1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос кираџии-газди

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LiliBoz, 13 јануари 2018.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.033
    Допаѓања:
    225.109
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е соодветно напишан насловот но сакав дискусија како сте задоволни од газдите оние кои сте под кирија и обратно, вие кои издавате од кираџиите ?
    Ова ни е ако добро памтам 4 стан сменет со мм. 2 спрема 2 е искуството. Има 2 ужасни газдарици од кои од едната сеуште трауми имам. Кога ќе ми текне на муабетите на старт како и таа живеела под кирија знаела како е, а како се однесуваше. . .. хаос.
    Памтам малиот самошто роден 4 дена немаше таа луѓе за некои цевки ми прати. Нормално, ги замолив да не ми влегуваат друг пат да дојдат и луѓето се извинија и веднаш заминаа а таа се намисири ко во око да и брцнав :)
    Од друга страна пак, моменталниот газда што ми е е незаменлив! Во секое време за се што ми треба е достапен.
    Какво е вашето искуство?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.080
    Пол:
    Женски
    Дури студирав во ред беа газдите и доста коректни, последно 6 месеци живеев во стан, а газдата ко нарко дилер, прво кажа една цена па после ко се вселивме му текна дека треба ние и данокот да го платиме, секогаш при крај на месец доаѓаше да ме потсети дека почнува нов месец и за истиот треба да се плати, никаква човечност, кое олеснување кога заминав си ветив себе си, ако треба и на клупи ќе спијам ама никогаш уште еднаш под кирија.
     
    На Aleksandar1212 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.748
    Допаѓања:
    35.226
    Пол:
    Женски
    Ние сме под кирија. Ова ни е втор стан. Од првиот стан се отселивме затоа што газдата излезе дека е идиот. Ни ја покачи киријата и ни постави услов до кога да му плаќаме. После кратко време најдовме друг стан, во истата населба. А кога се селевме идиотот сакаше да ни земе пари за некои работи во станот што не беа како што треба, а тој беше виновен за тоа. Не беше досаден. Ниту еднаш не дојде во станот да проверува, ама воопшто не се замараше ако имаше некаков проблем во станот. Сега сме во поголем стан. Газдите се прекрасни луѓе. Воопшто не се досадни. Не прават проблем за плаќање кирија. Ние редовно им плаќаме. Дури се понудија да ни помогнат ако има некаков проблем во станот.
     
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Двете страни треба да го почитуваат договорот, кираџиите треба да се однесуваат како добри домаќини кон станот, уредно и на време да ја плаќаат киријата и сметките, ако направат штета, да ја надоместат, а газдите да им овозможат приватност и дискреција во станот, нормално функционирање, да покријат поправка на дефекти и др. И двете страни да ги почитуваат останатите услови од договорот.
     
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    322.613
    Треба да се прави легален договор со права и обврски.

    Има невоспитани газди ама и невоспитани ќираџии.
    Сум имала газди сосема ОК, освен што има приметено дека ми влегуваат додека не сум дома.
    Не ми снемало нешто, гледам дека не ми се отварани фиоки, ама самото тоа што знам дека некој ми влагал дома ми ствара непријатност.
    Мислам дека сакаа да видат дали бојлерот е нон-стоп вклучен (зашто киријата беше сосе сметки).
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.