На оваа тема можеме да објавуваме огласи за вработување на правници/ приправници и сл. Адвокатска канцеларија од Прилеп има потреба од еден приправник/чка. Што бараме ? - Магистер по правни науки или студент во последна година на магистерски студии по правна наука заради стручно оспособување и стекнување на услови за полагање на правосуден испит. - Комуникативна, вредна и исполнителна личност. - Одлично познавање на Македонски Јазик ( Албански Јазик ќе се смета за предност). - Одлично познавање на Англиски јазик ( втор странски јазик ќе се смета за предност)). - Одлични компјутерски вештини и интернет. - Целосно вакцинирани кандидати имаат предност. Што нудиме ? - Мотивирачка средина во која ќе имате можност да ги истакнете своите знаења и вештини. - Пет работни дена во неделата од понеделник до петок од 9:00 до 17:00 - Можност за проширување на знаењата од облигационото право, должничко доверителски односи и надомест на штета. - Работа со ментор во насока на професионален развој. За повеќе инфо тука или во ПП
Можно е да им е стар огласот и сега имаат потреба и од стариот оглас copy/paste, али ако не е техничка грешка тогаш срамота за колегите за ваков оглас, сепак верувам дека е техничка грешка во однос за предност на целосно вакцинирани кандидати.