Батко мој, 2 год и 2 недели има. Цуца му е најверна другарка,особено од мај навака откако го одбив од цицање. Тогаш си најде утеха во цуца и на секое гушкање(допирање до моите гради) одма викаше цуца, цуца. Имаше период кај што успешно ја криев и ако не ја гледа-не ја бара(освен за спиење) Но следуваше преминување во нова градинка,па настинки итн и пак се врати по старо по цел ден со цуца во уста. Претходната недела пресековме со татко му и рековме нема веќе цуца, па кога ќе ја побараше не ја дававме. Следуваа драми ,врескање ,трескање од земја. Постепено го одложувавме времето и ќе му ја дадевме. Сега после една недела имаме успех ,кога ќе рече цуца го игнорираме и по некое време и он ќе заборави. Му ја давам за спиење само ,од сабајле кога ќе стане со татко му заедно ја кријат да не ја земе крадецот додека е во градинка. Во градинка соработуваат учителките со нас и му ја даваат само за спиење(или воопшто не му ја даваат) Пред два дена имавме случка, му ја пресеков горе со ножички и кога ја бараше (а викавме пилето ја земало-на керамички сад за испарување вода на парното има пиле) му ја дадов. Во истиот момент ја забележа дека е скината,ја вади со гадење вика скината е,не ја сакам оваа дај ми друга. Се убедувавме 5мин на крај почна да плаче како рака да сум му пресекла. Ме здоболе и му дадов друга. Вика сега пресечената фрли ја во канта Многу потешко оди одвикнувањето од цуца отколку од цице,а мислев за 3 дена ќе ја заборави. Дали имате предлог друг начин да пробам(а да не е болно)?
Син ми сега го одвикнав од цуцла на скоро 2 години исѕо беше многу зависен од неа. Но еднаш исто му ја пресеков и му реков дека бумбар му ја каснал и тој сам ја фрли и веднаш ја побара другата и му ја дадов. Но после неколку дена му падна во нокширчето и тој ми побара друга и јас му кажав дека другата бумбар му ја каснал и не му дадов нова. И тој ден цело време ја бараше јас само го прашав каде го расипуваме нокширчето и тој во шоља и му викам после што правиме и тој пуштаме вода . И тогаш му кажав дека водата ја однела во некоја река и дека кога ќе одиме на река ќе ја бараме. Проблем беа првите неколку ноќи после тоа се навикна и не ја бара веќе. Со лесно
Добра тема, браво Ги следам одговорите и искуствата од сите. Малиот е 1 година и 4 месеци и мислам да го оставам уште некое време со цуцла, ама знам дека и кај нас ќе биде истиот проблем. Толку си ги сака цуцлите што во сон си ги бара околу и само ги менува.
Три пати го одвикнував од цуцла. Првиот пат зачудувачки успешно третата вечер веќе спиеше без проблем ама за брзо почна да ми спие на цицка. За да можам да се наспијам како човек пак му купив. Вториот пат исто лесно, е третиот душата ми ја извади цела недела. Наеднаш тргнаа двојките и четворките и пак му дадов. Сега е 24/7 со цуцла ама го оставам. Нека израснат забите и пак исто ќе направам, ќе ги фрлам и крај. Жал ми е сега, тешко му е, го боли и само се чеша, нека има некоја утеха. Нема друг начин освен добра приказна и фрлање. Другарка моја успеа на граница на одмор Му рекла нема да те пуштат со цуцла, ја фрлил и крај.
Тешко начин кој не е болен И јас намалував така, прво само за спиење, после само додека заспие па ја вадев, после ја пресековме и сама ја фрли во кантата. И тука веќе не дадов повеќе, беше тажно кога ноќе бараше, ама ако сте решени, мора да пресечете, ќе помине и тоа за неколку дена.
20 месеци сме, периодов е со вадење 4ки ептен нервоза и нејадење. Ја гледам дека и е утеха се смирува со нејзе и мислам не е погодно време а знам дека ке биде плачки во иднина. Ке читам совети секако.
Никогаш нежа да го одвикнеш ако вака правиш. Ќе престанеш да ја даваш и ќе имаш трпение. Мојата беше негде 14м и викав мачето ја изеде и тоа беше
Незнам за вас, ама јас не се замарам да го одвикнам од цуцла. Ја бара само за заспивање, има 2 ипол години. До кај 3 години би му ја оставила. Не ми е нешто којзнае што за да си правам стресови. Незнам дете што не баталило цуцла кога тогаш во животот. Золва ми ми се напна да сум ја фрлела пред 2 години. Не гледав потреба, мене цуцлата ми беше спас. Ми личи како сам да ќе се одвикне исто како од млеко пиење навечер, исто како од шише со цуцла пиење. Кога ќе е спремен, тогаш. Постепено сам го намалува користењето. Од дете што не вадеше цуцла од уста, сега само за заспивање ја бара. До скоро на сред ноќ ја бараше, сега веќе не.
Мојава така... повеќе од 3 години имаше. Веќе и разбираше кога и' реков: Ај доста ти е цуцла, си ги искриви запчињата. Ко зајаче беше Не знам зошто за се' ги форисраат децата. Кога да проодело, кога да прозборело, кога ќе ги оставело пелените, кога ова-кога она. Не е натпревар. Секое дете си има свое темпо и индивидуалност.
Менталитетот е кај нас таков. Имам другарка во Германија, вика има деца по 4 години во градинкава и уште носат пелени. Никој не се оптерерува ко кај нас.
Ај тоа, ама што е најлошо од баби, тетки, комшики, притисок се врши како за живот да се работи. Ауууу цуцла уште држи? Фрли ја во огнот, речи му нема, фрли ја во канта, кажи му ѓубреџијата ти ја зема, исечи ја, бла бла бла. Кој ве праша бе? Или па аууу 2 ипол години има уште носи пелени? Ајде одучете се, големи сте веќе. Вие ми купувате пелени? Господе боже
Ќе ги матам, нив ќе ги слушам. Тие завршиле работа со нас. Сега, јас сум родител и јас одлучувам за моето дете.
Моето на 8м го одвикнав од цуцла и супер ни беше, ама за беља по роденденот бевме во болница и таму створи некоја лоша навика да ја цуца цуцлата од шишето ми беше жал по цел ден сами јас и тој затворени во една соба и го оставав. Е сега нема заспивање без шишето и да е полно ќе испие и продолжува да шмука, или ако не сака да пие веќе го фрла и бара празно. Пробав обична цуцла да му дадам да не шмука на празно да голта воздух не сака, пробав да му ставам пречка да не може да голта воздух го фрла шишето и плаче. Преку ден не го прави тоа само за заспивање и навечер ако се разбуди понекогаш (се мачи со заби ги извади сите четири двојки, сега четворки вади) го бара шишето. Некој искуство? Ќе му помине ли оваа фаза 14 м е
Мене не ми го примаат во јасли зошто имал 2 години и носел пелени. Која глупа логика. Не можат сите деца да се исто. На темава. Моево со цуцла беше по цел ден. Ја вадеше за јадење и ко ќе сакаше да каже нешто. Резерва обавезно имав зошто ноќе се будеше и бараше. Еден ден ја загуби едната, другата после неколку дена ја скрив и му реков желката ја зеде(пред то бевме кај едни желки и му падна таму). Толку беше, само 2 пати ја побара, исто му кажав за желките и готово. Не очекував толку лесно да ја фрли, ама ете изгледа беше спремен. Важно е да не се попушта, некое ќе плаче појќе, некое помалку, ама ќе се навикнат.
Моето ги имаше делумно оставено пелените, сега ги вративме пак, чат пат кажува, чат пат не. Жал ми е, запек фати од што нејќеше да кака без нив и ги вративме. Сега знае некогаш да праша - Имам пелена? Му викам имаш, сакаш да какаш? Да. Сакаш во нокшир? Не. И што? Не сум била доволно упорна мајка ми рекоа. Нека не сум. Мое дете, не е нивно. За 1000 денари пелени во месецот не сум сиромашна, трауми со сила да му правам. Да не одам офтопик, ама се надоврзав. кога ќе е спремен ќе покаже сам, така и за цуцлата. Иначе во нашава градинка немаат такви барања. Кога ќе се спремни децата тогаш. Во гтупа кај син ми има деца по 3 и нешто години и уште се со пелени.
Пелени и цуцла немаат врска едно со друго, а темава е за цуцли, оставете си ги личните фрустрации на страна. Ниеден ортодонт нема да ви каже дека цуцла е супер. На форумов има феминки кои пишуваа за негативни последици од користење цуцла, кои последици се доста реални. Истиот тој менталитет наш значи дека ретко која мајка носи дете на забар од сам почеток, па проблем може да има а воопшто да не знаете. Цуцла давав до полни 15 месеци исклучиво само за дремка и спиење. Со полни 15 месеци ја одбив од цицање и истиот ден ги фрлив и цуцлите, не сакав да си пролонгирам уште еден проблем понатака - одбивање од цуцла. И тоа ми беше една од најдобрите одлуки. За второ, здравје, цуцла воопшто нема да понудам. @Sofi.ja со цуцла како и за се останато, решаваш, фрлаш и не попушташ. Ќе има кенкање 3 дена и ќе помине. Давање во меѓувреме не. Фрлај тоа гомце што побрзо. На другарка девојчето 4 години уште е со цуцла, ама затоа вилицата и е искривена.
Па баш јас го однесов кај мојот забар и ми рече дека запчињата му се здрави, баш го прашав за цуцла, ми рече како мислите така. Јас сум држела цуцла до 3 ипол години, ден во животот протеза немам носено, сите ми се прави заби. Мм па обратно. По мое, нема правило,секој родител одговара и се грижи за своето дете.