Здраво знам дека има тема за осветлување на коса од црна , но мислам дека нема ваква тема за затемнување на косата од плава фарбана или бланширана. Имам плава бланширана коса, како да ја затемнам дома со темно кафена фарба без да излезе кафена со зеленкаст отсјај? Би сакала да пишете мислења вие што сте ја затемнувале косата. Дали правите предпигментација?
Леле темава.. Јас неколку пати ја имам враќано, од плава во црна. Ќе ставев темна фарба и тоа беше, потоа ќе се фарбав неколку пати и ќе покриеше. Еднаш кога ставив тегет црна фарба, ми испадна малку зеленкаста и додека се покри сето тоа, требаше 4-5 пати да се фарбам. Искрено и јас се мислам за некоја промена, некоја чоколадна кафена, ми се здосади и мене плавата. Дали да пробам со некоја колор маска прво.. или нема да фати?
Јас ја носев некои две години можи плава и така од нигде никаде без да размислам ставив потемно кафеава и излезе баш така ко темна со зелен некој сјај ама мислев дека не се познава многу…на работа кога отидов сите беа прашалници во смисла “што и се случи на оваа па вака на зеленкасто отиде” После не знам како ама наредниот пат веќе кога се исфарвав некако заличи… Моја препорака кај некој стабилен фризер да отидеш па постепено да ја затемните
Како ви фаќа фарба на бланшот? Јас ја имам фарбано од плава во светло кафеава и после неколку миења изгледаше ужасно, целата боја беше падната. Не сакам да знам што ќе беше ако се исфарбав црна
И јас од ова се плашам се мислам да отидам во една парфимерија да ми дадат фарба, и да ми кажат за нијанса што како, која да ја ставам. Не знам дали да фарбам постепено потежно па потемно , или да ставам темна кафена оддеднаш. А за бојата знам дека ќе паѓа на почеток.
Најверојатно зависи од влакното на косата. Јас бев плава 2 години, после тоа ставив темно кафеава. Првиот пат имаше останато некои прамени што не фатија, ми дојде како шатирана, вториот пат кога ја исфарбав беше рамномерно кафеава.
За чоколадна прво црвена, па чоколадна. Јас прамени покрив без сто пати да се фарбам. Длабока богата чоколадна боја. Од јутуб низ годиниве што сум научила
Јас ставив од syoss, можеби да беше од поскапите ќе беше различен исходот. Така да добра ти е одлуката да се консултираш со некој што се разбира повеќе После вториот пат не ти паѓаше бојата воопшто? Јас никако не успеав да ја задржам, не знам што влакно ќе имав.
Јас имам користено и мене искрено ми се покажала предобра. Од пигментација до сјај и пред се многу побавно паѓа бојата за разлика од други што сум ги користела. Јас единствено ја сменив затоа што малку ми беше скапа а јас треба да користам 2-3 фарби зато што имам долга коса.
Јас закажав на фризер во вторник, е сега не знам дали одма може да се добие боја како што сакам, оставам да каже фризеркава. Работи со Loreal dia color и majirel фарби, ќе видам што ќе стави, ќе ставам слика. потоа ќе продолжам сама да се фарбам дома , ќе земам од истите фарби што ги користи фризерката...
@koritsaki ти можеби знаеш, како од бакарна да ја направам црна? Мислам може, ќе има отсјај? И која би можела да ја земам? Оваа ја ставам
Јас кога ја фарбав црвена, па црна кога се офарбав, да, имаше отсјај на сонце. Се додека тој дел не го ошишав, се гледаше отсјајот. Земи пробај со црна тегет исфарбај се , може нема да се гледа толку сјајот.
Па, не би требало. Особено ако косата не е оштетена. Јас кога ја фарбав така ми беше во добра состојба и супер фати, секако второто фарбање уште подобро. Само отсјај ќе има црвен кога ќе се измива фарбата.