Зеленчук конзумирам многу повеќе отколку овошје! Сакам салата шопска,марула,зелка...било каква,едноставно обожавам да јадам зеленчук! Овошје јадам доста слабо,понекогаш на сабајле јадам некое парче овошје ама и тоа е ретко! Повеќе сакам зеленчук!
Па сега не знам баш. За ручек редовно јадам салата од зеленчук,а и овошје доста често конзумирам. Сепак мислам дека повеќе зеленчук бидејќи повеќе се употребува во храната што се приготвува за ручек и вечера.
Паа конзумирам и зеленчук и овошје. Зеленчук најчесто како салата (обавезно секој ден за ручек) конзумирам или сендвич кога си правам па си ставам и краставичка и патлиџан во него , а овошјето измеѓу оброци, тоа како ужинка му доаѓа. Си сакам зеленчук и овошје да си јадам. Така да тука се негде во однос на конзумирањето.
Овошје повеќе консумирам, можеби заради тоа што нема потреба да се додава ништо за да се јаде, за разлика од зеленчукот на кој ако ништо друго барем сол мора да му ставиш
Зеленчук, повеќе варијации и јадења од него си сакам. Не може денот да ми помине без салата - сезонска, најубаво шопска, а во зима и есен зелка и цвекло. Овошје - само во лето, константно јадам, во меѓупериоди, послабо. Единствено, зелена јаболка во секое време сакам
Се’ буквално. Имам периоди, кога чувствувам дека телото ми сака конкретно нешто, сеедно ми недостига и се додека не го вкусам.. ма се додека не се натапкам добро со него ми е лошо, буквално, лошо, како кога ќе ви падне шеќерчето во крвта, железото итн. Но си имам и чудни некои навики, на пример, само во овој кус период, кога е сончево надвор, сакам портокали. И ги јадам во изобилство. Во деновите, кога е студено надвор, не можам да смислам да јадам портокал, ми создава некакво чувство на студ, мислам ми се тресе снагата кога го гледам . Исто ми е и со јаболките, со зелената салата и се буквално. Ај ем ан елијен о јес ај ем .
И тоа и тоа конзумирам, може да се рече дека зеленчук повеќе конзумирам во вид на салати, ама неизбежно е и овошјето меѓу оброците.