1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Овошје и зеленчук

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од LoVeR, 24 април 2011.

  1. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    обожавам зеленчук, секаков ...
    Од овошјето само јагоди, праски, банани, киви, портокал.... друго неможам посебно пак јаболката неможам да ги смислам
     
  2. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Уфф обожавам овошје и зеленчук ! :D
    Сега летово ги има во изобилие, у секој случај мн здрава работа, затоа ви препорачувам, конзумирајте што почесто, тоа подобро ! ;) :D
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Овошје. :)
     
  4. AnA909

    AnA909 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2015
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Обожавам и овошје и зеленчук.Секојдневно ги консумирам.
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ги сакам и двете работи , ама понаклонета сум кон зеленчукот , обожавам домати , пиперки , моркови , и сл .
     
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Овошјето ми е поубаво од зеленчукот, од зеленчук само компир, крставица, патлиџан,морков и грав јадам.
     
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Не може кај нас дома ден без овошје и зеленчук.
    Супер ми се а повеќе го сакам овошјето.
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Зеленук сакам повеќе, салата обавезно за ручек и вечера секој ден, варен како прилог со јадење исто така имам скоро секој ден на масата.
    Овошје не ми текнуваше да јадам иако имам нонстоп дома се додека не си купив соковник. Сега не поминува ден да не цедам овошје па и зеленчук и ги внесувам навистина во голема количина. Има големи промени во начинот на живот. Како овошје ми доаѓа да јадам еден портокал јаболко, цитрон, кива, лимон, грејпфрут на ден, што без соковников во никој случај не би можела да го изедам сето тоа во текот на денот. Плус во ова си додавам екстра и зеленчук, морков, цвекло, краставичка, спанаќ и внесувам навистина голема количина на витамини и минерали. :)
     
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    И двете. Овошјето го обжавам, нема овошје кое не го јадам, едвај чекам мај, јуни, :D Обично замрзнуваме дома, за да имам и во текот на годината кога нема свежо, па си правам смуди. Зеленчук во зима ретко јадам за разлика од овошје, едноставно не сакам домати, краставици, марули кои не се одгледани под сонце, туку на вештачки начин. Но затоа замрзнатиот овој период ми е омилен, како и цвекло во тегла, кисели краставички.
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.549
    Пол:
    Женски
    Мислам дека подеднакво консумирам и овошје и зеленчук.
     
  11. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Ден без овошје и зеленчук за мене не е ден.
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Што знам подеднакво ги конзумирам но овошје повеќе преферирам и ми е дел од секојдневна ужинка.
     
  13. tranquila

    tranquila Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    83
  14. sanya.n

    sanya.n Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    i dvete ama mislam zelencuk povekje jadam deka i mnogu gotvam so zelencuk
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам и овошје и зеленчук, буквално сѐ. Во периодов обожавам есенски намирници како тиква, калинки, банани, јаболка, салати итн. да не пишувам цел реферат со зеленчуци. Баш со оглед на тоа што почна сезоната на калинките, сметам дека би ви било од корист да прочитате зошто се од огромна корист за здравјето и имунитетот и како најдобро да се конзумираат. И секако како да се употребува и за убавина. Можеби повеќето од вас тоа го знаат ама ете сепак ако некој го интересира може да прочита. Поздрав и ви посакувам убава празнична недела.

    Калинка: природна вакцина за добро здравје и еликсир за убавина

    [​IMG]

    Калинката е едно од моите најомилени есенски намирници, и од октомви месец па сѐ додека ја има на пазарот, го конзумирам нејзиниот сок наутро на гладно срце.

    Богата е со витамините А,Ц и Б (содржи повеќе Ц витамин од портокалот) и минерали како потасиум и фосфор. Ова есенско овошје го зајакнува целиот имунолошки систем и навистина доколку се конзумира секојдневно, барем во текот на месеците октомври и ноември, делува како природна вакцина која штити од настинки, кои и те како се чести во овој период. Калинката има оргомно позитивно влијание врз срцето и артериите и благодарение на големото присуство на флавоноиди, претставува одлично средство за задржување на еластичноста на крвните садови.

    Неодамнешните испитувања покажале дека благодарение на високото присуство на антиоксиданси и фитоестрогенти, калинката има одлично балансирачко дејство врз хормоналниот баланс во телото кај мажите и жените. Ги контролира промените во расположението за време на менопаузата кај жените и според едно испитување од страна на универзитетот Висконсин во САД, ова овошје има огромна моќ во контрастирање на канцерогените клетки, особено во случај на рак на простата.

    [​IMG]

    Потоа калинката (особено нејзиниот сок) помага при проблеми со диареата која честопати е проблем во овој период особено при стомачните вируси од кои страдаат многумина. Како што веќе ви напоменав јас обавезно од октомври конзумирам цеден сок од калинка и токму затоа во продолжение би сакала да ви кажам зошто е толку корисен и како е најдобро да се конзумира.

    Сокот од калинка може навистина многу лесно да се подготви дома, со помош на цедилка за портокали која се надевам сите ја имаме во нашите домови. Со помош на еден нож, калинката се сече на два дела и се цеди некзиниот сок, притискајќи ја врз цедилката (доколку е обична) или држејќи ја одозгора доколку имате електрична цедилка за портокали. Од две калинки со просечна големина (ни многу големи, ни многу мали) се добива сок како оној на сликата.

    [​IMG]

    Вака исцедениот сок се конзумира наутро на гладно срце веднаш откако ќе го приготвите. Сокот ја подобрува работата на срцето, го зајакнува имунитетот, и на телото му ги дава сите потребни витамини и минерали. Како лек за заштита на срцето и подобрување на имунитетот, е препорачува конзумирањето на овој сок секојдневно барем во текот на два месеци.

    [​IMG]

    Доколку наутро немате многу време, а сепак сакате да ја конзумирате калинката во текот на денот, со сокот може да ја зачините вашата салата наместо оцет или лимон, или пак во самата салата да додадете зрнца од калинка и да ја направите поздрава и похранлива. Исто така може да направите прекрасно ризото со калинкa.

    Секако, не би била биодевојка доколку не ви дадам и некој рецепт за убавина со сокот од калинка.

    1. Маска за лице

    Оваа маска за лице претставува витаминска бомба која го враќа сјајот на лицето, ја омекнува кожата и ја подобрува бојата на самата кожа. По употребата кожата ќе биде поздрава и ќе има прекрасен здрав тен. Сѐ што ви е потребно за реализација на оваа маска е:

    - 1 кафена лажичка свежо цеден сок од калинка
    - 1 кафена лажичка мед
    - 1 кафена лажичка маслиново масло (како замена може и бадемово, арган, јојоба или било кое друго лесно масло кое го имате дома).

    Се мешаат сите состојки и со помош на една четкичка се нанесува на убаво исчистена кожа на лицето. Се остава да делува 15 мин. и се мие со многу млака вода.

    [​IMG]

    2. Третман за висок сјај на косата

    Ова овошје позитивно делува и врз косата со тоа што дава навистина висок сјај на самата коса. Во еден сад помешајте по една супена лажица од следниве состојки: свежо цеден сок од калинка, свежо цеден сок од портокал, мед и маслиново масло (може и друго како бадемово, рицинусово, арганово итн). Смесата нанесете ја пред шампонирање на косата и оставете да делува околу половина час. Потоа убаво измијте со млака вода и убав шампон. Секако зголемете ја количината во зависност од должината на косата.

    [​IMG]

    3. Скраб за прекрасна кожа на телото

    Во еден сад помешајте шеќер со масло (бадемово, маслиново итн.) се додека не добиете убава кремаста скраб смеса. Додадете една супена лажица сок од калинка и по потреба уште маслку шеќер. Со оваа смеса направете скраб на целото тело.

    Се надевам дека она што го прочитавте во оваа статија беше доволно за да ја внесете калинката во секојдневната исхрана со цел да го подобрите вашето здравје, убавина и добросостојба.

    Голем поздрав и до следната статија.
    Вики
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Јас имам многу слаб имунитет и подложна сум на чеести настинки. Ќе почнам да го практикувам и ова, иако сокот од портокал ми е незаменлив.:inlove:
    п.с навистина прекрасно изгледаш @Biodevojka , natural beauty:*
     
  17. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.339
    Пол:
    Женски
    конзумирам доволно обожавам да јадам и овошје и зеленчук
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу драга. Пробај со соков од калинка, мене ми е незаменлив, го обожавам. Има слатко киселкаст вкус па доколку сакаш послатко може малку мед да ставиш. Поздрав :*
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lolo5

    Lolo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    796
    Пол:
    Женски
    Обожавам да консумирам и овошје и зеленчук. Но мислам дека повеќе сакам овошје :)
     
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    И овошјето и зеленчукот ги консумирам, здрави се и обожавам да ги јадам.