Ja гледав серијава на нет ми се виде интересна и решив да отворам тема... Јагмур е девојка сo добро срце, која се преселила во еден луксузен крај во Турција. Меѓутоа, Јагмур не е таква каква што изгледа. Желна е за освета на своите комшии, кои ги смета виновни за смртта на својот татко, како резултат на тоа 17 години не се вратила на местото на настанот. Го променила своето име, и сега е потполно друга жена. Спремила совршен план да се приближи на непријателите и да им се освети, но ја запознала својата љубов и тоа ќе има значајна улога на осветата која ја планира...
Оваа е римејк на американската Revenge serii-i-emisii/odmazda-t8520/?hilit=revenge Турската верзија ја немам гледано, ама имам фатено некои епизоди од американската на Фокс Лајф. Содржината ми се чини интересна, ама кога би бирала која верзија да ја гледам би ја избрала американската
Ја гледам серијава скоро месец дена на интернет, и толку е заразна што некогаш се заборавам дека сум изгледала 10 епизоди во еден ден. Многу не типично за турска серија, со прецизно перфектно избрана актерска екипа, чиста 10ка. Иако е копија на американската revenge, intikam е една од најдобрите турски серии што сум ја гледала последниве неколку години, после Kuzey Guney.