме кога ќе ги добиеме дипломите... Дури и подобро за нив е да сме понеписмени,за да си ја задржат тезгата и не добијат конкуренција! :envy:
     
    На tessie, Bitter-Sweet, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  15. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    26.196
    Пол:
    Женски
    Нормално дека младите ке одат во странство тука се студира а таму се работи па секако зарем тука може да се најде работа:?: Ако се најде сигурно ке се работи за некоја плата од 200 евра а ти си завршил факултет кој трае 5 години и си се пореметил од учење:x

    А да секако а да не ги заборавиме трошоците партиципација,административни такси,семинарски работи,за спорт,за лабараторија за ова за она ии (facepalm)

    Пракса ? Што е тоа ке речам :?:

    Јас сум лаборант а можам да кажам дека во текот на моите студии не сум видела лабараторија ниту што има во неа. Жално (facepalm)
     
    На ванилала, theowndemon и okcenzi им се допаѓа ова.
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Со нашето образование тешко одма до соодветна позиција. Ао природни науки и така така,ама со општествени многу тешко.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Добро , еве опремата да ја тргнеме на страна, се согласувам и јас дека немаме којзнае што во лабораториите. Мене пак за една вага ме обвинија, сум ја расипла, она стара, стара, од дедо Ное, и кога правев дипломска се откачи таму нешто и јас усм била крива.
    +
    Но професорите што ги плакаме од буџет?
    На факултетите треба ли електрична енергија за осветлување, парно, вода....
    Се тоа од буџет есе плака. Јас сега работам и плакам даноци од кои еден дел оди во школство.
    И сега колку фер, ке си завршат овде школо, незнам сега колку се плака на државните, ама
    пак не е како скапи приватни факултети на запад, и после плодовите во странство.
    Мене лично не ми се допаѓа тоа.

    Знам и дека има случаи родители се во странство, таму работат, таму плакаат даноци, се обиделе децата да ги запишат на медицина на запад, не успеале, ги пракат дома кај нас,
    децата имаат веке двојно државјанство, завршуваат медицина за беспари што се вели,
    и планираат да се вракаат пак назад во Германија на пример.
    Тоа нели е искористување?
    Мајка и и татко и во западна земја плакат данок не овде, а нас не искористуваат за образование.
     
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    93.531
    Ајде, затвораме границите тогаш да нема арч|(. После плодовите во странство, како тоа странство нас нема да не плаќа ами само ќе ни го зема знаењето...
    Само прашање е освен дипломите од техничките факултети, дали останатите дипломи ни ги сака и признава тоа странство?! И праксата што ја немаме! Тоа мене ми е па уште пожално. Универзитетска диплома, врати затворени!
    Ама добро, данок сме плаќале и мора тука да си седиме:!:.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.118
    Допаѓања:
    76.397
    Пол:
    Женски
    Сериозно? Жал ви е за државата која наводно вложила од својот буџет за ваше образование и која својот влог и труд го губи ако заминете да работите во странство? Не ми се верува дека имало и такви. Јас не паметам дека државата вложила свои пари во моево универзитетско образование. Дури за една расипана брава од нас бараа пари да дадедеме бе, а што останало за друго. Пракса имаме? Немаме. Тука не осакатува нашата драга држава што не лишува од стекнување на практична и теренска работа, вештини, искуства. А зошто уствари? Тоа е најважно што треба да ни се обезбеди. И после кога ќе земеме диплома кој ќе ја цени неа? Колку ги има што работат по струката? Онолку колку што имале партиска книшка и се познавале со директорот. За тоа ли јас да ја жалам државата? Како студент не сум ни задоволна од ова што сум, не дека јас не сум се трудела, туку толку ми е овозможено од државата. Да бев сега во странство да студирам ќе бев далеку повешта, поспособна, поквалитетна
    Затоа би рекла не само работата, туку и образованието би требало да се стекне надвор. А жал не би ми било, како да ми биде жал кога државава не нуди соодветни и добри услови ни за работа ни за студирање? Колкумина заминале или сакаат да заминат? Ете тоа говори за (не)квалитетот овде. Да било убаво немаше младите да заминуваат.
     
    На tessie и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Зависи кој како ќе се снајде, правила нема. Факт е дека платите кај нас се пониски, но некои луѓе си се задоволни со тоа што едноставно се дома покрај семејството. Некој си бара просперитет надвор од државава.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.