Дали би оделе на одмор на некое планинско место, или сметате дека доколку не сте на плажа и покрај вода тоа сепак не е одмор? И ако може да добијам некој предлог за хотел или приватно семстување на некое планинско место кое би било добро за одмор
Секој распуст (летен/зимски) одам на одмор на планина, само што не одам во хотел или друг смештај, туку кај баба ми Мој предлог за одмор на планина ти е Берово, еве да си разгледаш што има http://berovobooking.com.mk/mk/zaberovo.html
Јас повеќе сакам одмор на планина, отколку на плажа. Па има ли нешто поубаво од зелена површина, шума, тишина, чист воздух, ладовина. Малешевијата ми е одлично место за одмор, сум одила и на Плачковица, оти ми е близу, но на еден ден.Прекрасно си поминувам секој пат. Во Берово има многу вили и апартмани, хотел Манастир, Аурора спа резорт покрај Беровското езеро. Исто и во зима е многу убаво. Јас би одбрала планина пред било кое друго место.
Еднаш бев на еднонеделен одмор на планина заедно со брат ми, братучед, братучеда, баба ми, нејзиниот брат и неговата жена. Имав некои си 10 години можеби. Сместени бевме во куќата на братот од баба ми која се наоѓа во струшкото село Збажди, под планинанта Караорман. Од технологија поседувавме само фрижидер, шпорет и телефон, а друго не ни ни требаше. Навистина се одморив, секое утро се будев со птички и сонце, а навечер заспивавме со штурци и навистина звучи по малку смешно и откопано од народна приказна, ама така беше. Селото воопшто не е населено, една-две фамилии ако живеат таму, нема возила, нема бучава, нема ништо. Совршен избор за полнење на батериите.
На планината Јабланица сум бидена за викенди и беше незаборавно и мислам дека планината е совршено место за одмор и релаксирање Исто така и Берово морам да го пофалам преубаво си поминав
Дабеее за мене(моето мислење е ) мислам дека каде и да си за време на одморот е одмор,ако се одмориш убаво не е важно каде си.Јас подобро се одмарам на планина,но не практикувам на одам,ако би бирала меќу море и планина би го избрата морето,а меќу езеро и планина,подобро би отишла на планина,пред две години одев на одмор на Пелистер,пракрасно е,а имам одено и на Алпите,ПреКРАСНИ се назнам како да ви опишам,кога би имале прилика не ја пропуштајте
Море си е море. Сакам да одам на планина, особено во Боровец. Место кое го сакам со сета душа. Ми пружа комплетно уживање. Чист воздух, прошетки, природа, јавање коњ, мали кафанчиња и така натаму. Но, и покрај тоа, ми треба барем една недела на море. Летото не ми е лето без да се искапам во море, и посончам на плажа.
Јас летово направив ептен добар распоред за одмор. Прво бев на море, потоа на езеро, па на планина. Тотална релаксација, уживанција месец ипол! Се си има своја убавина и најдобро е да се направи комбинација од повеќе работи. Љубовта кон планината ја добив од моите родители кои инаку се долгогодишни планинари и алпинисти. И уште од малечка ме имаат носено по планини, а имаме и викендичка на една скопска планина каде често одиме. Секогаш кога сум таму максимално уживам, прво затоа што немам интернет, второ затоа што антената на телевизорот фаќа малку програми, и трето затоа што мобилниот слабо фаќа мрежа. Ван света сум кога ќе отидам таму, ама ми годи. Мир, тишина, зеленило, шума и чист воздух. Таму се наспивам и за неколку часови, а потоа цел ден сум целосно свежа. Сликите што ги имам постирано во „Ваши лични професионални фотографии“ со наслов Природата на дланка, се таму направени. Апаратот на мене, шише вода, и долгочасовно пешачење со цел да се улови некое добро кадро - најубав начин да се искористи времето
Летниот одмор никој не може да го замисли без бањање и сончање. Но сепак планината е едно место каде што можеш едноставно да се изолираш од сите. Јас лично кога ќе отидам на планина не се оптоварувам со ништо. Единствено нешто на што мислам е да вдишам чист воздух и максимално да се одморам. Од дамна немам отидено на планина. Родителите ми предложија утре да отидеме на еден викенд. Ги одбив, но откако ја прочитав темава си помислив колку добро би ми дошло да отидам.
More si e more no i na planina e prekrasno,osobeno Malesevijata-Berovo. Prekrasno gradce a uste poubava priroda,vi go preporcuvam VIP Hotelot,novo hotelce smesteno vo borova suma so gletka na ezeroto,a ima i sportski teren spored mene e nesto mnogu ubavo i vredi da se poseti,a ima i prifatlivi ceni.
Па штом знам.. селски туризам ок (во сопствена или викендичка на пријатели), ама баш во планина и планинарски дом не баш. Повеќе летен одмор ми е асоцијација за топло време, вода, сончање.
Одам на одмори во планински места на 2-3 дена со моите.Најчесто одам во Крива Паланка затоа што таму си имам викендица.Баш е суппер менуваш клима,воздух,вода одмориш очи и трк назад пак во Скопјево
Додека бев помала често знаев да одам на поседок по 1 месец кај моите баба и дедо во село. И сега одам но по една недела и тоа само на летен распуст.Се одморам навистина,селцето се наоѓа под планината Стогово.Воздухот е прекрасен,а е и доста мирно местенце.Едноставно е одлично за релаксација.
Женски дајте предлог за некое убаво планинско место, без разлика дали е во Македонија, Србија или Бугарија, само да не биде Банско или Берово, Пелистер...
Дефинитивно би одела на планинско место но во пролет-лето не во зима затоа што не сакам снег но затоа што уживам во природата како да е од разгледница , зеленило на сите страни, звукот на птиците, и жубор на река доколку би ја имало влева некаков посебен мир и спокој во душата, едноставно прекрасно уживање во мир, тишина од секојдневен метеж низ градот и бучавата што не опкружува . Би комбинирала одење на одмор на море со одење и на планина за да ми се наполнат батериите комплетно и да си ја одморам душата како што заслужува.
Многу повеќе сакам да одам во природа, село отколку на плажа да лежам да се сончам во лето. Омилено место ми е Берово и Малешевијата. Во лето навечер е така убаво ладничко , милина за спиење.
Јас годинава имав планински одмор (и по некој викенд на море) . Прв планински одмор ми беше зашто до сега дефиниција за одмор ми беше плажа и точка. Се има своја убавина, јас си поминав преубаво, видов толку многу работи, искусив толку многу нешта што дефинитивно пак би одела на планински одмор. Бев на Алпите во Австрија, тоа е зелена боја, зелена што неможеш да им поверуваш на очите во што гледаш. Прекрасна природа, прекрасен воздух, чистота! Има толку многу работи за правење, санкање сред лето, планинарење, планински велосипедизам, ролер коустер низ шума, жичари... Најубаво доживување ми беше искачувањето на врвoт Хафелекер на 2300м надморска височина. Гледката беше језива, карпи, стрмно, таму ако се засопнеш отиде... Ај што 3 жичари ти требаат за да стигнеш до таму, туку од последната ми беше страв да излезам . Ја имам така малце страв од висина и воопшто не замислував дека ќе биде до толку незградено, изложен си буквално да те дувне ветер и да се стркалаш надоле... После се навикнав па и не ми беше толку страв дури и убаво ми беше. градот се гледаше ко од авион ама нема врска . Местото е волшебно и баш ти дава чувство ко да си само едно атомче во светов и ништо повеќе, од таму се гледа колку е моќна природата. Второ лудо доживување ми беше возењето по планинскиот коустер. Еве ви видео да видите Патеките за планинарење се предобри, се е одлично облежено, насекаде има мапи за да не се загубите. неверојатни гледки има, не налетав на диво животно за жал, а се очекував дека некоја мечка ќе ми искочи... Има многу планински куќички ко ресторанчиња каде може да се седне на кафе и јадење во природа, баш се дрвени прекрасни ко од бајките. Се осеќав ко Хајди. Планинските селца им се многу луксузни, преубави вили и хотели има, а цените да не ги коментирам, прескапо за наш стандарт. Има многу замоци кои може да се посетат, музеи од кој би го издвоила седиштетот на Хапсбуршката Монархија, многу гламурозно. Има многу стари градчиња за шеткање, нова кујна и традиционални јадења кои треба да се пробаат. Алпско млеко со различни вкусови, алпски млечни производи, а и месни . Има милион работи за правење и во никој случај неможе да ви здосади. Ми беше преубаво искуство, сакам да шетам на различни места и да правам различни работи.
Оваа година на море сигурно нема да одам ама затоа отидов на планина за 4 дена. Прво се двоумев, си викав не е тоа за мене, си сакам море, си сакам гужва и народ да има, да ме пече сонцето и да се млацкам во вода по цели денови. Си реков ајде да пробам, прво такво искуство. Како помала одевме фамилијарно и не се ни сеќавам какво ми е било. А сега бев со друштво. Си поминав прекрасно, какви убавини се изнагледав, каков чист воздух си дишев, па каков мир си чувствував. Без мрежа на мобилен, нема кој да те замара. Само шетај и уживај. Многу ми е криво што не сликав повеќе слики, а какви убавини имаше. Дефинитивно би избрала планина отколку море. Сакам пак да одам, ама се надевам другата година и тоа на повеќе денови. Ех да си имав една вила на планината. Ма не бил урбаниот живот за мене, си сакам мир и планина.
Ova na videoto e prekrasno. Sum go probala vo gradov kade ziveam i vo Slovenija. Super probajte ako imate sansi