1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одлука за породувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 29 август 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Идни мамички, дали многу се двоумите како т.е. на кој начин ќе се породите?
    За тие што оделе и царски и природно, можете ли да направите една кратка комарација?
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Офф топик. Сноу бре, навали на темиве, да не пишуваш сега за двајца? :wasntme: :D
    Иначе, иако не сум бремена, али сум идна мама нели (скоро сите сме :wasntme: ) ќе се изјаснам подоцна на темава :emo:
     
    На Jokiiniki и slavica999 им се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    ме изнасмеа хххх

    Иначе се породив природно , и срека без никакви сечења и слично така да супер поминав .
    Породувањето секако е болно , не помина никој туку така лесно :?:
    При најголеми болки решена бев да ме прават царски , ама со епидуралната анестезија болките се намалија и се породив природно

    За второ дете здравје пак би се породувала природно :)
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Сноу ја чеша нешто :wasntme:

    ЈАс би кажала дека никој неможе 100% да одлучува како ќе се пораѓа. Сите ние може да си имаме желби , но дали ќе биде така како што сакаме, бебушот ќе си каже, а и чичко доктор нормално ;)
     
  5. Mari-2011

    Mari-2011 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    13
    Јас имам аверзија кон игли и болници :( .. се надевам дека се ќе си тече природно без многу боцкања и сл.. ама времето ќе си покаже... :worried:
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Јас сум за природно.Одамна имам донесено одлука. Доколку можам да фатам врски и за епидурална,би било добро. Доколку не фатам, природно и готово. Ќе се помачам додека го родам ама после ќе си уживаме. Царски рез ми е мачење отпосле. Ќе го родиш лесно, и кога ќе треба да уживаш со него, ти неможеш да се мрднеш.
    Но како што кажа Меу вака си фантазираме, а како ќе испадне на крај...никој незнае.
     
  7. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Целосно си во право овде дека не е целата долука наша како ќе ни се одвива породувањето.
    Најбитно ми е се да е во најдобар ред за мене и за бебушот.Јас предсе би сакала да е природно,но ако евентуално мора со царски рез за моја и негова сигурност,би се одлучила и на царски.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.826
    Пол:
    Женски
    Како прво, ниедна родилка не одлучува самата како ќе се пораѓа. Сите доктори (со некои исклучоци кои ги има сè помалку) одат првенствено на варијантата природно породување, затоа што цезареата или царскиот рез е сепак операција, и како таква си има свои последици и ризици. Меѓутоа, постојат случаи кога е индицирана цезареата за да се избегнат компликации при природното породување.

    Епидурална анестезија се дава само при природно породување. Ако се оди на цезареа, обично се применува спинална анестезија при што родилката е свесна за сè што се случува, но ништо не чувствува од половината надолу. Во исклучителни случаи кога мора брзо да се делува, се применува општа анестезија.

    Јас се породив со царски рез под општа анестезија затоа што не бев доволно отворена, а син ми веќе беше искакан во плодовата вода, па мораше под итно да се вади. Брзо се опоравив од операцијата, станав штом ме донесоа во апартманот и почнав да се движам затоа што ми рекоа дека нема да ми го донесат детето додека не станам сама. Желбата за детето беше поголема од секаква болка. Не држи вода мислењето дека од царскиот рез опоравувањето е потешко, тоа најмногу зависи од самиот организам.
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    И јас така знам, дека не е во прашање желбата на мајката, туку реалната потреба за царски рез, која ја одредува докторот. Мислам дека ниеден доктор нема да трча да оперира, ако природното си тече нормално.
    Од другарка добив инфо дека со природниот пораѓај поубаво се чисти организмот од сите течности, постелки и се останато, отколку со операција. Дека жените што родиле со царски имаат подолго време течности и подуен стомак :) Еве една причина да и се вратиме на природата и да не бараме нешто со сила.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.879
    Допаѓања:
    102.903
    Пол:
    Женски
    Јас се породив природно , сакав со епидурална анестезија , но докторот ме разубеди дека нема зашто , ако имам проблем па тоа ке биде втора опција и така фала богу беше се во ред :)
     
  11. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Prviot pat sekako sakav prirodno, ispadna so carski, moralo taka... Sega sakam prirodno, ama nesto ne sum sigurna deka kje ispadne po zelba :@

    [mod-kirilica:1t4ned7f][/mod-kirilica:1t4ned7f]
     
  12. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    па можеби природно и со епидермална инаку не знам многу сум стаклена :lol: не знам ни сама како ќе биде на крај ама ајде со лесно нека е на сите :hug:
     
  13. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    ako bide se kako sto treba odam na prirodno so epiduralna!!!Ako ne se svrti bebeto kako minatiot pat ke zavrsam pak so carski a nesakam da se sluci toa:(
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Одам на природно....ама ако не се сврти како што до сега ич не менува положба-искрено незнам со која анестезија би одела.
     
  15. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    тебе кога ти е термин ?
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Чест случај да во момент на пораѓај бебушот сам се заврти и заземе позиција за излегување.
    Не се уште сега оптеретувај со вакви прашања
     
  18. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Можно е да се продиш без никакви анастезии и инфузии?
    Не знам дали и како ќе можам да ја издржам сета болка ама ако можам не сакам ништо да примам.
    Ни епидурал ни спинална. Амбициозно јас :lol: :lol:
    Кој знае како ќе ми биде кога ќе дојде моментот, ама се надевам нема да морам со царски да се пораѓам.
     
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ако ме спаси Господ од царски, најмногу од се сакам природно! И несакам анестетици, затоа што од Х причини веќе неколку пати имам примано спинална, и не би сакала пак да ги тргам тие маки. Пороѓајот ќе боли и ќе помине, а ова боли со месеци и години! Барем мене. Евев времево е вакво никакво, мене ме боли кичмата кај што сум боцкана. Не е фер колку боли. Не дај Боже ако дојдам до царски, е тогаш ќе правам жртва, само за да го слушнам првиот плач, за да ја видам одма буцката моја! :inlove:
     
    На butterfly.mk и pilenka им се допаѓа ова.
  20. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    мене ми е прво бебе навистина се плашам но сепак сакам прироодно без анестезии и такви работи ако е се во ред ,,сега болката е таа ке се издрзи па ке заборавиме на тоа од како ке си ги видиме бебушките :D