1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот со прво дете е поразличен

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 ноември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Воопшто нема да го поставам прашањето дали е тоа така? Зошто сите многу добро знаеме дека односот на родителите кон првото дете е многу поостар и построг,за разлика од односот кај второ,трето....дете.
    Многу ретко се случува да е обратно,тоа е сметам најчесто последица од лош пример на првото дете.

    Но што мислите вие зошто тоа се случува? И кои се вашите искуства, примери вие како прво/второ дете. Или пак вашиот однос како родители.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Па да, што се однесува за прво дете затоа што е прво и малтене влегуваш во штосот на воспитување на детето. Јас повеќе би кажала детска психологија затоа што повеќе тоа ти треба отколку да го израниш, облечеш, школуваш што нели сепак и материјалните трошоци не се за потценување - но тоа е др. тема.
    Бар во моја околина што гледам првите деца се поразгалени па уште и ако се машки ]:) лелеее само тие се деца на овој свет па обично вторите, третите испаштаат за туѓи грешки :$ т.е родителите се учат како не треба да прават со второ или трето дете за да утре не добијат шамар.

    Зависи од родителите како си ја наредат работата во стил на немешање на бабите, дедовците, тетките... во разгалување :!: а не во воспитување.
    Се разбира постојат и исклучоци каде не се тангира полот и тоа дали е прво или второ дете. Обично по некое непишано правило машките се поповржани за мајките а ќерките за татковците што и тоа не мора да значи така да е различен односот.

    Од искуство, сега за сега имам едно дете па за второ здравје ќе видиме.
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Да, поразлилен е затоа што ти е прво. Тазе родител не знае ништо и се` учи со првото. Ако па уште е и прво внуче....е тогаш тешко на родителите :!: , мазено и галено, чучкано и тинтрано од сите страни ;) .
    За себе можам да кажам дека сум построга кон ќерка ми од причина што целото внимание беше насочено кон неа, нон стоп во центар пажња....посебно од татко и`, додај тука баби и дедовци |( ... признавам имавме мака додека се научиме еден да не ја брани додека другиот ја кара. Најдовме баланс, ама уште е разгалена до одреден степен.
    Еве ние имаме и второ дете т.е. бебе, мало е, ама веќе знам некои работи, што се вика имам искуство и како што вика славица999 учиме од грешките. ;)

    Сега за сега децава се различни во поглед на спиење, малиов повеќе спие, потоа помирен е за чување, не е ич напорен, што би рекла една форумџика вака 10 деца ќе гледам :D ама сега за сега...ќе видиме понатаму како ќе биде.
     
    На NoellePage и MacenceEna им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за таткото секое дете е исто но за мајката односот со секое дете е различен. Прво околу сакањето... Мислев дека првото дете секогаш ќе го сакам најмногу а наредното не толку,се мислев колку ли ќе можам да го сакам второто? Околу мајчинската љубов ќе видам одкако ќе се породам ама односот секако нема да биде ист. Со првото многум потфрлила и ќе знам каде со второто да не погрешам. Друго,не се сите деца исти,некое побрзо и полесно прифаќа разговор совети и сл. Некое па е тврдоглаво леле мајко.
     
  5. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    7.950
    Пол:
    Женски
    Очекуваме второ дете, и да претпоставувам дека односот нема да биде ист од причина што со првото дете цел воспитен процес е прво искуство. Можеби сме реагирале премногу на места каде немало потреба и обратно. Сега веќе еднаш сме поминале низ тој детски развој и сме поискусни што не прави и поразлични во односот со второто,третото..дете. Нема совршени родители, а секое дете е совршено за неговите родители.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.