Образовниот систем во Македонија и (не) квалитетот

Дискусија во 'Образование' започната од SeaMermaid, 26 септември 2021.

?

Дали образовниот систем во Македонија е квалитетен?

  1. Да

    0 глас(а)
    0,0%
  2. Не

    10 глас(а)
    100,0%
  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Поттикната од оваа вест, одлучив да ја отворам темава.

    https://www.fakulteti.mk/mobile/new...va-participacijata-na-drzhavnite-univerziteti

    Образованието во Македонија... Од година во година опаѓа квалитетот, резултатите се полоши (на тестови, испити и сл.), практично неспремни кадри ни излегуваат од училиштата и факултетите - полуписмени, праксата е минимална (најчесто неплатена (facepalm)), се учи за оцена не за знаење, се експериментира со предмети и методи (Кембриџ, укинување и модифицирање на историја, воведување предмети кои не се соодветни за возраста итн.), професорскиот кадар немотивиран користи застарени методи на предавање (чест на исклучоци), руинирани услови по училишта, факултети, студентски домови и интернати, непризнати дипломи, да не зборувам за приватните универзитети кои од дипломата направија бизнис (со мали исклучоци)... Може да ја продолжиме низата до бескрај. Тука секако се и катастрофалните образовани политики, посебно сега во период на корона, плус врски за стипендии :@
    Додека светот напредува во поле образование, ние се враќаме наназад. Светлосни години сме зад Финска, а што е потрагично и од земјите во регионот. Косово ја укинува партиципација за додипломски и за мастер студии, како најсвеж пример. Ние за мастер и за докторски студии плаќаме астрономски суми, плус книги кои често чинат и по 2000-3000 денари.
    Тука би го вклучила и времето кое поминува од дипломирање до прво вработување, минималниот просек е една година, ужас (facepalm) Во реалноста и многу подолго... А како поминуваат годините губиш на компетентност, па ако си на возраст од 40-50 години тешко кој ќе те вработи ако има помлад кадар.
    Знам дека сме дискутирале многу пати за ова на Форумот, ама не најдов конкретна тема (ако има слободно канта).
    Што мислите, зошто стигнавме до овде? Може ли нешто да се поправи? Ни треба ли нов образовен систем?
     
    Последна измена: 26 септември 2021
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла дека има неквалитетно образование. А зошто е дојдено до тоа? Заради лошата политика. Рано е уште за Кембриџ. Не сме спремни за такво нешто. Проблем има и со учебниците. Читам дека многу учебници фалат, па учениците се приморани материјалот да го запишуваат во тетратка. За факултетите што да се каже. Знам дека ја намалија партиципацијата на државните универзитети, ама во ова кризно време и тие пари за некого се многу. Башка што треба на децата да им се плати кирија за станот или местото во студентскиот дом. А за мастер студиите ич да не правиме муабет. Ѓавол и пол се сумите. Повеќето професори инсистираат да се купи оригинал книга (некаде се и повеќе книги), а истата таа е скапа. Ако не ја купиш, нема да полагаш. Во училиштата речиси сите се партиски вработени кои не се замараат многу со тоа децата да научат. А некои не знаат ни да предаваат затоа што појма немаат. И затоа после децата ќе бидат неписмени. Реткост е такво знаење какво што имаше во 90тите. Да се подобри ситуацијата.. Тешка работа.