Односот на зетот со вашите родители

Дискусија во 'Брак' започната од girl.23, 18 мај 2012.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.765
    Низ другите теми многу се протнуваше ова прашање, па може да си поразговараме во посебна тема. :)

    Мене ми е понижување нечии мајка и татко кои не се воопшто до рамниште на моите родители кои ме пораснале и одгледале да ги викам мама и тато.
    Додека, мажот на моите родители да ги вика баба и дедо, како да се некои старци (а, можно е и моите родители да се помлади од неговите). |(

    А, зошто и зетот не ги вика: мамо, тато? :!: Како вашиот сопруг им се обраќа на вашите родители и каков е нивниот однос?
     
    На meckicka и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.755
    Мама, Тато vs Баба, Дедо

    Во Србија и зеткото ги вика мамо и тато како што еднаш имав прилика да чујам. Ние сите по име си се викаме. Јас си знам мамо и тато а мм вика па млади се твоите а и тие си сакаа на име и мм и јас така сакавме од колку бабо дедо. Мада иако сега тоа и во буквална смисла ќе се-баба и дедо :lol:
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.029
    Сопругот мајка ми , пред татко ми ја има наречено тетка Х,а кога пример збори за неа, или пак ако сака да и се јави на телефон , вика ќе и се јавам на мајка .
    Така да баба, дедо , а и јас нови мајки да си наоѓам не постои кај нас.

    Лично јас неможам ни да замислам да ја наречам свекрва ми “мамо“, како што не сакам ни да го слушнам маж ми на моите да им се обрати со “бабо и дедо“.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.571
    Допаѓања:
    51.857
    Пол:
    Женски
    brak/roditelite-na-vasiot-soprug-t2289/
    Веќе има тема за тоа како ние се обраќаме кон неговите родители, па темава нека биде за обратниот однос. :)
     
  5. Fidan4e

    Fidan4e Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Mojot soprug ne gi vika moite roditeli babo i dedo tuku, tetko b i cicko T, i ne saka da vika babo dedo, nitu pak jas vikam mamo tato, no majka mi ima pregolema zelba da ja vikaat babo, i sega zatoa ne i se obraka nikako, osven ako mora... za zal taka e i toa mi sozdade mnogu glavobolki od so sakam da i ugodam se karam so mm za toa, a nego pak go fana inat oti ona go brecka i ne vika.A naj loso e so jas sum na sredinata i ne znam so da pravam, site po mene vikaat samo me napnuvaat. ne znam veke so da pravam za da ima ''mir vo kuka'' ??
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.351
    односот моментално им е на најлошо можно ниво.
    не ги вика бабо и дедо како што ни јас не викам мамо и тато, тоа се изјаснивме и не ни прашавме на кој му одговара а на кој не.
    е сега фактот што моите се многу поразлични од нас т.е од него создава напната ситуација и недоразбирања. се трудам да не сум у средина и да не ме замараат а пак најмалку да се карам со маж ми заради тоа. сите се возрасни нека си ги решаваат проблемите.
     
  7. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг им се обраќа со баба и дедо иако кога прв пат ги завика така мајками имаше само 41 година баш не и личеше да биде баба,ама ете така останало а за односот им е супер одлично функционираат од првиот ден па и преД да се земиме татко ми редовно го гледаше како ме испраќа пред зграда па често знаеше баш во кој момент да се најде тука и да удри некој муабет со зетот. Дефинитивно многу си го сакаат зетот па некогаш на шала му викам море те сакаат повеќе од мене поради што кога нешто ќе се спречкаме со него пред родителите тие двајца се секогаш на негова страна.
     
  8. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    194
    Сопругот , на мајка ми и татко ми му сео браќа со баба - дедо имаат добар однос посебно со мајками на која и се допаѓаше уште пред да ми биди дечко :) . Значи се случува сопругот да им се јави на телефон , сам без мене да појди на кафе или заедно со татко ми да сработат нешто заедно. И јас сум многу среќна што имаат таков однос. Едноставно моите родители го сакаат како син.
     
  9. Zan4eee

    Zan4eee Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    odnosot na mojot soprug so majka mi e nikakov. razgovaraat samo po potreba. So tatko mi si e se ok, posto on ne se zamara mnogu, ama majka mi oti mnogu se mesa, i ne se mirisaat ama ic. A porano ona mislese deka on e idealen, se dodeka ne mi stana soprug...
     
  10. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    25
    ух леле....и кај мене исто ....он вика че ги вика баба и дедо,,а јас неговите да ги викам мама и тато.боже.многу сме се карале ради тоа.нерви сум искинала,,и никако да се разбереме....сега пред некое време беше најјаката кавга ради мајкаму,,да ја викам мамо,,,а јас веќе не го ни терам да ги вика моите мам и тато,,видов дека нема аир од него за тоа....и он вика че си вика он како што сака,не јас како што че му речам,,и сега мајками ја нарече бабо,,а мајкамие млада и воопшто не сака така,,мајками не се осеча слободна со него...на мм никогаш не му текнало да ги побара да види како се,никогаш не му текнало да речи ајде да отидеме на гости,,итн...за се јас треба да покренам иницијатива.......тоа многу ми смета,,,како во оган да сум,меѓу нив....со таткоми функционира ок,,ама дека тој не се меша за ништо,,,и мајками директно не се меша...значи директно функционираат најнормално..но индиректно има чачки меѓу нив.....а сакам да биде се поинаку,опуштени да се..итн..за разлика од него,,мојот зет моите ги вика мамо и тато,,исто како ние што ги викаме,,,а сестрами неговите не ги вика никако,и само се кара со нив,,а зет ми за нас е како член на семејството,,,,,блазе неа,на какон маж наишла....супер за неа.......
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.494
    Допаѓања:
    80.309
    Пол:
    Женски
    Мојот по име им се обраќа , а тое е вајда што неможат да се разберат ( освен малку што татко ми знае англиски ) Инаку односот е супер , се има почит и слога и од двете страни :)
     
  12. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Pa imaat soliden odnos,iako retko se gledaat (ednas ili dva pati godisno) bidejki ziveeme vo drug grad.Se pocituvaat-toa e najvazno!
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    11.437
    Односот им е совршен. Не се замараат со ништо, проблемите си ги оставаат пред врата, смеи, шали и во најлошите моменти. А он мајка ми ја вика по име од причина што она така сака, а кога збори за неа надвор од дома вика баба ми, а меѓу нас ја вика мама, хахахаха! Мама што прави? Стално така, од пред 9 години. Со брат ми па, више досадни се. Со татко ми, ќе си дојдев од факултет, и оп, ете ти ги господата се опрчиле во двор, накривиле капите, кафе пијат и ме оговараат... :D Камо пола да имав од тој однос со неговите, а колку се трудев. Минато свршено! :D
     
  14. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Многу коректен,лежерен и фин однос.
    Многу се почитуваат проблемите ги ставаме на маса и секогаш позитивно се решаваат.
    Дури повеке ги почитува и сака него неговите родители така што се гледа по вложувањето и помошта што им ја пружа отколку на неговите!!!
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.765
    Зошто секогаш односот на зетот со родителите е скоро одличен, а никогаш не е обратно? (да односот на невестата со неговите родители е убав).

    Очигледно е дека самата дистанца и немешање во животот си го прават своето.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    11.437
    ПОТПИС!!!! :*
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.278
    Пол:
    Женски
    Маж ми е во добри односи со татко ми. Си имаат најнормален муабет.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.389
    Пол:
    Женски
    Си имаме некои други закачки периодов, но мора да ставам рака на срце и да кажам дека неговиот однос кон моите е за секоја почит. :bow: Културен, но не многу формален па да оддава впечаток на ладен човек, од друга страна пак опуштен, но не љубопитен, или да ја злоупотреби таа мала блискост да се докопа до информации или да им се меша и да им коментира животни одлуки.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.267
    Допаѓања:
    14.968
    Пол:
    Женски
    Сеуште е како збунет :lol: иако муабетот им оди ептен. Не им вели сеуште баба и дедо... :D вели многу ми е глупаво така да ги наречам,може ќе се навикнел со детето кога ќе дошло.
    Ете сега во недела скара ќе правеле со дедо му, за ден на АРМ :D и така...се си е ок
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.029
    Хахах Сноу мојот им се обраќа со тетка и чичко :rofl: Со мајка ми се разлика 8години, таман работа да и каже бабо :tmi: , а на татко ми чичко и името, ама како другари се повеќе, посебно кога ќе излезат во град на кафе |(
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.