1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одење во црква за време на менструација

Дискусија во 'Религија' започната од CIA, 13 април 2012.

  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Стварно ли кога кога ти е дојдена црвената тетка не треба да влегуваш во црква,манастир ? :?:
     
    На Crnooka$ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    И јас така имам слушано ама еднаш кога бев во црква прашав жена што работи таму и ми кажа дека нема врска
     
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Можиш да влегваш в црква, ама не смејш да бакнуваш икони, така имам слушнато :)
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Слободно влези запали си свеќи ... Јас бев денес во црква и прв ден ми е, па што? Природна појава е тоа нели.
     
  5. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    И јас сум слушнала дека не се влегува ... Неколку пати ми се има случено на некој од големите празници да имам добиено, и не влегувам, седнам пред врата и ги чекам моите :^)
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.423
    Пол:
    Женски
    А да треба да се венчаш, ќе ја откажеш ли свадбата ако ти дојде?
    Не бакнувај икони, влези си и свеќа запали.
     
    На twilight123, CameliaMiller, I.love.your.lips и 2 други им се допаѓа ова.
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Се влегува, пред неколку години кога бевме на екскурзија во Бигорскиот манастир, другарка ми имаше добиено и не сакаше да влезе внатре. Потоа прашавме еден монах и ни рече дека може да влезе, но нечинело да гушнува икона, и да остава пари на неа.
     
  8. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Добро ја си кажувам за мене .... И да ке ја откажам, бидејќи целата ќе сум во бело и постои голема веројатност да расцветам на сред чочек :rofl:
     
  9. Taa

    Taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2009
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    69
    Нема врска слободно можеш да одиш...тоа е благодет од Господ, зосто да биде грев :)
     
  10. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    Во минатото кога немало улошки како денес со секаква заштита од пропуштање, жените носеле крпчиња парталчиња кога имале циклус, и наводно како што имам чуено не смеело да влегуваат во црква да не случајно им капне крв во црквата, а и знам дека иако е природно тоа, сепак е нечисто и тие денови жената се прочистува па не би било лошо да одиш пред или по циклусот (5-7 дена не ти менуваат ништо)... ако мораш да бидеш присутна со циклус (се работи за свадба твоја или некоја свеченост од која нема бегање) консултирај се со свештено лице, имаше дел од тоа во Библијата ама искрено не ми текнува, да не акнам нешто безврска сеа ...
     
  11. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49

    НЕ Е БИТНО ШТО ТИ КАЖАЛ НЕГО КОЈ ТИ КАЖАЛ од жена што одржува до свештено лице има разлика... убаво е ако сте веке ептен верници да гледате да си го намалите ризикот за глупости, се се простува и на тој што незнае, али ако ви значи убаво би било да се информирате за некои вакви ситуации, чисто ради вас :)
     
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Како може нешто што е дадено од Бога да биде погрешно? Зошто би било погрешно да одиш во Црква за време на некоја природна Божја работа. Многумина кажувале дека нема врска, дека само не смееш да ги допираш иконите. Јас сум била, не сум допирала нешто, но не гледам причина да не влезам за време на менструален циклус. Од Него ми е дадено тоа, нема ништо лошо. Не ме интересира што вели некој бидејќи доволно ми е она во што јас си верувам.
     
    На dahlia_desire, Natasa-Tase и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Смее да се оди во црква,само не смее да се причестува.
     
  14. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Е првап слушам мајке ми..... :tmi:
    Убаво кажува Miss.Ricci.Што е дадено од Бог и е природна работа не е грешка.Јас така си верувам и да имам добиено ке си одам во црква,а ако нешто се случи после тоа е од гаволот.Намерно прави да не веруваме во Бога,ама неможе тоа туку така. :devil:
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    и јас така знам....

    дури се сеќавам моите кога беа кумови се договорија првот татко ми да го крсти второто мајка ми.....дојде време второто да се крсти,на мама и се погодија деновите,и попот рече дека не ќе може. Дури и напомена да не ги бакнува иконите :!:
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Менструацијата не е дар од Бога, таа е казна Негова. Нели Ева го натерала Адам да касне од јаболката. Кога видел Господ и рекол на Ева- За ова што го направи на секоја месечина ке бидеш облеана во крв и ти и твоите керки, со маки ке раѓаш деца итн итн. Значи менструацијата е казна на Господ кон жените. И како ти со Неговата казна да влезеш во Неговиот дом (храмот)?

    За ова сум разговарала со поп, ми вика може ама да не одиш до иконите и тоа само во црква може во манастир никако.
     
  17. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Првата слушам за ова и не ми се верува,ама изгледа е тоно,леле што не ке слушнам :^)
     
  18. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Па мене баш на Велигден ми имаше дојдено и влегов во Св.Димитрија и ја прашав баба ми дали смеам да бацам икона и ми рече дека не чинело да се бацва икона на машките светци смеело само на женските оди демек овие машкиве те сметале за нечиста дека си,а исто не смеело и свеќа да се пали и другата баба ми има кажувано...Така да како шо ми велат така правам незнам колку е точно сето ова ама ајде :) :)
     
  19. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Па тие се светци, без разлика дали се машки или женски. И нејасно ми е како не смее да се пали свеќа кога тоа е едно непишано правило при доаѓање во црква. Јас кога одам во црква не можам да не запалам свеќа. Не е во ред да се верува на вакви работи, зошто девојче кое нема добиено не е ништо различно од девојче што има добиено.
     
  20. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Е стварно незнам..Мене баба ми ова ми го вели секогаш дека кога имам не смеам да бакнувам икона а мајка ми и мајката на мајка ми ми го велат сосема спротивното,незнам ни сама на кого да верувам..А на идивиди го пишуваше ова

    Сеуште постојат цркви кои го забрануваат влегувањето во црква на жени додека имаат менструација. Во минатото се мислело дека жена која крвари неколку дена ќе се сретне со смртта. Но менструацијата не довела до смрт ни една жена. Сепак како резултат на тие верувања, се смета дека менструацијата е дело на ѓаволот.Влезот е забранет во црквите и бакнувањето на иконите за жените со менструален циклус затоа што се смета дека тоа е поврзано со распнувањето на Исус и не смее да се внесува крв во црквата.

    Инаку мајка ми и мајката на мајка ми(баба ми) ми велат да одам во црква кога имам ама да не ги бакнувам иконите туку само да ги допрам и ништо друго а другава баба ми вели дека додека имам не смеам да стапнам во црква..Па незнам стварно што да мислам :?: :?: