1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос родител-педијатар

Дискусија во 'Бебе' започната од AIT, 1 април 2013.

  1. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Каков е вашиот однос со педијатарот? Дали му верувате и колку ги почитувате неговите препораки ? Колку навистина ви помагаат во одгледувањето и растењето на вашите деца? Што би правеле доколку заради х причини престанат да ја работат својата работа ?
    Утрово требаше во градинка да однесам потврда за ќерка ми од педијатар и кога отидов да земам најдов клуч на врата :^) Се јавив дома и добив одговор дека ординацијата е затворена и дека нашиот педијатар е болен,а со оглед на неговата старост, таа повеќе нема да се отвори. Нашиот педијатар е приватен и кај него носам дете веќе 8,5-9 години.Премногу се приврзав за него ,а покрај тоа и безрезервно му верував. За првото дете го гњавев многу повеќе ,отколку за второто ,но тој секогаш наоѓаше разбирање за мене и мојот страв/неискуство.... Односот додека траеше прегледот ни беше строго службен ,значи јас кажувам симптоми и замолкнувам,но по прегледот секогаш следуваше краток разговор околу развојот и однесувањето на детето и секако препораки за наредниот период. Денес со веста за затварањето јас се најдов во шок,чувствувам како некој да ми ги отсекол рацете ;( Тажна сум ,а во исто време и исплашена околу тоа што и како понатаму.Одеднаш се најдов на крстопат и не знам како сега да продолжам,кого сега да изберам ? Ме плаши фактот што сега можеби во секој доктор ќе го барам мојот,ме плаши тоа што повторно со некој доктор јас ќе треба да градам одново врска,а реално не знам кои ми се сега критериумите за добар доктор :x Сето ова ме фати многу неспремна (а свесна бев дека кога-тогаш ќе се случи),и иако докторот е фала му на бога жив,јас чувствувам како да сум изгубила некој близок ;(
     
  2. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Искрено цуфкава јаносев кај неколку педијатри и воопшто не ми се свиѓаше нивниот однос од типот мајка се смее и викам да ај да видиме епа сега неееејјјќќееееее (развлечено дури и лигаво) а сигурно ви се смее а ве препознава а да ве гледа во ред мајка, следи играчки со очи велам да , и тропаат од сите страни она и две сестри , и и викам абе со една играчка и видете . И да мајка во ред е следи . Прашање дали може да ја ставам на агол од 45 веќе имаме 4 полни месеци . А не мајка никако !!!!( мислиш паника ја фатило) од 4и пол месеци тоа минута две никако повеќе , после две недели на ортопед ортопедот мајка ја ставате ли под агол од 45 степени . Одговор не цело време лежи . Ортопедот ама зашто мајка имате жилаво дете ставете ја во релаксатор под 45 нека седи колку сака стимулирајте да се исправа има јака мускулатура сегледа дека сте ја ставале на меше одлична е време и е веќе да вежба стомачни сте можеле да почнете од полни 4 :tup . A бе да пукнеш . Или има пролив од млекото дајте линекс мајка , ама од млекото е докторка - ако дајте вие линекс после 3 дена, докторка не поминува она не дехидрира столиците се никакви од млекото (зелени течни и смрдливи ) крвна слика правена во ред брис ректален во ред хепатограм во ред до млекото е . А не не ако се такви такви да видиме алерголошки ,ама докторка тие ми рекоа за некои 2 месеци немало реагенси - ако ќе почекаме :tup .(ова е прво што ми текна од многуте незгоди со 3 педијатарки) Од тој момент НЕ, ја носам кај општ лекар и супер ми е и да ме ислуша и се без проблем презадоволна сум. Сега сме на клиникарутински да си допраиме ехо на цнс таму пак ќе препрашам што ако не е алергична на казеин а што ако е ако ми дадат одговор ок ако непак ок ќе си препрашам пак кај матичниот резултатите од алерголошки дури утреее.
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Ние бевме во дилема каде да ја носиме малата на педијатар
    По препорака на бабицата сме кај сегашниот доктор и сме презадоволни
    Имавме срека со оглед што не примаа веке нови пациенти :tmi:
    На првата средба се запознавме , ме прашуваше од каде сум , повеке за мојата земја и сл.
    се на се супер однос , докторот е супер

    Докоторот млад , струЧен ..секогаш на секое идење имам милион прашања ..булвално напагам од врата :lol: Мајка :$
    Пред некое време малата имаше температура каЧено и моравме на лекар , а матиЧниот ни бил на одмор па не пратија кај негова замена
    Ужаш , детево се уплаши од него , ја прегледа набрзинка и не остави уште толку збунети
    Не ни даде ништо конкретно , ни реЧе ако се полоши состојбата да идеме директно во болница :x
    И си помислив срека имам со нашиот доктор , и не би го менувала !!!
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ме зачуди искрено постот на АИТ од причина што јас со нашиот доктор не сум ни најмалку на сличен начин поврзана, и повеќе се информирам од нет отколку нив што ги слушам :tmi: Тие се повторуваат и доволно е со неколку мајки да разговарам што одат кај истиот за да знам што ќе ми каже. И никогаш не слушам слепо нивни совети туку мешам со мои и туѓи искуства и интуиција.
    Не го малтретирам непотребно, знам многу кои за секоја настинка им ѕвонат на тел и прашуваат што и како, други кои се задржуваат по саат време на преглед поставувајќи милион прашања. Јас прашувам кратко и јасно, тој ми одговара кратко и јасно и толку.
    Ако затвори ординација ич око нема да ми трепне, ќе сменам друг и готово...
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.878
    Допаѓања:
    102.895
    Пол:
    Женски
    Ние имааме сменето до сега тројца педијатри. Прв пат бевме кај една млада жена , имаше добар однос со нас , мирна , сталожена , објаснува што и да ја прашаш... Но бидејки таа наплатуваше (одевме на приватно) ајде реков ке го користиме осигурувањето. И почнавме кај една друга докторка да одиме - значи како да се нервира што работи , една намрштена , односот никаков :worried:
    Најмногу ме има изнервирано што ќерка ми имаше температура 39,5 и кога и се јавувавме на телефон во врска со антибиотикот , бидејки беше петок поручет таа не се јавуваше на мобилен иако упорно неколку пати звоневме. Пред 1 месец ќерка ми сабајлето повраќаше (а немаше температура , не беше болна) и се уплашив ја барав на телефон и пак не се јавува!! Е преку глава ми дојде и решивме веке да не одиме кај неа. И така веќе сите осигурувања ги укинаа овде , секаде се плаќа , па ете утре за вакцина закажавме кај друг доктор.
     
  6. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас сум сеуште во потрага по педијатар од доверба, до сега го носев во Ремедика и кај еден педијатар по препорака, па ќе видиме како ќе биде. Во Ремедика докторките се супер и се јавуваат по телефон доколку треба нешто, АМА на закажан термин за преглед се чека по еден саат и повеќе :@
    Јас кога отидов на закажана контрола точно на време во Ремедика последниот пат, чекав 70 минути, а само 2 мајки беа пред мене и збеснав..па затоа си најдов друга за редовни контроли, а овие ќе ги посетувам само по потреба.
     
    На Cliona му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    и јас воопшто не сум задоволна од педијатарот :devil: долго се мислевме каде и ајде по препорака на некои отидовме во ординацијата на др вангел во бт, а бебушко нешто ми смрчеше со носето и др од стоење ми вика нема ништо одете си ке му помине??????? не го ни прегледа ни ништо, му велам ми треба упат за да го снимаме за колкчињта, ми вика има време на 6месеци, а морало прво на 2 месеци, па ајде како со сила ми дада :devil: сега ке одам да го одјавам овие денови и ке барам др педијатар :?:
    а исто прво отидовме кај една друга докторка и се јавувам и ми вика дојдете нема гужва, одиме таму 50 деца сите настинати, и викаме може да влезиме преку ред има мн деца ,а таа ми вели ; да има ако не ви чека дојдете утре :devil:
    така да сега се мислам кај да одам, сакам некој доктор кој може да го побараш кога ти треба, и да е шо викам јас народски човек, достапен за се, ;)
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    На ќерка ми матичен и` е докторка со ординација блиску до нас, меѓутоа не ја гледаме зошто сите прегледи, консултации и дилеми ги решавам со др Станка од Систина. Без разлика што сме и фамилијарно поврзани, Станка е ВРВ од педијатар, посебно што малата ми беше со атопичен дерматитис, па сите совети кои ми ги даваше беа на место и издржани.
    Кај неа нема чекање подолго од 15на минути. Се посветува максимално на детето, истражува неконвенционално, знае и чита работи кои „старите“ педијатри не сакаат ни да ги помислат, и затоа ептен ми се вклопува во мојата слика за „идеален педијатар“ :)

    Ја испофалив :D ама во секој случај, немаше да го пишам ова да не беше вистина, па ако сакаше и сестра да ми е, зошто сепак се работи за здравје на деца, па не би да карикирам и рекламирам безвезе.
     
  9. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Е па тоа е финтата да се посветиш индивидуално на детето да го сголедаш сфатиш начинот нанеговото растење или боледување секое дете своја приказна, не, тераат еден шаблон децата не се од еден калап вадени па за секое исто да биде
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Матичната педијатарка на син ми ја избравме онаму каде што го носевме на контроли и систематски прегледи, во Млин Балкан, а ја избравме колку да имаме матичен лекар, за да може ако не дај Боже има потреба од нешто, да ја најдеме веднаш. Инаку, како доктор ми се допаѓа, ми кажува сè што сакам да знам, ми дала добри совети, само последниот пат кога бевме (не ми текнува за што), некако како да сакаше набрзина да нè откачи, бидејќи поради преголемата гужва немаше време за пауза, а бидејќи ние не бевме за ништо сериозно ниту итно, не ни обрна многу внимание. И оттогаш не сме биле, не за друго, фала му на Бога не сме имале потреба. Затоа и не можам да судам каква е како лекар кога се работи за настинки, дали веднаш дава антибиотик или не, како ги решава настинките кај децата.
    Инаку, сите посериозни проблеми со синот ги решаваме со тетка ми, специјалист педијатар неонатолог, која како таква не може да биде матичен лекар, ама и без тоа, не сме во ист град. Како и да е, секогаш прво неа сум ја барала на телефон, или пак ако се погодиме во ист град (често ни доаѓа во Скопје), одам прво кај неа да го види малиот. Ако веќе ептен мора, би го носела кај матичната.
     
  11. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Уффф истиот проблем го имам и јас. Го носиме во Ремедика, задоволна сум од докторката, ама чекањето ме излудува :@ Инаку одиме кај Розита, секогаш ни посветува доволно време, достапна е секогаш на телефон за што и да ни треба, ама ова со чекањево... Мицика вие кај кого одевте? :*
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.187
    Нашата матична докторка е мајка на еден ептен близок другар, па нема ни потреба да опишувам каков однос имаме. На располагање ни е и празници и викенди. Ако ни затреба додека е на одмор настанува вистинска паника :D

    Очекувам набрзо и јас да се најдам во слична ситуација како АИТ и потполно и ги разбирам грижите. Женава веќе има исполнето услов за пензија, ама одлучи да работи уште, само прашање е до кога, не знам ни законски како е решено тоа. Јас веќе и размислував дека тоа може да се случи, и исто така се мислев кого да избереме за матичен лекар. Инаку ние сите сме кај неа, бидејќи сега веќе мислам дека не се строго поделени во однос на возрасните групи.

    Сигурно не би избрала некој друг доктор од истата поликлиника - едно затоа што ми е далеку, друго затоа што сум ги видела на дело кога нашава не била тука. Најверојатно ќе биде некој кој ни е блиску, да можеме лесно да завршиме работа со упати и рецепти кога ќе ни требаат. Моите деца се веќе големи, главно страдаат од исти работи па не ни имам потреба да одам на лекар во последно време, сама ги решавам работите, со крвна слика и брис. Ако е нешто посериозно, знам дека женава и понатаму ќе ни биде на располагање.
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    матичен после долго размислување решивме да ни биде виолета ангеловска во склоп на воена болница. жената и пристапот се беспрекорни. објаснува и се грижи беспрекорно за пациентите. Ете кој нема избрано нека иде информативно нека си се консултира ке го видите пристапот. Впрочем ние и така си се одлучивме. Отидовме видовме како е и хигиена и ниво на ординацијата. Незнам како се другите педијатри, тука чекалната цела со играчки со столчиња за деца а кога отидовме на преглед она што ме фасцинира беше односот затоа што ние бевме мали и здрави веднаш не изолираа во друга просторија да не сме со болните и имаа супер однос. така да се надевам дека и така ќе остане.
     
  14. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Јас ја нсоев во Ре медика од потреба повраќаше премногу од хипот и се враќавме 2-3 дена по ред таму и Д-р тврдеше дека не е од млекото туку дека ја прејадувам и наводно била дебела и ги намалија оброците детево вриштетше на крајот после 2 недели стави 100 грама , повраќањето не престануваше и не прешалтаа во државна... така да не сум задоволна На крајот на моја иницијатива сменив млеко се се среди со потполно истите нејзините мл по оброк
     
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    ние конечно најдовме некој поарен во бт, хеххе
    денес бевме кај замената на вангел, александра михајловска мислам беше,ама супер е др, помлада е и се објаснува, се детално сака да се испита, од сега ке си одиме само кај неа ;)
     
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    ние одиме кај маргарите камбовска во плодност.
    премногу сум задоволна.
    кога за сите беше во ред вакцината за неа не беше и не упати скопје.
    прво си одиме таму па ако треба кај матичната. ;)
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    да и мене повеке мајки ми ја фалеа таа др ама нели таа само на приватно работит така??
    фала богу досега сме немале некоја потреба, денес бевме само за обичен преглед , ама мн ме бендиса пристапот на докторката :)
     
    На stefi23m му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    251.174
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате некој добар педијатар за матичен лекар по можност и со плави картони да работи.
    Најважно е да не препишува антибиотици за добро утро.
     
  19. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Знае ли некој да ми препорача добар педијатар во Јане Сандански?
     
  20. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    78
    Jas vi ja preporacuvam Andrijana ugrinovska od promedika rab so plavi kartoni i e super