Одбиени работни места

Дискусија во 'На работното место' започната од rossonerka, 11 јануари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Ви се случило ли да одбиете некое работно место?
    Која е причината? Незадоволна во однос на условите? Платата? Не ви се допадна позицијата и работните обврски? Очекувавте нешто поинаку? Не ви се допадна односот со надредениот? И Х други причини кои слободно може да ги објасните.
    Колку размислувате за одбивањето? Дали ви е тешко донесувањето на таа одлука? Бидејки секогаш постои ризик при тоа одбивање.

    Е сега дали сте почуствувале каење за некое одбиено работно место? После некое време да си речете требаше да прифатам, изиграв многу лошо. Ама времето не се враќа назад за жал.
    Дали би прифатиле некоја од понудите сега? И зошто сега размислувате поинаку од тогаш?

    Или стоите 100% зад сите свои ставови и не се каете воопшто за ниедна одбиена работа ни после некое време. :)
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.280
    Допаѓања:
    5.165
    До сега сум одбила само една работа за еден клиент. Таква ми е работата да носи и одговорност и последици. Ја нема таа пара што би ме платила и ме натера газдата :^) да направам нешто што е вон Законот. Побогу имам семејство, имам дете а фала богу не трпам за леб.
    Не ми е криво и да ми се понуди пак не би прифатила.
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.654
    Не сум имала некоја бог знае каква понуда за работно место па да се каам, но сепак имало повеќе кои сум ги одбила и зад кои одлуки цврсто стојам и ден денес исто би постапила.

    Првата ситуација беше пред неколку години кога ми се јавија за работно место, ми понудија во тие услови одлична плата, службено возило и супер работно време што дури и изгледаше премногу добро за да биде реално. Откако бев 2-3 пати на интервјуа и на 2-3 часа пробна работа, дознав дека уствари јас треба да ја заменам веќе вработената таму (за што она не беше информирана) и да ја лажам дека сум роднина за да не се чувствува лошо кога ќе работиме заедно додека да ги поднаучам работите, а потоа ќе и даделе отказ. Директно не одбив, најверојатно немав храброст за тоа, но кога ме бараа по телефон не кревав. Сиот тој сомнеж, таа таинственост, таа демек лесна работа, а добри пари некако ми влеаа премногу страв и цврсто решив дека нема да им дадам шанса.

    Другата ситуација ми била слична ко претходната. На интервјуа одев кога немаше никој од вработените и газдата некако беше премногу отворен и пробуваше на секој можен начин да створи лажна блискост. Друга работа што не ми се допадна беше канцеларијата (ако можам така да ја наречам) и најважно, дејноста со која се бавеа. Како голем љубител на животни, незамисливо ми беше (сеуште ми е) да работам со некои чија работа е да ги убиваат, односно да ги прават производи за прехрана. Одбив, и никако не се каам за тоа.

    Имало уште многу ситни, небитни други понуди кои сум ги одбила и не вредат да ги споменувам, но во главно ништо од тоа не ветувало блескава иднина или не знам ти каква кариера.
     
    На Alianna, maca99 и rossonerka им се допаѓа ова.
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.878
    Одбив, на почетокот на минатото лето.
    Стануваше збор за практично хонорарна работа, додека да магистрирам. После магистрирањето ми се ветуваше почеток на стажирање на истото место, а во меѓувреме немаше ни ден стаж да ми се евидентира. Притоа ќе ми беше платено 5000 денари, кои ни самата кирија не ми ја покриваа. Имено, летото ќе работев со загуба, како финансиска, така и временска, ќе можев да го концентрирам времето на пишување на тезата, а воедно и лето, нели. :wasntme:

    Каење? Не. Можеби ме чека некоја посветла иднина во која трудот ќе ми се исплати.
    Воедно, како одбиени ги сметам и оние работни места за кои сум мислела дека голем дел од предиспозициите исполнувам, но не сум аплицирала за истите, поради несоодветна струка или барање нешто подобро.
    И работава која ја работам сега не ми е по струка и во други услови секако дека би ја одбила, но кога тато веќе не носи, а мама мора да меси, од некаде мора да се почне.
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    11.015
    Пол:
    Женски
    Еднаш само имам одбиено.
    Четврта средно бев, на шала почнав да волонтирам во забна техника. Од школо таму, па дополнително на обука. Од 7 сабајле, до 12 вечер бев излезена. Ама не ми сметаше, мерак ми беше.
    Дојде време да се запишам на факултет. Докторот ми рече дека ќе ме пријавел, само јас ќе сум си работела, солидна плата спомна ама... :!: под услов да не се запишам на факултет.
    Искрено многу се мислев што да правам.
    На крај одлучив да ја одбијам понудата и се запишав на факултет со објаснение дека сега имам можност и ако не се запишам сега, никогаш нема.
    И толку. Човекот после тоа никогаш не ме викна. Сега всушност сфаќам зошто го направи тоа. За утре здравје Боже да има еден конкурент помалку, а мене ќе ме зароби за навек.
     
    На SparkyAngel, maca99 и firequeenn им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.523
    Лани одбив едно работно место, во Топ Шоп.
    Искрено, многу ме боли кога ќе се спомене концептот процент како начин на плаќање.
    Тоа според мене функционира во сите добро развиени држави, освен во нашата.
    Процент... со исклучок на 2-3 места кои си држат до она што го ветиле, остатокот се прават наудрени кога им ги соопштуваш твоите резултати.
    Додека ти си работел и си се надевал на најдоброто, на поголем процент од заработувачка, на крајот те прават магаре или ти изнаоѓаат маани, само да не ти ја исплатат заработената сума.
    Плус, може до утре сабајле да убедувам некој клиент да го купи производот, и 5 мин. откако ќе станам од столчето, да и' се јави на друга колешка и - отиде фамозниот процент.
    Јас инсистирам секогаш на фиксна сума, они ме гледаат накриво... чао, пријатно.
    Почетна плата 5000 ден. + процент... :^) непријавена, со 3 месеци пробна работа со 3000 ден. надомест...

    Да плачеш или да се смееш, прашање е сега.

    Одбив уште две вакви слични варијанти минатата година и воопшто не се каам.
    Знам дека сум поспособна и заслужувам подобро.

    Мирно и трпеливо се обидувам да го пронајдам она што ми припаѓа, додека непрестајно го силувам сајтот Најдиработа и Вработување.

    Нема да прифатам работа која ќе ме носи во минус како минатите, џабе работи - џабе не седи, па макар пукнала дома.
     
    На maca99 и girl.23 им се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.320
    Се пријавив еднаш на еден оглас од Најдиработа, искрено не памтам како беше опишана позицијата, а немаше напишано за која фирма се работи.
    Ми се јавија да дојдам на интервју, ама кога слушнав дека се работи за Травел Хаус, не ме видоа утредента :D
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.762
    Одбив работа во казино поради видот на работа, зачаденоста, типот на луѓе кои одат таму и третата смена која за мене е незамислива.
    Платата беше солидна, но ништо преголема во споредба со некои казина во МК.
    Немам воопшто зажалено. :)
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.575
    Допаѓања:
    70.556
    Првата работа што ја добив. Не знам дали е класично одбивање, почнав некако на брзина, не ми кажаа ни плата колку ќе ми биде. Работев две недели и си отидов, и до крај не дознав колку ќе ми биде плата. Во меѓувреме најдов многу подобра, со јасни услови.

    Една за која и ден денес не сакам да размислувам, затоа што не сакам да заклучам дека се каам. Веќе бев пртрупана од работа, ми понудија можност што знаев дека лесно ќе ме доведе до добро место - требаше да соработувам со странски директори на многу добра фирма, и одбив. Колешката што прифати се вработи таму во рок од 3 месеци. Уште е таму, со супер плата и услови. Не знам дали се покајав, до сега можеби не затоа што сум имала среќа со работа, ама таму ќе имав поголема стабилност, и можеби еден ден ќе зажалам. Не е ни важно, и онака поминаа 10 години :D

    И откако сум добила една работа се случило да ми понудат друга каде што исто така сум аплицирала, ама не сум прифатила - има неколку такви, ама сите одамна.
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Откако почнав да барам работа уште додека студирав имам одбиено неколку места, но не се каам за никое.

    Првото беше кај адвокат за мала плата, а и не беше тоа пред се пресудното, уште кога ме виде почнаа муабети мило ми е, супер помина интервјуто, штета не е тука син ми и он да присуствуваше, ти пред се со него ќе соработуваш, он инаку е постар од тебе 4 години, само што зема адвокатска лиценца, супер дечко е, таман за тебе. |( Ми рече дојди од понеделник почнуваш со работа, му јавив викендот и му реков не ми одговара чао приетно.

    Второто беше во агенција за недвижности, правник, навидум одлична работа, фино место, фини луѓе, НО кога ми понудија работно време од 9.30 до 19.00. Таа ми потенцираше дека се останува често и подоцна, а воедно ако имам обврски на факултет секое тркнување ќе си го одработувам до вечерни часови, а да не зборам цел ден што ќе го поминувам на работа. Кога ќе учев? Мислам дека нема да добијам друго работно место со покрш работно време :D

    Пред месец дена одбив и друго работно место, ми беше понудено на интервју работа која изгледаше примамливо, бев пробно 1 недела а по таа недела на состанокот да резимираме ми понуди сосема други услови што немаа благе везе со првото интервју, ама апла благе везе. Се беше поразлично. И кажав дека како што не се придржува кон договор така јас не сум заинтересирана.

    И последно деновиве ми се јавуваат од едно работно место и ми нудат работа, а јас чекам одговор од друго работно место кое го посакувам. И не се јавувам на мобилен цел ден, а ми ѕвонат :$ И осеќам на крај ќе испаднам и без двете места. Каење или радост? Уф не е лесно :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SABAH

    SABAH Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    26
    Одбив работа во Младинска книга... Не е тоа за мене. Шетање цел ден, тропање од врата на врата, убедување луѓе да купат (навистина преубави) енциклопедии...
    Изгледа не ми горело многу под нозе па затоа откажав. Се изедов после тоа... можеби го фатив местото на некој на кој навистина му требало работа и после - чао. :worried:
     
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.669
    Јас сум стоматолог,пред некој месец одбив работа како сестра во стоматолошка ординација :worried:
    Отпрвин (да не се разбереме погрешно) не сакав да чујам да работам како сестра.5,6 години мака,финансии,една година стаж-кој не еплатен,и ми беше понижување кога одев на интервјуа а ми велеа дека ќе работам како сестра :worried: .Така видов невидов,реков ајде подобро нешто,него ништо,пак ќе бидам во струката.И се нафатив прво,за бедни 8000 ден,без хранарина и превоз.Ми текнува дека плачев тој ден кога прифатив.Кога стигнав дома,ми се јави докторот, рече уште заборавив за бременост да ти спомнам,па на паузи не смееш да се дружиш со сестри,ќе си седиш во ординација,па уште ова уште она.......а претходно саат и нешто се договаравме за работата.Му се јавив и одбив а тој лом ме направи.Не ми е криво,му кажав и јас што ми лежи на душа.
    Потоа одбив уште една работа како сестра ,само овојпат ми нудеа 6000 ден.
    Која мотивација би ја имала јас?Размилуваат ли и на тоа газдите? Или знаат дека е немаштија,дека работа тешко се добива и одбива,па што сакаат прават со вработените.......
    Сега единствено ми останува да барам работа како медицински претсавник,што и барам,ама тешко.Се надевам единствено дека за нас стоматолози,ќе дојде подобро време.
    Вака како претставник,би земала 15-18.000 ден и тоа почетна плата за 3 месеци,а како стоматоло т.е. сестра 6000-9000. ;(
    Катастрофа,луѓе!!!
     
    На Silver.E, sesilija, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    да и одбијах и излезех надвор од дражавата и сега ми е супер ценат ме добро сум платена и се што тука не бев
     
    На Snowbell, dream.queen, hunny-bunny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    863
    Откако дипломирав имав понуда од еден мој професор да останам за демонстратор на факултет. Не е баш работно место, ама имав можности за напредување. Во тој момент бев во незавидна положба (заради семејни проблеми), немав можност да се запишам на постдипломски и да останам да живеам во Скопје и заради тоа ја одбив понудата. Многу жалам за таа одлука, ама немаше друго. Не знам дали повторно ќе имам таква прилика, и не ми е толку жал за местото на демонстратор, туку за изгубената огромна поддршка што ја имав од професорот.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.978
    Пол:
    Женски
    Одбив работа која воопшто не е поврзана со мојата професија, но е поврзана со нешто кое мене лично многу ме интересира и сум се вклучувала во многу такви проекти уште од средно. Им пишав мејл, а моето CV очигледно многу им се допаднало, затоа што беше преполно со работа од тој тип. Веднаш ме исконтактираа.
    Не ги знаев условите за работа, затоа што во огласот не беа наведени детали.
    А откако ми кажаа што и како ќе биде, испадна дека не е тоа што очекувам, иако имав многу оптимистички мисли. Испадна дека нема фиксна плата, туку се работи за процент, што мене ми е крајно безобразно (особено во овој случај каде што имаше многу работа, а многу мал процент).
    Да беше целата работа онака како што очекував, ќе ми беше супер и воопшто немаше да се двоумам.
    Не се каам во никој случај и не дај Боже да дојдам до тоа дереџе да работам за процент.
    Поголемо искористување и злоупотребување на туѓиот труд, е само она да работиш а воопшто да не ти даваат плата.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Не знам дали моево прашање спаѓа во оваа тема, ама барав и решив тука да го поставам.
    Можеби сте читале дека супер поминав на првото интервју, и еве сега после 2 недели ми се јавија утре пак да одам на разговор, најверојатно ќе ме примаат. Се работи за приватно школо за јазици.
    Е сега, во меѓувреме, мене ме повикаа и во друга фирма на разговор. Овде станува збор за конфекција каде што бараат преведувач, но и некој кој ќе работи со документи од царина. Јас веќе првото место го отпишав затоа што не ми се јавија како што рекоа. Супер поминав и на вториот разговор, ама уште немам одговор од таму.
    Се мислам дали да ја прифатам работата утре. Се двоумам затоа што уште на првиот разговор газдите ми кажаа дека до јануари ќе треба да одам без плата на работа, тоа ќе ми се сметало како обука, да видиме сите дали ќе се уклопам со предавањата и учениците. Не е малку време, со оглед на тоа што ќе треба од понеделник до сабота да седам таму по 7-8 саати дневно. Јасно ми е дека во мал град како мојот, наоѓањето работа е тешко, а плус па и на струката. Како да се поставам утре на разговорот?
    Од конфекцијата нема ништо уште, не значи и дека воопшто ќе ме повикаат за работа. Станува збор за две сосема различни фирми но и двете се поврзани со мојот факултет.
    Ако гледам за во иднина, искуството во школото повеќе ќе ми треба и ќе се цени отколку работата со царински документи. Затоа што, реално, конфекциите кај нас немаат многу работа со англиски преводи.
    Навистина сум во дилема. Се плашам да не згрешам, да не ја испуштам шансата, но не сакам и да ме искористуваат. Што ме советувате? :)
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.320
    Да прифатиш :) За време на таа обука претпоставувам дека ќе немаш никаков договор штом нема ни да те плаќаат, па во секој момент можеш да напуштиш и да отидеш на второто место ако повеќе ти се свиѓа :)
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.486
    Сакам да го нагласам оној момент кога ти кажале дека ке бидеш на обука до јануари треба да работиш без плата |( што е со луѓево и фирмиве .Мое мислење е одма да ги откачиш ,тоа се несериозни (донекаде е добро што кажале однапред ), и сакаат да го злоупотребат твоето "НЕ"искуство ...Зошто поставуваат критериуми за рабона позиција,прават интервјуа а потоа сакаат некој што ке оди да работи така :?: .Без разлика која фирма ке биде,цени си го знаењето преку ПЛАТА -та (затоа немаат сите иста плата ,има почетна плата па се надоградува ) и почит.Никој не работи за фала и жими мајка да знаеш.Ако насетат дека можат да манипулираат безмилосно ке го злоупотребат трудот на работникот .Од лично искуство,подобро дома отколку без плата да се работи ..(да е обука ВО РЕД,а за оформен човек-работник што ги исполнува критериумите не повеќе од 1 недела обука ) . ДА да не биде обесхрабрувачки сепак искрено кажано првите работни места се мн брзо променливи сметај ги за искуство пишано во твоето цв ;) .Одбери она што ти отвара можности и надоградба од твојот факултет,но истовремено стави си на кантар дека вредиш и ке придонесуваш во таа фирма па да го платат тоа пристојно . (ова со платите го сфаќам како со оценките ,некој се бори за 5ка а некој веќе ја имал заслужено од предходно -искуство нели ) ..Со среќа ;)
     
    На Silver.E и happygirl им се допаѓа ова.
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Епа и мене ми е тоа. Да ми даваат некаков минимум за време на т.н. обука, барем трошоците за храна да си ги покривам. Точно дека јас немам никакво искуство, ама да седам таму по цел ден за ништо? Плус, тие си имаат професорка која ќе работи кај нив до НГ, значи неа си ја плаќаат. Јас ќе треба да влезам место неа, и ми рекоа дека ќе склучиме договор во јануари.
    Стварно не знам како да им пристапам утре за плата. До јануари здравје, јас треба и да дипломирам. Не знам која е платата што треба да ја прифатам? Во конфекцијата кога бев на интервју, уште одма ме прашаа колкава е минималната плата што би ја прифатила. Им реков 12 000 ден. затоа што знам дека вработените таму земаат и по 30 000 ден. А за ова школово, има муабети дека даваат по 8000 ден за дипломирани професори. За мене тоа е ептен малку, со полн фонд на часови.
    Немам искуство да, ама тоа не значи дека треба се да прифатам од нивна страна, нели? :^)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.486
    Многу незгодно-трик прашање е (колкава плата очекуваш ? |( ) .Реално да не се лажеме сите очекуваме повеќе така да и они си го знаат тоа.На едно мое интервју добија одговор дека очекувам пристојна плата за тоа што ќе бидам ангажиран.Јас сум тој што треба да изврши одреда работа за нив,нивно е да понудат плата а мое дали ке прифатам .Не споменав сума ;) (одбегнувај суми да споменуваш да не дојде до непријатна ситуација со превртување очи ,само ако инсистираат кажи си што па би изгубила да си побараш пристојна плата ).Ова со училиштето за јазици ми се допаѓа како звучи .Обиди се преку разговор да ги насетиш со какви намери се ,што се треба да работиш (во работни часови ) ,дали ке бидеш пријавена веднаш после н.год (за да си користиш и други бенефиции како одмор ,кредит и сл ) .Доколку немаат конкретен одговор размисли колку они имаа работа (ученици ) за да можат да те плаќаат .Да не биде после брканица за плата :geek: .Текстилната фирма е пекол ! Тоа не би ти препорачал.Имам другарка што во ск работи преведувач во една голема фирма-компанија што се занимаваат со текстил.Извози чуда документи 1000000000 ,еднаш не беше во можност да отиде поради влошено здравје па и висеше работата на конец :fubar: ..(индиректно уценуваат дека има кадар секогаш што ке прифати да работи под било какви околности ).Не се оптоварувај каков муабет да им направиш,биди си природна и искрена и сконцентрирај се на овие работи што ти се тебе од корист -приоритет .Како што ти кажав од фала никој не живее но ете некогаш треба можеби да се направи мала отстапка поради искуството но да биде ферски и убаво договорено.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.