1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Обрежување на девојчиња

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од programerka-2nd, 12 јуни 2012.

  1. programerka-2nd

    programerka-2nd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Пред малку налетав на една статија, и да бидам искрена се згрозив. Ме интересира што вие мислите за ваков чин, и дали би се осмелиле да го сторите тоа на ваше дете? Еве го и линкот:

    http://www.medio.rs/34651_I-u-Nemackoj-obrezuju-devojcice.html

    Прочитајте сами, јас не знам што би додала на ова, тука се си пишува. СТРАШНО...

    Однапред се извинувам ако е дупла темава. :)
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    какви не болни умови постојат низ светов :x :puke:
    мајката ја однела керката, а на неа вака да и правеле, како би и било :swear:
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Страшно. Имам гледано еден филм за ова. Жената беше толку истрауматизирана што не можеше да легне ни со сопствениот сопруг.

    Да не праиме муабет за тоа дека тој вандалски чин не се прави дури ни во хигиенски услови. Во некои затуцани места, со трски го прават тоа. Да не праиме муабет за тоа колку жени умреле од инфекција која им се јавила после такво “обрежување“. Тие мислат дека ако го направат тоа на дете од 3 години, како поголема ќе заборави на тоа искуство. Не, тоа е искуство кое ја уништува жената и психички и физички за цел живот, а во многу случаи завршува и со смрт.
     
  4. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Одамна имам слушнато за вакви традиции и според мене тоа е варварски чин. Како прво, тоа е многу болна постапка, а како второ зошто некој би сакал да и го одземе на жената правото да ужива во сексуалниот чин.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Според тоа јас што читав за овој обичај, наводно за жената било грев да ужива во тој чин, само мажот требал да чувствува задоволство, а жената само болка. Глупости, да земеш тие тоа што го прават на плоштад живи да ги дереш, сантим по сантим.
     
    На Lolo5, hermosa, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  6. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Се згрозив. Значи не ми се верува дека постојат такви луѓе (родители), си ги уништуваат своите деца. Страшно.
     
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.214
    Пол:
    Женски
    Ми отиде појадокот сабајлево.. :tmi:

    Како можат бе вака да им прават на децава? Секакви чуда шетаат по светов.. Ма ова треба да се забрани и да се казнува.. Ццц, денес секој се нарекува родител..Страшно! :tmi: :@
     
  8. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    http://www.imdb.com/title/tt1054580/
    Овој филм базиран на вистинска приказна многу убаво го опишува овој немилосрден чин..Што нема по светов ц,ц,ц,ц,ц.........
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ова е катастрофа :x на што личи ова :fubar:
    Ова треба со закон да се забрани
     
  10. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Како можат тоа да го прават на сопствените деца.. жално.. страшно..
     
  11. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Ауууу! Па овие ум немале! Трагично, жално, болно!
    Премногу се чуствувам исфрустрирано после ова што го видов! Па со кој ум бе!
    И мајките, сигурно им правеле и нив, знаат колку боли, па како може да си го однесат девојчето така ?! лелелелелеле солзи ми дојдоја на очи :'( :@ :@
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Подебилно нешто од ова HEMA! Cега ајде колку олку е банирано низ муслиманскиот свет, само секако некаде во Aвганистан и некои забутани села се уште се користи.
    Ги кастрираат за да не уживаат во сексот, нели, жена е нема право... |(
    И после зашто девојките се исфрустрирани од таму, зашто не сакаат да имаа односи со мажите.
    па кој е само мажот да ужива бог да чува.
    Mногу ненормални работи има по светов, сироти жени, им го ускратуваат тоа задоволство

    Hа википедија може да видите, во која земја колку % се уште се практикува, ама како што кажав, банирано е скоро секаде :)
     
    На Lolo5, tessie, CoverGirl10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Јас за ова прв пат читав во книгите на Принцезата Султана и ова е ‘‘традиција‘‘ во муслиманскиот свет. Многу жално е тоа што бидете сигурни дека и ден денес на неки места овој нечовечки чин се спроведува, а уште пожално е тоа што сето ова се спроведува во нехигиенски услови.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ама најдебилно е шо се вадат со вера а логички ако размислиме нема никаква поврзаност...фактички му се спротивставуваат на нешто Бог што го сторил...самите се прават богови со тоа што им ја одредуваат судбината на девојчињата.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ова е болно,страшно нешто.За жал тоа е од неукост на луѓето и веруваат во нешто што не го налага бог.Како може родителите тоа да им го направат на своите деца :x Жената за жал од секогаш ја сметале за подолу од мажот во секаква смисла и бил угнетувана.Добро е што се намалува процентот на обрежувањето во земјите,но сепак сеуште не искоренета и тоа во развиени земји се случува ова.За жал девојчињата цел живот ги носат траумите од тоа лошо искуство,кај сите се јавува некоја болест,па и во нехигиенски услови охх колку жално. :x Зарем мајките не го преживеле ова,па сакаат и своите деца да го преживеат?Сигурно и нив не им било лесно да поминат низ тоа,па сега ги тераат своите деца.Некои работи никогаш нема да ми бидат јасни,до какви крајности човекот може да оди не ми се верува.
     
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Чисто информативно да напоменам ова нема никаква врска со муслиманската вера и религија и се изведува претежно во заостанатите и сиромашни земји и предели најмногу во Африка со цел да се ускрати женското од сексуалните задоволства и да се намали либидото.

    Постојат неколку видови на обрежување прикажани на сликата во спојлер.
    WARNING EXPLICIT CONTENT
    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Јас искрено прв пат читам за вакво нешто. И не ми се верува. Болна работа.. Не знам.. Не можам да сфатам, како што не можам да сфатам ни сунетот зошто го прават муслиманите.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Не знам во која книга за жените од муслиманската вероисповед, дал Султана чинам, но имам читано токму за ова. Дотогаш немав поима за женското обрежување. Истражував и се згрозив начисто.
    Ајде што постапката е ненормална, што е болна, туку за жал може да биде и кобна, има и смртни случаи на крварење до смрт или на инфекции бидејки таа рана треба да се прегледува, а таму жените не добиваат речиси никаква здравствена заштита, па доста има случаи на смртност по ова обрежување.
    Машкото обрежување дури некои и од здравствени причини го практикуваат, но женското во многу земји е апсолутно казниво. Женското обрежување е самото казна за жената. Не ми се верува како може тоа да го прават токму на жените, на оние кои раѓаат. Добро од друга страна кога ќе помислам дека мажите имаат право да ги убијат слободно жените, тогаш не ме чуди ни ова.
    Ова се врши во земјите на блискиот исток и во африканските земји, страшно и трагично.
    Додека еден дел од светот се бори за некои права, додека жените се на исто рамниште со мажите, во други се убиваат слободно без да има казна за извршителите.
    Којзнае кога ќе се развие свеста на овие луѓе.
    Само мене ме интересира зашто обрежувањето го поврзуваат со религијата. Иако немам читано ама 100% сум сигурна дека женското обрежување не е поврзано со Куранот и тука нема религиски причини за него, туку пред се за понижување на женскиот род.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.108
    Пол:
    Женски
    Имам видено свашта во животов, верувајте луѓе имам многу јак желудник и од ништо не ми е мака, но кога еднаш гледав емисија за ова, сум се згрозила ко никогаш. Сега само што се сетив на сцените ми се сврте паметов и ми се слоши.

    Болно, со еден збор.
     
  20. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Како ја прочитав статијата и мене ме заболе доле :|
    И јас да нагласам дека ова не е од страна на исламската религија туку во некои позаостанати афрички земји како Египет, Етиопија, Судан, Џибоути, Нигерија и многу други. Според некои податоци дневно се обрежуваат по 6000 девојчиња. Страшно... :x

    Постојат повеќе видови на обрежувања
    мека суна: Бодење, засекување или отстранување на кожичката на клиторисот
    модифицирана суна: делумно или целосно отстранување на клиторисот
    клиторидектомија/обрежување: отстранување на делови или на целиот клиторис како и на дел или целите внатрешни срамни усни. Оваа операција најчесто создава лузна на ткивото што е толку голема, што го прикрива вагиналниот отвор
    инфибулација/фараонско обрежување: отстранување на клиторисот и на внатрешните срамни усни како и на внатрешниот слој на надворешните срамни усни. Преостанатите надворешни срамни усни се сошиваат со црево од мачка или се прицврстуваат една со друга со шилци. Во раната се става едно мало парче од цевка, за да остави отвор за урината и менструалната крв.

    Во филмот Desert Flower главната глумица беше обрежана со инфибулација и зборуваше дека на првата брачна ноќ мажите со нож ги расекувале за да го стават пенисот внатре. :x :puke:
     
    На Lolo5, sugarlips и tessie им се допаѓа ова.