1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Од кој автобуски превозник сте најзадоволни?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од mentol, 6 јули 2016.

  1. mentol

    mentol Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    од кој национален автобуски превозник сте најзадоволни и зошто а од кој не сте задиволни и зошто
     
    Последна измена: 6 јули 2016
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.558
    Пол:
    Женски
    DelfinaTurs.
    Од нив сум задоволна пред се заради љубезноста на шоферите и кондуктерите а и автобусите се убави и нови.
    Не сум задоволна од Галеб бидејќи иако новите автобуси се преубави, вработените не се однесуваат баш како што треба и не им излегуваат во пресрет на патниците во смисла да им помогнат да си ја најдат торбата меѓу куповите торби.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Од МарјанТурс сум задоволна бидејќи секогаш шоферите се љубезни, автобусите се нови и чисти. Еднаш со нив бев за Скопје, абе милина да се возеш во нив толку пријатно се.
    Не сум задоволна од атом, автобусите се многу стари еднаш бев од Кочани за Штип, автобусот уште да се распадне, а и многу брчат како трактори.
     
    На Svetoslava му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Сте се возеле ли со Метро транс? ;(
     
  5. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Да сум се возел и стварно ми оставиа добар впечаток пред се љубезноста на шоферите и кондуктерите, сега немаат некој толку добри возила ама вредат многу повеќе од некоја компанија со јаки автобуси а однесување никакво на шоферите ( ГАЛЕБ)
     
    Последна измена: 5 октомври 2019
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    7.395
    Пол:
    Женски
    Да, буриња да возеа па онолку недговорни нема да беа. Сите комбиња до едно неисправни, возат по пат 120 а комбето не е способно ни за 60, се се тресе, се маваат по дупките без бубрези останав. Штета што немам друг избор, eдинствен автобуски превоз се меѓу градовите што се возам..
    Вратата кај шоферот се затвара така што тој влага, а кондуктерот оди и со клоца ја мава. Некни возејќи назад кај куферите се отвори, да не приметеше еден патник и без нив ќе останевме. Стигаме на автобуска, шоферот ми вели клај камен под колцево зошто не можам да слезам од комбе ќе замине удолу. Еднаш врнеше дожд, во комбето капе од сите страни, кондуктерот вика ако си носиш чадор пушти го. Во нозете долу река од вода. Дува од сите страни без синуси да останеш. Досега само јас ко сум била 3 пати сме останати дефект. Во лето клима нема, ниеден прозор не се отвара.

    БОНУС: Пошто останаа единствена опција меѓу градовите што се возам, картите ги поскапеа со по 40 денари, а студентските ги укинаа. И во последно гледам да ги избегнам зошто не гарантираат дека читав ќе се вратиш дома.

    Едит: Заборавив, кога и да се симне некој патник, обавезно следи *бурек јадење* за него (пардон мај френч) од страна на шоферот и кондуктерот.
     
    Последна измена: 5 октомври 2019
    На Purplelilac и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  7. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Џељо од с. Дебреште да не ти е куќен пријател што ги пофали вака? Двесте луѓе ги критикуваат и ќе умрат по пат, ти викаш љубезни шоферите биле!
     
  8. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Не ништо не ми е не ни го знам чоеко само знам јас какво искуство имам со оваа компанија.
     
  9. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Имаат само четири приближно соодветни возила и осум канти од комбиња. Со кантите е опасно по живот да се вози човек.
     
  10. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Со возилата е апсолутно безбедно да се возиш сите си поминуваат на (реален) технички преглед, а и шофери и кондуктерите се премногу фини и секогаш излегуваат во пресрет
     
  11. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    7.395
    Пол:
    Женски
    Описот мој од погоре ти личи на безбедно и технички исправно комбе???
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Апсолутно можам да гарантирам сум се возел премногу пати со Метро и знам дека ситуацијата што некои сакаат да ја прикажат не е таква( не велам за тебе) но секогаш постои шанса да се случи нешто боже мој комбе е тоа не може се да се предвиди кога возилото ќе остане во дефект, кај сакаш таму горе на автобуска во Крушево и да ти застани на таја угорница?
     
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Ќе треба да снимам и да ставам видео на форумот, да видиш метро транс какви комбиња, какви шофери пензионери и какви кондуктери од над 67 години има. Какви дупки има на кровот, какви дупки има на подот, како смрди и какви гнасни седишта имаат.
     
    На Harper му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Јас и на првиот пост пишав дека возилата не му се нај нови но пред се безбедни и фини се возачите и кондуктерите па макар и 105 години имале
    А и твоето пцуење Кажува дека имаш нешто против сопственикот на компанијата а не дека е лош превозник.
     
    Последна измена: 5 октомври 2019
  15. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Качи се од Битола за Демир Хисар, не од Скопје за Прилеп и ќе се увериш. Откако ќе се случи несреќа со комбе касно ќе биде.