1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Оди во ќош" како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од edna_malecka, 16 јули 2020.

?

Дали ја користите оваа воспитна мерка?

  1. Да

    5 глас(а)
    8,2%
  2. Не

    56 глас(а)
    91,8%
  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Како и кога да ја применуваме оваа стара дисциплинска мерка за да не ја влошиме состојбата?

    Праќањето на детето во ќош е дисциплинска мерка која до ден-денес ја применуваат и родителите и воспитувачите во градинките. Во теорија, оваа мерка звучи брилијантно: детето е немирно, го праќате во ќош за да остане само и за да се смири и, ете, одново е соработливо. Но, практиката тврди нешто друго: детето одбива да остане само, плаче додека е под казна и е уште повознемирено отпосле. Според неодамнешното истражување на Универзитетот за здравје и наука „Орегон“ во Портланд, 85 проценти од родителите кои го користат овој метод прават клучни грешки кои ја намалуваат неговата делотворност. На пример: разговараат со децата додека се во ќош, им дозволуваат да си понесат играчка со себе додека се под казна, пречесто ја користат мерката.

    Праќањето на детето во ќош не е комплетно безопасна мерка. Кога детето доживува тантрум или се соочува со голем наплив на нервоза поради неможноста да излезе на крај со сопствените емоции, праќањето во ќош може да биде контрапродуктивно. Во овие ситуации, на вашето малечко му е потребна утеха, всушност, нему сте му потребни кога му е најтешко, па неговото праќање во ќош може да делува како да сте го напуштиле. Да, одењето во ќош може да биде делотворно сѐ додека се користи во вистински ситуации, на соодветен начин кај деца над три години, не помали.

    ВООБИЧАЕНИ ГРЕШКИ


    > Пречесто ја користите мерката

    Одењето во ќош не треба да биде со цел да го натерате детето да учи преку лошите дела што ги направило, примарната функција на оваа тактика е да спречи нештата да ескалираат. Никогаш, ама баш никогаш во историјата не се случило некое дете да појде во соба и навистина да размисли што лошо направило. Напротив, додека е под казна, детето размислува за тоа колку се сурови неговите родители. Имајте на ум дека едукативниот процес започнува по завршување на казната, тогаш детето е смирено и е спремно за разговор. Ќошот е мерка за смирување, едукативнот дел, пак, ви останува вам како задача.


    > Му обрнувате внимание на детето додека е под казна

    Детето е неопходно да почувствува блага последица по заминувањето во ќош, во спротивно ништо не сте постигнале. Поголемиот дел од времето детето пати за вниманието на родителите, па е спремно тоа да го предизвика и преку лоши дела. Бидете внимателни, тактизирајте, бидејќи ако му дадете преголемо значење на лошото однесување, тоа може да донесе уште полошо однесување. Детето го добило посакуваното внимание и сега му останува само да го повторува она што ги натера мама и тато да го караат. Праќањето во ќош воопшто не мора да го поврзувате со столче или агол во собата, доволно е да му го скратите вниманието на детето на краток временски период. Неопходно е детето да заклучи дека со неговото однесување предизвикало да го изгуби она што најмногу му значи.


    > Ја користите мерката за погрешна цел

    Истражувањето на Државниот универзитет во Оклахома „Стилвотер“, откри дека тајмаутот најдобро делува кај малите деца кои обожаваат да контрираат, се однесувaат пакосно удирајќи или намерно го прават споротивното од она што ќе го побарате, но само ако прво пробате со поблаги мерки. Ако детето го ставите во ќош за различни типови проблеми или ако пречесто се користи мерката, однесувањето може да се влоши. Малите деца кои „кенкаат“ за чоколада или плачат за да играат на мобилен, подобро реагираат на други мерки.


    Кој го смислил седењето во ќош?

    Оваа воспитна техника датира од 60-тите години како похумана алтернатива на строгите мерки кои биле вообичаени за тоа време. Благодарение на д-р Артур Стаатс, просветните работници престанаа да ги удираат децата со линијар, а родителите заборавија на ременот, стапот и чешелот. Денес, ваквите мерки се назамисливи и строго забранети!!! Цели декади посветени на истражувања покажаа дека децата кои редовно се тепани, е поверојатно да станат агресивни или да се соочат со депресија и анксиозност понатаму во животот.





    > Само едно предупредување во однос на мерката може да ги редуцира седењата во ќош за 74%, ако детето не почне да соработува по 5 секунди, применете ја!

    > Не користете фрази како: „Стопати те предупредив!“ – и тоа се смета за обрнување внимание.

    > Колку време да седи во ќош? Една минута за секоја година од возраста на детето.



    Сите информации погоре ги имам прочитано од едно списание и ме инспирира да отворам тема. Доколку е глупа префрлете ја во корпа.

    Дали ја користите оваа воспитна мерка?
    Колку ја користите оваа мерка?
    Дали сметате дека оваа мерка е корисна мерка?
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Не се воспитуваат деца со праќање во ќош. Само фрустрација може да се предизвика кај детето. Психички лошо може само да влијае, ништо добро не гледам да има оваа мерка.
     
    На Autumn_, buba4e89, poppie и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.209
    Допаѓања:
    124.099
    Досега не. Еднаш ја пратив у соба. Сама си се качи. Одам по 5 мин, седнала на кревет, наведнала глава, споила ножиња.... абе срце ми се скрши.
    Оттогаш ако ја искарам, вика, пак ќе ме пратиш у соба?
    Сега само разговарам, објаснувам, се заканувам :) ама казна не.
     
    Последна измена: 16 јули 2020
    На Autumn_, mal.ecka, poppie и 10 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.906
    Допаѓања:
    32.481
    Пол:
    Женски
    Не користам ваква мерка. Памтам дека во школо често ја применуваа јас кога учев. Кој не е мирен се знае кај оди.
     
    На Nightwish11, Jana06, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Зарем сеуште родителиве ги праќаат во ќош децата?
    Ќе излеземе ли некогаш од 19ти век?
     
    На Someday, poppie, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.284
    Пол:
    Женски
    Не се чуди, затуцани луѓенца има кај нас.

    Жива глупост. Не сум добивала вакви воспитни мерки од никого, ниту сум била сведок на ова.
    Ама знам дека уште некои луѓе го користат. Сметам дека е глупост.
     
    На MrenaRiba, poppie, BlackMistery и 5 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.283
    Допаѓања:
    34.200
    Пол:
    Женски
    После насловот нема потреба да се чита воведот.
    Не за ваква мерка.
    Ниту ми текнало, ниту ќе применам.
    Ептен ми е нелогично ова, се праќа порака дека е цвеќе или ламба?
     
    На zuto, candy.cane, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
     
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    32.566
    Пол:
    Женски
    Не ми текнало на ваква мерка од причина што не ја користеле моите на мене.Моето дете е скоро 4 години и веќе лесно се разбираме што е правилно , а што не. Не користам казни бидејќи со разговор сме решиле многу проблеми , па по разговорот самата се извинува.Со извинувањето сметам дека ја дознала грешката и секое казнување би било вишок.
     
    На Nevenche26, Veta, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  10. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Само два пати ми се случило да го применам ова.
    Првиот пат, го пратив во ќош синчето затоа што беше немирно и направи белја, искрши нешто стаклено и му реков да седи таму додека не исчистам. Утредента пак беше немирен и скрши играчка, си го зеде столчето и сам отиде во ќош.

    Вториот пат се истепаа двете деца ги седнав во ќош и им реков додека не се смират да не се померат од таму, малата плачеше, после 5 мин почнаа да се смеат и да се гушкаат.
     
    На Snowflake97, edna_malecka, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.131
    Пол:
    Женски
    Немам деца и не знам што би коментирала на темава ама ме потсети на интересна ситуација кога чував едни близнаци. Децава по 5 години беа и цела мака на родителите им беше да ги натераат навечер заби да мијат, можеа да бират помеѓу стоење во ќош и миење заби :nod: и скоро секоја вечер си стоеа по 5минутки, а една вечер па едниот се мие, другиот одбива и стои..на секоја секунда прашува уште колку време има и на крај оди брат му го мењава дека жал му било да стои така:D цркнав од смеење тогаш
     
    На Autumn_, Snowflake97, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не сум ја применила никогаш оваа метода, но сметам дека е корисна.
     
    На Snowflake97, edna_malecka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Корисна е верувај,еднаш напраив една глупост и мама во ќош ме стаи да седам десет минути и од тогаш не ми текнало да цртам по ѕид. :rofl:
     
    На Nevenche26, christinnn, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    10.446
    Пол:
    Женски
    Мене два пати во градинка ме имаат пратено во ќош и знам дека не плачев ни се жалев, туку бев испосрамена зошто седам во ќош, ме испојадоја бруки..(facepalm)

    Иначе не сум за ваква воспитна мерка.
     
    На candy.cane, SummerGirl и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Траума од 1во и 2ро одд ејј..
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми звучи гестаповски :envy:
    Се плашам од зборот јас,а како му е на детенце :x
     
    На edna_malecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Интересни ставови. Во децата и градинките кога се зборуваше на темава, добар дел ја оправдаа меркава.
     
    На Spidy, edna_malecka и WildMk им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.094
    Допаѓања:
    37.553
    Пол:
    Женски
    Не сум ја применила оваа мерка. Ама еднаш ја пратив во соба оти ме удри и за кратко излегува и ми кажува Јас сега па ќе улезам а ти да ме затвореш. Така направивме и пак излезе и истото го кажа и уште десет пати така беше, ај јас ќе влезам ти ме затвори. Кај нас не функцинира ова оти малата е толку голем инат, што никакви шанси нема да седе во кош или сама во соба затворена. Не закани, не уцени, ништо не помага.
     
    На mal.ecka, Nevenche26 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.026
    Допаѓања:
    20.688
    Пол:
    Женски
    Моите не ја употребија оваа "мерка" никогаш со мене и брат ми, нема ни јас да ја употребам со деца.
    Безвезно скроз, ни пак мислам дека ќе стои дете во ќош сега, во денешно време.
     
    На edna_malecka, cresa-jagoda и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Големо НЕ за оваа мерка.
    Јас сум по стара генерација каде во школо се применуваше.
    Додуши никогаш не бев во ќош ставена, ама тие што беа, беше голем срам...понижување на битие.

    Денешниве деца се по напредни.
    Многу внимавање со нив треба.
    Никакви репресивни мерки.

    Ми иде да вриштам понекигаш, ама се воздржувам.
    Родителството е НАЈголемиот предизвик.
     
    На mal.ecka, Mami3, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.