Одмазда

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.465
    Дали сте таква личност, што ако некој ви направи нешто лошо по секоја цена сакате да му вратите, да му се одмаздите некако, или едноставно си се тргате настрана и не се замарате за тоа што ви го направил, значи оставате на времето и на она „дека кога тогаш ќе му се врати“ !?
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.345
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се одмаздувам , барем до сега никој не ми згрешил толку многу за да враќам.
    Еднаш ми се случи нешто слично на одмазда, една другарка ми згреши, ме предаде( барем тогаш ми се чинше како којзнае колку да е тоа трагично) и решив да и вратам, направив нешто што знаев дека ќе ја повреди, откако го направив тоа што го мислев се чувствував многу лошо па решив никогаш да не и кажам затоа што ,тоа што не го знаеш неможе да те повреди,нели ? :D
    Мислев дека ако се одмаздам ќе ми биде полесно ама не ми беше, а имам приметено дека игнорирањето е поболно од било која одмазда, кога некој ќе ти згреши скарај му се и игнорирај го, секогаш тоа ги боли без разлика дали се работи за машко или женско. Ако не им посветуваш внимание на тие што ти згрешиле патат и доаѓаат да молат, секогаш е така.
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.716
    Злопамтило не сум, и среќна сум поради тоа. Ако некој се замарал да ми направи нешто лошо, тој не е толку вреден јас да се замарам со него и да му се одмаздувам. Немам време за такви глупости. Сепак мислам дека некој таму гледа се и запишува цртки. Животот е тркало. Кој што ми згрешил, ќе му се врати еден ден од некоја друга страна. Јас нема потреба да си играм Господ и да му наплаќам за грешките.
     
    На nezastitena и girlinlove им се допаѓа ова.
  4. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    51
    Forgive but not forget... Не сум личност која после секоја навреда прави план за одмазда, но се случува да си ги искористам квалитетите на долг јазик во одредени моменти за да пецнам и да ја потсетам личноста дека сепак не е совршена...
     
    На kristina123456 и maloto-ludoto им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.140
    Пол:
    Женски
    Не сакам да се одмаздувам,ако некој ми направил нешто лошо кога тогаш ке му се врати,затоа што се се враќа,се се плаќа,немам потреба некому да се одмаздувам.
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Не сум одмаздољубива, барем не со дела. Но често на тие што ме повредиле знам во пригодна ситуација да вратам со збор.
     
  7. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    28
    Не сум воопшто одмаздољубива , меѓутоа се си памтам..и некако после тоа со тој човек не ми е исто...дали станува збор за доверба, некоја психичка подршка, јадење г***а , се ке си ставам во меморија и крај се одалечувам :worried:ilent: :worried:ilent: :worried:ilent:
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.534
    Допаѓања:
    37.944
    Па не можам да кажам дека не сум баш одмаздољубива... можам да се сетам на некои ситуации кадешто сум вратила мило за драго. Ама претежно заборавам, ако не се работи за некоја кардинална грешка.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    e ova istovo i jas bi go kazala..i sekogas e taka od licno iskustvo :)
     
  10. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    89
    Немам вишок време за да смислувам одмаздољубиви гестови.Постојат луѓе кои ми згрешиле, но или им имам простено или не се веќе дел од мојот живот.Оставам на време.
    Верувам во тоа дека во животот се се враќа.Тоа е и изворот на надеж.Кога тогаш гревовите се наплаќаат, правдината секогаш излегува на виделина.
     
  11. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    ne se odmazduvam zasto ako pravis nesto za da vratis na nekogo-znaci deka si ist kako nego ... :up: ama zatoa otpisuvam luge od zivot.... ;)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.287
    Допаѓања:
    81.794
    Пол:
    Женски
    Не сум одмаздољубива личност, секако нема да се чувствувам подобро ако се одмаздам, напротив...
    Има луѓе што ми згрешиле, ме боли особено ако се работи за блиски луѓе, и се оддалечувам... може да останам во контакт со нив, ама нема да биде како порано. Но одмазда не применувам, нема зошто... знам дека сè се враќа, сè се плаќа...
     
  13. natasa69

    natasa69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    јас пак сум големо злопамтило и уживам кога се одмазувам све памтам и дали поминале и неколку години јас враќам :sweat: таква сум едноставно неможам против тоа и не гледам дали ми се блиски луѓето дали мајка, татко ,сестра ,другарка итн.
     
  14. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Паааааа... кога-како. Некогаш знам да вратам, но во случаи кога нешто страшно многу ме повредило. Најчесто ги бришам тие луѓе од животот или им простувам, но секако не заборавам. До сега често сум се наоѓала во ситуација да видам како на некоја личност што ме повредила и се вратило. Не сум се "ситела" на тоа, но до негде и ми било мило зашто знам дека ништо не останува не платено иако ние сме простиле, можеби и заборавиле, но некој води сметка за се.
     
  15. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    12.386
    Пол:
    Женски
    uzivam vo odmazda takva sum si imam svoi principi mototo mi e ne me zadevaj ne te zadevam ama ako......eee togas pazii
     
    На boci79 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    Forgive but not forget... Не сум личност која после секоја навреда прави план за одмазда, но се случува да си ги искористам квалитетите на долг јазик во одредени моменти за да пецнам и да ја потсетам личноста дека сепак не е совршена...


    се препознав во постов
     
  17. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    77
    Не сум таква особа стварно не можам да се замарам и да смислувам планови на кој како да му се одмаздам и.т.н,мислам дека тоа е губење време за ништо, можеби не е дека не се замарам ако некој ми направил лошо сигурно ќе ми биде глупо,ја бришам таа особа и живот иде даље....
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    не се одмаздувам, ама не заборавам ! значи самото тоа што не заборавам, кажува многу работи. некогаш одмаздата значи и да те изгуби некој. тоа е најголемата одмазда според мене. зашто секогаш тргнувам од тоа, не се одмаздувај, едноставно покажи колку вредиш, за да некој пати по тебе, и да сфати што изгубил !!! ;)
     
    На nezastitena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    157
    Ретко се одмаздувам, ама памтам засекогаш!
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.542
    Во хороскоп сум Шкорпија. Мислам дека тоа многу значи :devil: НЕ простувам и Не заборавам, СЕКОГАШ враќам мило за драго. Втора шанса кај мене не постои ниту пак прифаќам извинување. Таква сум. Гледам да не погрешам на никој за да не се извинувам, истото сакам да се случува и спрема мене. Да не ми погрешат за потоа да не ми се извинуваат. Ако погрешат можам да сфатам дека секому се случува, еднаш... Но доколку се случи по втор пат веќе е помината црвената линија и ниту простувам ниту заборавам и најлошо - се одмаздувам.
     
    На sugarlips и kristina123456 им се допаѓа ова.