Здраво на сите. Се извинувам ако темава е на погрешно место. Се работи за следново. Имам понуда за работа по струка која од лични многу сериозни причини не можам да ја прифатам, но родителите и некои роднини ми вршат многу сериозен притисок, како да се оваа работа последната што ја имам како понуда во животот, а имам 30 год. Моите родители и роднините имаат ептен малку разбирање за мене, не можеме да се разбереме. Тие се луге во 60 години кои сепак се интелигентни но ете моите лични сериозни проблеми не можат да ги разберат. Што се однесува до решение за моите лични проблеми, веќе посетувам психијатар и моите знаат за тоа како и родниниве. Имам многу сериозни чудни навики кои веднаш се забележуваат од секого и луѓево во околината се чудат што ми е но сепак си премолчуваат, сите се добри кон мене и ме сакаат, почитуваат. Моите како да се помирени со тоа одредени чудни постапки постојано секојндевно да ги повторувам, луѓето да ме гледаат и тоа така да си минува. Имам соодветен факултет за работава. На претходното времено вработување и колегите и учениците ги приметуваа моите чудни постапки но си премолчуваа и се однесуваа кон мене во најголем случај со почитување. Потекнувам од многу угледно семејство. Од претходната работа си излегов со чест а не баш многу посрамотен, иако имаше доста непријатности. Ме плаши тоа колкав и каков удар ќе биде за моите ако ја одбијам работава, а додека не се излечам неможам ваков срам да си дозволам со новата работна понуда, за која морам последен збор да дадам до четврток, а после тоа имам уште една понуда за работа, во Скопје за која исто така моите инсистираат да прифатам, работа на некој начин по струка, но која исто така од истиве причини морам да ја одбијам додека се лекувам. Но премногу време мислам дека ќе трае лекувањето, по лична проценка аматерски, можеби повеќе од година. Но за тоа мислам дека имам нешто повеќе време да смислам каков изговор да кажам пред родителите. Голем оптимист сум а и верник дека и покрај двете понуди одбивани сепак кога тогаш ќе најдам некоја работа, па каква и да е. Оваа сегашна понуда била работа со средношколци, а тие веднаш ќе ги приметат моите чудни навики, ќе ми излезе име кое во малиов град брзо ќе се прошири, а и веднаш ќе разберат дека многу сум го заборавил јазикот на кој треба да ги учам. Не сакам да лажам, но толку многу сум очаен што ќе ги кажам најголемите лаги на светот само за да се спасам некако од двете понуди за работа, а истовремено моите родители на не добијат голем шок и удар од понудиве за мое вработување. За втората работа можеби дополнително ќе побарам помош. Ако добро помине сето ова, спремен сум нешто да частам ако има можност, а најпосебно задоволство ќе ми биде за првпат да частам девојка, можеби ќе звучи чудно но ќе мибиде барем малку освежување, зашто цел живот сум сингл. Но тоа на страна, сега ми треба помош успешно да ја одбијам работава. Ако сум заборавил нешто ќе допишам дополнително, што треба прашувајте. Поздрав.
Добро бе девојки, дами и другите членови, толку ли е тешко да се даде еден ако не некој добар, барем задоволителен одговор што нема да им падне премногу тешко на моите? Ве молам пишувајте по некоја добра идеја.
Ако имаш голем здравствен проблем,сосема логично е да се лечиш и излечиш пред да почнеш да работиш,инаку нема да можеш да си ја работиш работата како што треба. Разговарај со твоите и кажи им дека си свесен дека си возрасен и дека мора да стекнеш финансиска независност.Ете,веќе си работел,не си мрзлив.Само не сакаш да оплескаш.Тоа посочи им го. Нешто вака кажи им(ако искрено го мислиш тоа,мора да бидеш искрен) : Знам дека сте загрижени за мене.Јас имам проблем кој морам да го решам инаку нема да можам да функционирам,а и не сакам повеќе да ве загрижувам.Ве молам да покажете разбирање и трпение за моето лекување.Ве сакам и сакам да бидете насмеани.Само да се излечам и ќе дадам свој допринес. Само смирено зборувај со нив.
Добро а како мислиш да се прехраниш? Значи ако имаше семејство деца жена кој ќе се грижеше за нив? Зарем на терет на родителите ќе живееш? Што ако ти потрае болеста/? Јас мислам соочи се со предизвикот а паралелно оди на терапии и гледај да се контролираш колку што можеш. Не се малку 30 години.
Луѓето на овие простори, поготово постарите не ја сфаќаат тежината на менталните потешкотии и не го гледаат проблемот како проблем. Менталното здравје е најважно од све, и кога истото е нарушено човек нема волја да стане од кревет и да извршува најбанални дневни задачи, а не пак бркање кариера. Сум била во таква фаза, знам и зошто го зборувам ова. Друго нешто, приоритет треба да си си ти самиот на себе. Не твоите родители. Имаш 30 години и чекаш одобрение од твоите, јас тука гледам проблем. Фокусирај се на себе, на лекувањето, продолжи да посетуваш психијатар а работни можности имало и допрва ќе има. Здравјето ти е најбитно.
Кажи им дека нашле други работници и ги примиле со врски. Се консултираше ли со психијатарот што мисли за сето ова мислам дека тој ќе ти даде најдобар одговор и решеније.
Кога веќе од старт не си бил сигурен дека си во можност да работиш зошто воопшто си им кажувал на твоите родители и роднини за работните понуди? Како што ти кажаа веќе, објасни ја ситуацијата на твојот лекар и донеси одлука со негова консулатација. Нормално дека твоите родители ќе инсистираат да се вработиш за да се осамостоиш и нема ништо лошо во тоа. Друга опција ти е да побараш работа од дома и да работиш така доколку е возможно. За тоа колку време ќе трае терапијата никој не може да ти каже, ниту лекарот, особено ако си на почетокот на лекувањето.
Ви се извинувам за доцниве одговори, бев нешто зафатен. Фала ти многу, апсолутно токму тоа и ми е намерата и главен приоритет во животот овие периоди, прво да се излечам целосно а дури потоа сам да барам работа, каква и да било. Фала ти многу, многу добро си ме разбрала, само не сакам да оплескам. И јас слично размислувам, покрај твоиве предлози, во очајот би сакал да им кажам нешто како збунет сум, многу загрижен, не сакам многу разочарувања итн. Твојов предлог ми изледа како исклучително добро решение Најверојатно така ќе им кажам. А она што е сепак и покрај сите маки што ги имам со моите, утешно ми е што нештата сепак не се таков удар за нив, можеби ќе ги погоди помалку одошто замислувам. Значи или не сум ги процнил добро, или реалноста погрешно ја перципирам, што сериозно ме загрижува ептен, но полека но сигурно од се ке се излекувам со тек на време. Толку многу ми се допадна твојов одговор, што би те замолил повторно да ми предложиш вакви идеи, се надевам дека не е претерано или безвезе молба од мене до тебе. Психијатарот досега ми рекол дека лекувањето ќе се одвива постепено, но не ми дал предлози за вработувања, и јас бев зафатен не бев во можност да одам на контролен преглед цел месец. Врвен приоритет ми е прво да се излечам добро, а потоа да побарам каква и да било работа, се што и да можам да работам, затоа немам семејство, деца, а како што кажав ниту девојка, а на сето ова вршат притисок моите, само не знам како ги игнорираат моиве состојби, душата ми е очајна да си фатам девојка, навистина ми фали тоа се разбира и најнормално многу ми фали, но што да правам додека не сум излекуван и тоа во целост, зарем некоја девојка ќе ми прогледува низ прсти и ќе го трпи сето тоа? Мислиш дека јас како сериозен и созреан човек не ме измачуваат премногу и не размислувам веќе одамна за сите овие работи? Велиш да гледам да се контролирам, но тоа е преголем проблем, не можам! Но, и прокрај се, јас сум од оние луѓе кои колкуи претерано да им е тешко, не ја губиме надежда дека се може да биде добро. Иако ми се 30 години.
Нема на што.Само биди искрен и решителен да се лечиш. Смирениот разговор е најбитен. Биди редовен кај психијаторот. Арно ти кажаа,возрасен си,стави се себе на прво место.Кажи им на твоите дека си свесен дека ти мислат добро,а ти дека баш и за нивно добро(за да не се грижат) сакаш да си помогнеш. Прво,помогни си на себе,а потоа кога ќе ти биде подобро,ќе си најдеш асална работа и љубов.
Ти благодарам премногу, ептен добро си ме разбрала, да си ми жива и здрава заедно со се што тие е најмило. Само на едно место згреши, не чекам одобрение од моите за ниту една од овие работни понуди. Кај нас во семејството има голем углед познанства и авторитет и преку тоа ми доаѓаат доста работни понуди низ животот, ова не е ниту прва ниту последна. Ај за ова одговори ми што да направам те молам. Веднаш би те частел за секој успех!
Дали тие знаат дека посетуваш психијатар? Според мене треба да седнеш и да зборуваш отворено со нив како се чувствуваш, објасни им дека не бегаш од работа туку дека тајмингот е лош бидејќи сеуште не си закрепнат и си фокусиран на тоа. Нема потреба да лажеш и да се главиш со банални изговори, кога вистинската причина сама по себе е доволна за да те разберат.
[QUOTE="VDT2906, post: 4187672, member: 120379"]Кажи им дека нашле други работници и ги примиле со врски. Се консултираше ли со психијатарот што мисли за сето ова мислам дека тој ќе ти даде најдобар одговор и решеније.[/QUOTE] За ова Бога молам, но засега не може да се случи, а преку моите дојде понудата јас сум прв кандидат. Прво се чека до утре попладне на мојот одговор, дотогаш во вас феминки барам спаси другите овде.
Еве,јас и lovestoneddd истото ти го збориме.Направи отворен,искрен разговор со твоите без лаги. Ако не веднаш,ќе те разберат со тек на време.
Да знаат и се помирени со тоа, макар што немаат доверба во него, некои за лекувањето, а некои за дискрецијата во однос на пациентот. Сосема си во право, моиве состојби на психата се апсолутно доволен изговор, но моите како и родниниве како да ги игнорираат и ако се многу сериозни состојби, па не можам да ги разберам зошто така прават. А твоево објаснување е добро и можеби единствено како и оние предлози погоре. Од другите.
Работата е што не гледам причина да лажеш а плус не знам ни што би можел да излажеш. Сам рече дека преку нив си ја добил работата, значи они ќе бидат запознаени со секој можен исход, и плус во мало место рече живеете, значи ќе се дознае порано или покасно и грдо ќе биде. Седни ги, разговарај и нека се соочат со состојбата, не да бегаат од неа. Не си мало дете, туку маж и избори се за својот глас колку и да те притискаат. Поздрав
Да, може да има важност тоа, но секако пред моите, како изговор, но вас ве замолувам само да ми дадете добри предлози за тоа што би кажал како можни причини за одбивање на работава. Да, доволни се досегашниве, но никако немам против да има нешто плус.
@Zero_Cool немаш обврска да се правдаш кога одбиваш работа. Ќе кажеш дека понудената работа не се совпаѓа со твоите моментални планови и обврски. Толку.