Форумџика на годината

Одмор со миленик

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Independiente, 23 јуни 2016.

  1. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Здраво... не сретнав ваква тема а многу ме интересираат мислења во врска со темва...лани едвај најдовме смештај на крај на сезона на Преспанско бидејќи се јавивме на неколку места и ни кажаа дека не може со куче... Вие што чувате миленик како одите на одмор, сакаме на море ама не знаеме дали ќе не примат и плус на плажите како ќе биде, дали смее...
    Споделете искуства
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Никој нема искуство со ова?
     
  3. e....

    e.... Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    И јас истото сакам да го прашам
    Само заради тоа се приклучив денес на форумов.
    Конкретно за влез во Грција ме интересира? Знам пријатели што имаат мали раси на кучиња и они ги кријат на граница(На богородица) а сите документи си ги имаат. Е сеа јас имам лабрадор, и никако не можам да ја скријам :D
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Не прaвaт прoблеми. Зa секoј случaј нoси пaсoш сaмo. Нa пoзнaник тaкa бaш нa грчкa грaницa му скoкнaлo кучетo oд кoлa, oвие му кaжaле "Nice dog" и тoлку. Сум билa сo мoетo (20кг, 60цм) и вo Бугaријa и вo Грцијa, не прaвеле прoблеми.
     
  5. e....

    e.... Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски

    Леле Фала ти !!
    А уште нешто да те прашам, штом си била, можеби знаеш...
    Дали смее друго лице да го пренесе преку граница?

    Ние сакаме да ја земеме со нас ама другари да ни ја вратат назад. (само што остана трудна и не сакаме да ја тормозиме по патишта цели 2 недели.)
    дали треба дополнителни документи или нешто како полномошно?
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурнa зa oвa, нo не би требaлo.
     
  7. pavlinapale

    pavlinapale Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    А дали треба да биде во кутија за кучиња или нема врска?
     
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Треба само да си има патни исправи животното. Кај ќе најдеш доволно голема кутија пример за шарпланинец? :D
     
    На pavlinapale му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Нема потреба. :) Твоја желба си е тоа.
     
    На pavlinapale му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Гледам дека последниве дискусии се во 2016, има некои измени од тогаш? Смее само со пасош или треба и некои посебни документи да се извадат? Ме интересира конкретно за Грција и Црна Гора:)
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.477
    Пол:
    Женски
    Пасош+чип +беснило вакцина најмалку 21 ден од патување.
    Здравствен сертификат од ветеринарен инспектор (АХВ)чини 200 ден ако одиш дирекно сама,ако одиш преку ветеринар да ти извадат 1000 ден.
    Во Грција се пет френдли никаков проблем на граница и на одмор.
     
    На Idedemja и Irreplaceablee им се допаѓа ова.
  12. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски

    Каде би можела да го извадам јас тој здравствен сертификат? Околу 1700-1800 ми кажа ветеринарот дека кошта документот :^)
    Ептен ти благодарам:l:
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.477
    Пол:
    Женски
    Ке одиш во Агенција за Храна и ветеринарство,или јави им се на телефон побарај ветеринарен инспектор.Ке ти дадат барање,ке уплатиш ,мислам беа две уплатници,таксени марки околу 200 денари.ПРетходно кај матичниот ветеринар се завршено.(беснило,чип,прочистено се заведено во пасошот)
    ке го пополниш барањето ,уплатниците и ке ти го издаде здравствениот сертификат официјален инспектор.Да дојдам дома и ке побарам од пред две години,ке ти сликам да видиш како изгледа.
    Бркај работа сама,1800 да платиш за нешто што кошта 200. ден.
     
    На KittyAgnes и Idedemja им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    88.477
    Пол:
    Женски
    cc38edc242b009f60da75ee418ef8abe.0.jpg Еве го барањето како изгледа.
    Треба да уплатиш околу 150 ден со провизија 250.
    Стварно претеруваат со цените ветеринарите.
     
    На Irreplaceablee и Idedemja им се допаѓа ова.
  15. Tg10

    Tg10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам за патување во Охрид. Сте биле ли некогаш со куче? Јас имам 5 месечен златен ретривер па сепак не знам дали би ме примиле? Кои апартмани, вили, хотели се пет френдли? На кои плажи може да се оди?
     
    На Janicka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Се ова погоре пишано треба и плус мене ми го наплатија сертификатот 1800така да @Irreplaceablee 1800ден. e.
    Се јавив во пон. на вет. готов ми беше во чет. го подигнав во петокот и заминав во саб.
    Плус ми донаплатија за ампула против болви и таблета против паразити, дека во сертификатот пишува аплицирани се од ветеринарот, ама не испадна така ми дадоа на моја рака да нанесам, што не ми е проблем.

    Ајде за др. пат да знам дека може и сама да однесам до агенција документи, еве не знаев, благодарам @Cosmi (а сега кога го знам ова има да протераме и викенди преку граница, вака си правев пресметки и си викам за кучево 1800+500, па два теста ни се толку :D) а и ми се брзаше па преку моиве ветеринари одев.

    За одморот да пишам, бевме во Грција, букиравме во пет френдли апартман, локалното население е пријателски расположено, па и тамошните си чуваат кученца, си ги носат на плажа, капат.
    Малку имаше превртување очи од така позаостанати во ставовите за дом,миленичиња на плажа, туристи, ама никому ништо. Често пак мали дечиња доаѓаа да си поиграат, галат, што не смета куцики е мн.друштвен.
    Си плаќавме и лежалки ни велеа ако не прави штета кучето никому нема проблем. Во угостителски објекти си седеше мирен, до нас. Си го држевме со синџирче, кога имаше потреба за нужда си одеше во тревите во околните паркчиња. Се на се убав одмор како за прв пат со куцики преку граница.
     
    На Irreplaceablee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ELIT-----84

    ELIT-----84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    50
    Да прашам дали бевте на одмор со кучето
     
  18. Tg10

    Tg10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Не, не го зедовме. Сакавме да го земеме, но секаде каде што прашавме за смештај рекоа дека не може миленичиња, а не прашавме на многу места бидејќи се беше полно и го оставивме во пет пансион за кучиња во Штип.

    П.С. Некаде на букинг пишува дека се дозволени миленичиња, но кога им се јавив рекоа дека не се. Затоа прашајте за сигурно дали може за да не кога ке стигнете таму ве зафркнат и ви кажат дека не може со миленичиња.
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Во Албанија да не сте биле на одмор со куче? Како е таму во поглед на тоа прашање? И кај нас се работи за поголемко куче, не за мала раса, 20 и кусур кила.
     
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.326
    Пол:
    Женски
    Ај пак ќе прашам, може некој ќе одговори овој пат :D Албанија на одмор со куче?