Одржување на тежина

Дискусија во 'Диети' започната од TheEkaterina, 14 април 2017.

  1. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    330
    Не знам дали ја има темава, барав не најдов нешто слично
    Факт е дека со секоја диета се слабее. Десено ми е многу пати досега да држам диета со месеци да ослабам многу да ја доведам линијата во ред, да се ослободам од вишокот кг и после пак да се вратат истите за ненормално брзо време.
    Независно од диетата или од времетраењето на истата сите кг се вракаат. Зошто? Не сме се родиле дебели па да не можиме да ослабиме. Сите сме се здебелиле од x причини стрес, нервоза, губење на некој близок, ненормално јадење итн. Зосто после 6 месечна диета да не постои нешто со кое ке се одржат кг? Цел труд цело потрошено време да пропадне за нецели 2-3 месеци.
    Многу пати ми е десено да ослабам 20кг и да ги вратам сите. Веке доста е! Како успеваат оние со ослабеле 40-50кг да не се здебелат ниту еден грам? Не можиме сите да вежбаме да трчаме, да спортуваме. Јас сум со две деца и навечер едвај цекам да легнат, за да се искапам и да легнам, преуморна сум немам ни сила ни време за трчање, вежбање. Која е тајната? Дај кажете некој ако знае ве молам знаци. Па ми се смачи во последниве 5 години да слушам како треба да ослабам и дека штета со не сум ја задржала добиената линија! Не е лесно. Ама никој нема разбирање!
    Ако знаете нешто споделете. Џабе се мачиме кога се ке вратиме.
     
    Последна измена од модератор: 15 април 2017
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    100.147
    Пол:
    Женски
    Еве јас да ти кажам од лично искуство.
    Еднаш стегнав заби и ја држев прописно УН диетата ( 3 месеци + 3 месеци одржување ) и добив трајна промена на метаболизмот и трајно си стекнав навики и начин на исхрана кој ми одговара и ми годи.
    Ова беше пред 5 години, после првото породување, а оттогаш родив уште две деца - и тежината и линијата ми се пак во нормала без воопшто напор никаков.
    Имам три мали деца, не работам, немам време за вежбање, нити зазамарање со исцрпувачки диети и сл.
    Љубител сум на овошје и зеленчук, утрата ми почнуваат со шоља кафе и полна чинија свежо овошје, најчесто јадам банани. Практикувам слушалки на уво, бебе во количка и фаќање сонце покрај езеро. Гласна музика и заедно со децата танцување дур ме држат нозе :) Играм со нив во двор или во парк, со топка, скокаме со јаже, се бркаме... Практикувам да земам витамини во прилет или есен кога паѓа имунитет и исцрпеноста ја препушуваме на недоволно јадење, научив да си ги распознавам сигналите на телото. Железо, витамин Ц, калцуим и магнезиум, тоа по потреба применувам.
    Избегавам да се оставам прегладнета, наоѓам макар 5 минути за човечки оброк со седење и уживање, зошто со три деца претпоставувате каков е денот и колку има време за себе човек, но оваа практика ми е еден незаменлив и неопходен ритуал.
    Продолжив со правилата на ун, не мешам месо и компири и сл. Јадам по помалку повеќе пати за да го одржувам гликемискиот индекс стабилен. Навиката да зјапам во фрижидер ја искоренив. Не јадам навечер касно пред тв. Почесто практикувам шоља млеко пред спиење.
    Сепак, дефинитивно, сето ова не дојде преку ноќ, овие промени и нови навики се резултат на подолг период, со брзинските диети колку и да сакаш да се одржуваш, едноставно имаат контра ефект.
    Затоа, само ск добро одбран режим кој трајно ќе се применува ќе има трајни резултати :)
     
    На Dust, ♣ Alba Viduam ♣, TheEkaterina и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    840
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со членката погоре. Добра линија не е нешто што се создава наеднаш и засекогаш, туку се одржува постојано. Џабе се екстремните диети ако повторно се вратиш на стариот (нездрав) начин на исхрана и живот. Не е ниту потребна некоја посебна диета. Доволно е балансирана исхана, мн овошје зеленчук и физичка активност. Верувам дека секој може барем 10 мин во денот да одвои за џогинг, јога или вежби низ дома.
     
    Последна измена од модератор: 17 април 2017
    На Elisabeth, PaLaVa и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    26.406
    Пол:
    Женски
    Веројатно внесуваш премногу калории т.е многу повеќе отколку што можеш да истрошиш. Комбинирањето на храната игра голема улога, како и времето во кое се конзумира истата.
    Не за скробните зеленчуци, вештачките шеќери, полномасните производи, преработките од месо и лебот исфрли го од исхраната целосно.
    Смени го ставот кон храната.
    Не живеј за да јадеш, туку јади за да живееш.
     
    Последна измена: 18 април 2017
    На TheEkaterina, lunchy и elimkd им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    50.217
    Факт е дека некои луѓе се посклони кон дебелеење и тука малку може да се влијае. Всушност може, но потребно е да внимаваат. Не е толку важно вежбањето колку што е важна исхраната. Луѓето често јадат повеќе отколку што мислат дека јадат. Не е толку важно (за одржување на тежината) храната да е "здрава" колку што е важно да не се внесуваат премногу калории.

    Јас па го имам спротивниот проблем. Сакам да качам некое кило зашто не личам на девојка во телото, личам на мало девојче. А јадам се` што сакам, кога сакам и колку сакам. И кога ќе качам едно-две кила, за месец дена сами по себе се губат. Метаболизмот ми е ненормално брз. Вежбав за да накачам мускулна маса, ништо. Престанав да вежбам кога видов дека џабе се трудам и уште повеќе ослабев. Може некој да сподели искуство и во врска со ова, зашто не има и нас што мака мачиме за кило плус, иако сме поретки ние. :$
     
  6. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    330
    Jas se izvinuvam za latinicata ama nemam kirilica na mobilen.
    Veruvaj me deka jas iskreno nemam vreme za vezbi. Ne deka ne sakam nemam. Doma sum sama so dve decinja. Ne rabotam. Imam zdrava prava svekrva koja ne mi pomaga vo nisto. Bukvalno cel den mi pominuva vo ranenje deca, preslekuvanje, spremanje hrana za bebe, dete, za nas, perenje, peglanje, cistenje poso i toa sama go pravam nemam pomos.. edinstvena aktivnost mi e setanje so kolicka. Navecer se desava ednoto ili dvete da se nemirni cela vecer se neso im fali jas sum hronicno umorna i nenaspana. Sakam da se posvetam na sebesi poso dolgo vreme mi se drugite prioritet a jas se zabataliv samata. Od utre pocnuvam so nutricionist so koj se nadevam deka ke se sredam fizicki. Ne e lesno ama nekogas pobitno ti e deteto da jadi da sedis i da go molis da jadi i da ti odbiva tri razlicni jadenja koi si gi spremil i da se vozdrzis da ne vikas poso znaes deka ke ima kontra efekt namesto da se posvetis na tvojata ishrana. Ama eve konecno se resiv da se stavam sebesi na prvo mesto se nadevam deka ovoj pat ke uspeam. Mnogu nadez mi dava nutricionistot pa ke vidime. Ke ve informiram nahnadno. :)
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.