1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Одржување на вашата облека, перење и пеглање

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 3 декември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Како и колку се грижите за одржување на вашата облека?

    Дали секогаш ја перете во зависност од етикетата на самата облека. Нели 30 степени, 60 степени, рачно перење или воопшто не обрнувате внимание на тоа? Најчесто во машина ја перете или рачно?
    Колку пати сте направиле утки и сте ја исфарбана облеката? :tmi:

    Дали сите алишта ги пеглате? Или гледате што е можно повеќе да се отарасите од оваа обврска :lol:
    Пеглате долна облека? Пеглате фармерки? Пеглате џемпери?
    Сте направиле тука утка? Некоја залепена пегла :|

    Користите омекнувач? Ставате во регалите за против молци и за миризба средства?

    Дали често носите на хемиско перење и што носите најчесто?
    Дали ставате во кеси дел од облеката која сакате да ја зачувате? Најчесто нели свечени фустани, капути и сл?
    Дали сезонската облека ја складирате во пакети или имате доволно место во гардероберот?

    И се што ќе се сетите одговорете си.
    И за крај може да си кажете дали повеќе мајка ви или вие се грижите за вашата облека :)
     
  2. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    мајка ми се грижи за мојата облека а инаку на хемиско носам само капути друго ништо немам однесено. Во гардероберот во мојата соба има доволно место така да не складирам ништо
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Пфф моја тема. :lol:
    Јас како новопечена домаќинка видов малку мака со алиштава. Секој ден одиме со долен веш во нова боја. :rofl: Не знам како, ама секогаш успевам да пикнам нешто што пушта боја.
    Па така, се некако повеќе на раце перам, обично само долниот веш во машина.
    А и на раце богами тешко ми идеше, ме учеше мојов, вака, па така, па и он некогаш сам си се пере.
    Ми вика, чекај жено, јас ова ќе си го исперам. :D Е ајде де.
    Само за пеглање немам гајле. Не знаев да пеглам, не сум пеглала дома, ама некако природно ми дојде. Како бре и со перењето не беше така.
    И така, си делиме на кој како му одговара. :)
     
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Она што требаше да се каже на крај, јас ќе го кажам на почеток. :D

    За мојата облека се грижи мајка ми.
    Се грижи за перењето, пеглањето, а јас сама си ја складирам во соодветните плакари. Колку се грижи? Па доволно најверојатно, никогаш не сум одела исфлекана и со умирисана облека.

    Облеката се пере во машина за перење и мислам дека се почитуваат сите правила поврзани со тој процес. :D Сепак, се случува некогаш да се направи некоја утка, па алиштата од бели да станат црни, ама се корегира грешката. Некој ептен катастрофален случај врзан за тоа, не сме имале..
    Ги пегла сите алишта. И гаќите и пешкирите, највеќе поради дезинфекција, а потоа поради навика. Имало и залепени пегли, не велам не..
    Последниот пат ми ја уништи омилената блуза, свилен материјал, таа лупнала пеглата на најсилно и ајде де :D Имаше малце врискање, ама среќа до колење не стаса. :angel:

    Омекнувачи! Мислам дека сите ги имаме испробано, кога ќе дојде редот за да се купи тоа, смрт ми е.. Два саати дремење пред сталажите со омекнувачи, ми се превртува јетрата. И никогаш не сфатив зошто упорно ги испробува сите, кога секогаш, ама баш секогаш, му се враќа повторно на Ленор - плавиот.
    Аман, заман.
    Средства против молци, само во оној дел каде што се чуваат костуми, свечени фустани и сл. Не сме почувствувале потреба за да се постават и на друго место..
    За миризба средства - немаме, а не ни ни требаат.

    Хемиско - се носат само оние работи кои долго време не биле носени. Повторно костуми, фустани, капути, јакни. Многу ретко.

    Сезонската облека, останува во плакарите. За среќа, имаме доволно место и нема потреба од дополнителни кутии, пакети и сл. Ќесите пак, кои што служат за зачувување на облеката ни се многу користени, долготрајно и ефикасно решение.

    И тоа е, од прилика.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Само долен веш во машина. Се друго перам на рака, сама откако мајка ми ми уништи неколку убави блузи во машина. Абе секако ќе пикне нешто и ќе пушти боја. Така малку ќе се помачам ама барем нема да биде за во канта.
     
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Сите алишта ми се осетливи.
    Бидејќи се` е неквалитетно денес!!!! :fubar:
    Или пуштаат боја....

    Јас сите мои алишта ги перам на раце. Па страв ми е да ги ставам в машина!!!
    Ама навистина ми здосадува понекогаш....

    Мразам пеглање. Ама се` пеглам. Не можам да замислам да излезам со непеглани алишта. :x

    Ја перам со течен детергент најчесто (полесно ми е за плавење на раце).... :)

    Секогаш ми е средена во гардероб, фиоки....Се грижам за неа. Сепак сум дала пари за тие алишта, па сакам подолго да ме служи...
    Исто така ми е класифицирана, спортско, елегантно, секојдневно...(во ормарот)

    Имам некои другарки
    кои се премногу неуредни во поглед на гардеробата. Секогаш по пат одат дотерани, ама дома им кошмар е со алиштата...се им е расфрлано, на 25 год. чекаат од мајките да им ги испеглаат, менуваат долен веш еднаш неделно... :tmi: Едноставно многу недолично за женско. Грда слика.
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Зимската облека ја одржувам така што ставам од оние отровните бонбончиња против молци! :D

    Шала на страна, зимската и топлата облека ми е во плакарот моментално, таа од лето ми е во куфери складирана, а си имам посебен плакар исто во соба за фустани затоа што за нив нема сезони. :)
    Машината си пере и си суши. Господ да ја благослови!
    Имало ситуации секако, од бели алишта да добијам куп бледо розеви или црвени. Еден период 70% од гаќите ми беа розеви и црвени. Џабе мајка ми пере 30 години, пак утки прави.
    А мајка ми е мањак за омекшивачи и секогаш ме изненадува со различни ароми секоја следна тура перење(обично недела или по потреба).
    Ни јас ни мајка ми не љубиме пеглање. Иако таа реши да инвестира во квалитетна пегла, нема мерак жената, а ни јас. Скоро секогаш пред излегување ми се случува да и дадам на брзинка да ми испегла нешто. До скоро мака мачев со пеглањето на свилените кошули и конечно заклучив дека треба да ги чувам на закачалка, а не во плакарот изџвакани, навидум здиплени.

    Плакарот го средувам кога ќе дојде во состојба да повлечам нешто и се на глава да ми падне. Или кога барам нешто и го нема, па се вадам на земја и редам од почеток.
    А уредно девојче сум во принцип. Собата увек гланц, ама затоа човек плакар да не отвори. :tmi:


    Едит: girl23 WTF??? ова во спојлеров ме згади до коска, поготово делов дека менуваат долен веш еднаш неделно?!?!
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Или јас незнам да перам на рака или тој процес е вистинско гмечење на алиштата.
    Има програма на машината за перење - рачно перење. Не мислите дека тој е подобар...или?

    Како и да е, мислам дека не обрнувам доволно внимание околу чувањето на гардеробата. Се нешто набрзина набутај во машина, испери, испеглај. И кога ќе споредам со тие околу мене го правам истото, но кога ќе видам една другарка дека се што ќе облече ( носено со години) е како ново, сваќам дека негде грешам.

    едит: заборавив да кажам... колку и да немам време, колку и да ми е дома бомба, гардероберите ми се средени тип-топ. Слаба точка.
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    За бели алишта Вениш, а за црни Вулајт.
    И така ќе изгледаат алиштата како нови купени, неизбледени. :D

    Бре, спремна сум за мажачка!!
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Јас па скоро се перам во машина. (нормално дека имам и некои работи што се перат на рака,ахх кога ќе дојдат тие на ред, смрт да ги перам)
    Долен веш, пижами, пешкири, па дури јас знам да си ставам и светли тренерки (тие за по дома што ми се, што ги носам кога ни гости не доаѓаат),бела постелнина, ги ставам на 90 степени, а мајка ми само ми вика дека тренерките се за на 60, но мерак ми е кога ќе ги видам многу многу чисти, ептен побелени... хихихи...
    Секогаш ново-купените работи на прво перење ги перам на рака, за да видам дали пуштаат боја, кошулите исто така прво ги тријам на рака, после во машина (тоа важи и за некои маичиња летно време кога ќе се испотам за да не остане жолто од стикот).
    Омекнувач ставам на сите алишта, (освен на црните) бидејки и на повторно плакнење некогаш ми остануваат флеки ко недоплакнати. (тоа зависи и од материјалот, ама да не ги двојам црни алишта одат на една машина)
    До сега, да чукнам во дрво, не сум уништила ништо.. Но познавам кои треба да се перат на рака кои во машина, а и немам многу уникатни парчиња облека кои треба да се перат на рака.
    На хемиско обавезно капутите ги носам кон крај на сезона, пред да ги спакувам, и во текот на сезона по потреба.
    Што се однесува до пеглањето, тоа не е моја област, целосно и ја препуштам на мајка ми, мразам да пеглам.. Но кога морам, ахх мака мачам со кошули, прво крагната, па ракавите и само ме гледа и ме кара...
    И уште нешто да си кажам.. Голем љубител сум на штиркана постелнина.(иако немам до сега штиркано) се сеќавам како мала само тоа го правеше мајка ми,а сега ја напнувам да одиме да земеме штирак и да си ја штиркам постелнината (инаку не сакам постелнина во боја, сакам бела и да ми шушка), ги сакам оние старите квалитетни материјали за постелнина.. хмм.. Но никако да пробам да си ја штиркам, а и незнам сама што треба да правам, знам се ставаше во машина штиракот и се пеглаат :^) дали е само тоа?! Мајка ми вика, ако сакаш прави си што сакаш мене не ме оптеретувај со дополнителни работи за штиркање.. :rofl:
     
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Додека си живеев кај мајка ми, таа беше задолжена за целата гардероба, перење, пеглање, складирање.
    Пуштав машина но поретко, она си имаше некои шеми и распореди, па нејкев да и се мешам.

    Инаку голем дел од облеката перам во машина, на раце она што е понежно, или доколку нешто итно ми треба за вечерта или следниот ден.

    Сега кај Петко, пола-пола со свекрва ми сме, која кога стигне пушта машина, некогаш таа, некогаш јас.
    Кај мајка ми не ја пеглавме гардеробата после перење, туку кога ќе ти треба да облечеш, а долна облека воопшто не ни пеглавме.
    Сега свекрва ми има навика све да пегла, ама буквално све освен градници и чорапи.
    После перење, обавезно дали истиот ден дали друг небитно, све се пегла.
    Некогаш и јас знам да испеглам, и почнувам да ја прифаќам таа нејзина навика, некако многу по среден ми изгледа плакарот кога ќе ги испеглам и здиплам отколку не пеглани.
    А што се тиче долна облека, односно гаќички, па добро им доаѓа таа дезинфекција со пеглата.

    Тоа што ми се маици, кошули и џемпери ќе ги испеглам и на закачалка, па кога сакам да ги носам веднаш ги облекувам и не губам време и на тоа.

    И фармерки пегламе, не сега којзнае колку, ама неколку пати ги поминуваме со пеглата.

    Сезонската гардероба летна-зимска ја складираме во големи пластични кутии со капак, ставаме од оние кеси против молци, херметички се затвараат и одат во шупа да чекаат наредна сеозна.
    Капути и јакни во големи дебели кеси, па во голем куфер и тие во шупа.
    А посвечени фустани, одела и сл. стојат во спална во плакар обесени.

    Низ плакар имам ставено неколку кесички против молци што се, неколку миризливи сапуни, а на полиците имам една миризлва хартија што пред некое време си ја купив од Џамбо.
    Сакам скоро секогаш плакарот да ми е тип-топ, среден, пребришан, све на свое место здиплено. Па сигурно еднаш неделно чачкам низ него и си средувам.

    Од сите ствари што ги имам внатре, и од алиштата од омекнувачот имам убав мирис, али после некое време се навикнувам на мирисот и мислам дека воопшто не мириса, па често знам да шприцнам по алиштата со некој спреј за тело.

    Во мојата перачко-машинска кариера само еднаш имам исфарбано алишта, пуштав темни и во нив ставив нови дреч црвени фармерки, не ги поминав на раце првин па потоа во машина, туку директно ги тртнав во машина. Немаше некои фатални последици, зошто беа темни алишта претежно црни, но тие што имаа бели шари по нив беа розеви.
    Со пеглата сега за сега добро баратам, ништо не сум залепила фала Богу.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Знам да уклучам машина, ама секогаш претерувам со прашок, па често останува на алиштата и откако ќе се исушат :D Инаку не ми се случило нешто да исфарбам.

    Во машина единствено не ставам понежни и поубави маички, жал ми е да ги гледам како кружат во тоа машината, па уште центрифуга, срце ме боли :D . Тие си одат рачно, ама мајка ми тоа најубаво знае.
    Имам прочитано дека за фармерките е најубаво да се перат превртени и тоа секогаш го практикувам.

    За пеглање веќе немам гајле, се можам да испеглам убаво. Маички секогаш пеглам така што даската ја ставам во нив (се надевам сфативте)и ги вртам околу неа, зашто така поубаво легнуваат на телото, нема ивици од страни.
    Ама патот до усовршено пеглање не беше лесен-колку работи имам изгорено подобро да не кажувам :tmi:
     
  13. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    Јас си се грижам за мојата облека.Не сакам никој да ми се меша,и не можам да чекам да се соберат алишта за перење па тогаш мајка ми да пушти машина.
    Значи се сама си перам и тоа на рака,првин со рачен прашак и после тоа обавезно ставам омекшивач.
    Сама си ги пеглам алиштата некако поубаво ми се испеглани кога ги пеглам сама (мајка ми иако е толку време домаќинка некако не си ја врши работа ко што треба) бар според мене.
    Долната облека обавезно ја пеглам (велат дека со пеглањето се убивале бактериите),единствено што не перам јас се мојата постелнина и пешкирите.
    Имам мал шкаф (кога го правеа не размислуваа дека јас ќе пораснам и дека ќе ми треба повеќе простор за облека).
    Обично скоро сите работи ми стојат на закачалка,повеќе прегледност имам кога ми се обесени алиштата.
    Тие работи што не ги носам таа сезона или поретко ги облекувам ги чувам во плакарот на татко ми.
     
  14. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    Најчесто мајка ми се грижи за перењето и за пеглањето но во последно и јас преферирам да се мешам во тие работи..
    Новите облека и понежните пљачки секогаш ги перам на раце, а потоа ги редам во машина само да ги извее :) откако ќе се исперат алиштата ги диплам така влажни да постојат половина час па потоа ги простирам да се сушат, верувајте како пеглани се одкако ќе се исушат, но сепак сите алишта што можат да се испеглаат ги пеглам затоа што ем секогаш си скоцкан дотеран ем со пеглањето се уништуваат сите бактерии.. е во пеглањето сум изрод, неможам да пеглам на штица за пеглање (не знам з'ш) туку на ламинатот ставам голем (огромен) пешкир и на него пеглам (сите ми се чудат за ова :D)

    Што се однесува до сезонската облека ја ставам во кеси и кутии и ја сместувам во празниот простор над плакарот.. ретко кај мене во плакарот да има несредена облека..речиси секогаш е се испеглано, издиплено, обожавам кога облеката ми е средена по бои.. (блузите со иста боја заедно, панталоните во дреч боја заедно и слилно)..

    Кошулите и фустанчињата ги ставам на закачалка, исто така и капутите, а дуксерките со патент, и полесните палтенца ми стојат на закачалка на вратата за да ми се секогаш при рака..

    На хемиско чистење носам само посвечени фустани и капути.. :)

    Сакам облеката да ми мириса убаво па затоа секогаш ставам мнооооогу омекнувач и во плакарот имам миризливи кугли од лаванда (прекрасно мирисаат :inlove: )

    Инаку ми се има случено еднаш катастрофална грешка.. имав неколку нежни фустачиња и блузички за перење на 30 степени, ама јас наместо на 30 сум ја пуштила на 90 (замислете 90 на вриење :o :tmi: ).. чекам пералната да испере ја нема (нормално на 30 степени многу побрзо пере отколку на 90).. кога конечно ја испра облеката и отидов да ги извадам алиштата, што ќе видам шлог ме мавна, фустанчињата како крава да ги има џвакано, а блузите гужвани и смалени толку многу што ни на тригодишно девојче не би го собрале :D Коментарот на мајка ми кога си дојде дома беше хистерично смеење и "Кој работи тој и греши".. но добро ќе беше само еднаш да згрешев, пред некое врмее на татко ми му исправ пари (и тоа не малку), но небеше вината само моја 50% беше негова :lol:
     
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Мајка ми на времето ме учеше дека колку ќе си ја чувам облеката, толку ќе си ја имам, и јас ова го почитувам.

    Перам во машина, скоро се, освен нови работи, она прво перење ми е на рака.
    Осетливите ги перам на 30-40 степени без центрифуга и досега не сум упропастила ништо. Внимателно ги селектирам, и употребувам соодветни детергенти. Омекнувач нормално. Последен фаворит ми е жолтиот Орнел.
    Е сега за пеглањето, повеќето од облеката ја пеглам, но не се. Едноставно некои материјали не трпат топлина, или ептен благо треба да се поминат со млака пегла. Свекрва ми, пегла се како под преса и ми има неколку џемперчиња упропастено. На хемиско ги носам само оделата на маж ми.

    По плакари се ми убаво селектирано. Во долните делови облека што се носи, во горни делови облека од друга сезона. Некои работи кои треба посебно да ги заштитам ги чувам во оние мушамени футроли.
    Меѓу облеката си чувам миризливи сапунчиња.

    И многу мразам да чувам гардероба што со години не сум ја облекла. Пакувам, давам што на роднини, што на жени што неможат да си купат облека...
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Мојата мајка е феномен за уништување облека при перење.Поучена од нејзиното искуство, јас со години перам на рака.Во машина одат само фармерки,постелина и пешкири.Се останато ,,ручни рад,,.
    Другарките ми се смеат дека сум како селска домакинка, ама ако.Што е сигурно,сигурно е.
    Е, што се однесува до пеглање-тука баш и не сум некоја домакинка.МРАЗАМ ПЕГЛАЊЕ! : :devil: Може е срамота да кажам,ама све стои у плакар додека не му дојде времето за облакање, па морам да пеглам :( А, пеглање веш и чорапи?!WTF???!!!
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Перење - мама.
    Господ да ја благослови.
    Секогаш се ми е испрано, сега против нејзина желба некогаш затоа што алиштата може и пречесто ги ставам за перење од пуста мрза да се склопат. :D
    Утка при перење, па да носам цела сезона иста боја, до сега немала. Алал да и е. Тука е махер.

    Како мала живеев за недела вечер и да ми даде мајка ми да испеглам 5 пара гаќички. :D Сега бегам од пеглата.

    Преку лето, џемперите се спакувани во куфер..односно претходно беа во кеси па внатре тие raid препарати, или не знам што се, а летово во мало куферче ги напикав да не се шуткаат наоколу.
    На хемиско не паметам дека нешто сме однеле. :$ Или може се случило тоа па не сум дознала.
    Облеката ми е целосно во плакар. Освен капутите и тие најдебелите џемпери се е извадено преку цела година.

    Меѓутоа, иако за перење, пеглање не се интересирам облеката ми е најдобро организирана. Убедена сум во тоа. Почнуваме од големи до боја. Како скалеста пирамида ми се плакарите. :D
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Уф, болната точка. |(
    Пуштање машина, пружање алишта, собирање, пеглање, диплење, суредување плакар.
    Ми нема поомразени работи од овие.

    Ги правам од што морам и искрено се чудам на оние што уживаат во овие активности.

    Научив да пуштам машина - алелуја, и тоа од неодамна.
    Досега не сум направила утка, добро ги селектирам работите.

    Нови маички, блузички и некои понежни стварчиња ги перам на рака.

    Сонувам за машина која откако ќе испере - ќе ми ги исуши алиштата.
    Се надевам наскоро ќе имам.

    А за пеглање, така од чиста мира да земам еден тон алишта и да убијам пола ден пеглајќи и суредувајќи ги - ниту во најлош сон!
    По потреба пред да излезам, си запеглувам по 2-3 работи.

    Прашоците за перење постојано се менуваат по дома, омекнувачите исто.
    Поим немам што и како, мајка ми купува, ниту се интересирам, ниту сум добила некоја желба за посебен омекнувач... чисти да ми се алиштата само.

    Кога се менува гардеробата, летната ја пакувам во ќеси и ми стои во куфери.
    И обратно.

    Ич не се потресувам значи.
    Алиштата за мене се pain in the ass.

    Радо би шетала со смоквин лист на себе.
    :yawn:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    И јас :tmi:
    Мразам постилање алишта на сушалка, па ај диплење, па постилање нови, па диплење, мислам дека ќе нема крај овој круг до крај на женскиот живот а плус и пеглање [​IMG]

    Инаку за машината мајка ми е задолжена, но знам и јас да пуштам, се случило неколку пати тоа де :lol:
    Утка не сум направила, но мајка ми да. Е добро де се греши луѓе сме. Само не мораше тоа на времето да се случи со моите најк патики нови, кои наместо на 60 оп на 90ка. И патиките ги вадиш на парчиња. Срцето ме болеше. Ама па си добив нови после таа плачка 8) Повеќето работи се перат во машина, дури како што кажав и патики порано кога многу носевме си ги перевме, кој не пробал не знае какви се бели патиките од машина кога ќе ги извадите. Ама само за белите патики зборам. Сеа почнавме и џемперчиња да переме во машина, порано не го практикувавме тоа. На рака нови работи обавезно, дека најчесто тие пуштаат боја при првото перење, дречливи работи и некои понежни материјали.
    Омекнувач обожавам!!!!
    Без омекнувач не можам да замислам. Ем меки се работите, ем убаво мирисаат. А мајка ми не знае да штеди во овој поглед. По 4 пакувања купуваме месечно отприлика, некад повеќе :tmi:
    Ама кога постиламе и цела куќа убаво мириса. Омекнувач ммммм :mm:

    Пегламе сите дома и јас и сестра ми и мајка ми и после собирање од сушалка се пегла кај мене. Во мојот регал се е на закачалка и испеглано секогаш, не диплам јас освен пижами и дебели џемпери. Е долна облека не пеглам.

    А мајка ми откри финта кај џемперчињата. Ако ги переме на рака постила на сушалката на рамно некој стар пешкир или нешто старо чаршав што и да е и го местиме легнат на пешкирот и си се суши. Немам ниеден развлечен џемпер! А не треба ни пеглање зашто при местењето убаво го мазнам. А додека тие потенки џемперчиња од машина се ставаат на сушалка пола ден, а потоа директно на закачалка. И како нови се не им е потребна пегла.

    Иначе на хемиско капути носиме само.
    Имаме топченца против молци и купуваме чат пат, да не речам еднаш годишно и мириси за орман.
    Сета облека ми е во неколкуте ормани, не ја пакувам сезонската.

    Како и да е одржувањето на алиштата е многу битно. Од тоа зависи векот на едно парче облека.
    Негрижата за облеката не е ненадејно залепување пегла или шаренило од машина, тоа се случува.
    Ама неубаво пеглање, развлекување, жолтеникава облека, бели дамки на црни работи, се е тоа уништување на облеката поради недоволно или неубаво одржување.
    Но се се учи, АМА ако се сака :)
     
    На macovska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Мајка ми ми ги пере и пегла алиштата .
    Јас си ги средувам во плакарот .
    Фала богу и мајка ми нема направено утка при перењето па да ми расипе нешто, си ја знае убаво работата.
    :)