Диетата е базирана на режимот на исхрана на група возрасни жители од островот Окинава, Јапонија. Островот е познат по најголемиот број столетници во светот и луѓе со најдобро здравје. Истражувањата покажуваат дека месните жители на Окинава кои јадат традиционална храна на островот, имаат идеална телесна тежина, болестите на срцето во споредба со другите реони во светот се со 80% помалку, а рак со 60% помалку. Диетата ветува дека ќе ослабнете, ќе живеете подолго и нема да се чувствувате гладни додека трае. Диетата ја дели храната на четири основни групи: Најлесни – зеленчук и овошје Лесни – млечни производи, риба, бело месо и кафеав ориз Средно тешки – црвено месо Многу тешки – пржена храна и десерти Оваа диета ги исклучува последните две групи наполно, и се состои само од храната што припаѓа на првите две групи, најлесната и лесната храна. Нема никакво ограничување на количините, а диетата може да трае и еден месец. Ако веќе се одлучувате за диета, тогаш изберете ваква или слична, што ќе има позитивен ефект и на вашето здравје. ................................................................................................................................................. ова повеќе претставува здрава исхрана отколку диета. има ли кандидатки за заеднички успех да истраеме,консултираме и да се бодриме на форумов?
"I Lost 31 pounds! After yo yo dieting for most of my life with no lasting success and trying Atkins', the Zone, South Beach and several other diets I finally found a diet plan that teaches me healthy weight loss (31 pounds!!!) AND how to keep it off eating healthy and delicious food. Thank you Drs Willcox and Suzuki !! You changed my life !!" Sandra J (Maryland) "(I lost) 19 pounds. My thighs and bottom look 20 years younger. The muscles are showing and the cellulite is almost gone!" Debra P. (Colorado) "I know that this is a program that I can follow for life, for I am able to keep my caloric intake at a reduced level while getting an optimum amount of nutrients and never having to feel too hungry. An increased energy level is the wonderful result." Donna O (California) "I've done low carb for 2.5 years. My blood pressure went up, my asthma returned. I had migraine headaches. I truly prayed for some direction - what was I doing wrong? I read plan after plan, Zone, Atkins, South Beach, vegetarian, juicing, but none of it fit. The Okinawa Diet was the answer to my prayer." Sun P (USA) еве успешни стории, се извинувам за англискиов, ама тоа е.
А лебот во која група влегува?( ја одма за тоа без што не можам ) Во втората или ич леб не се јаде, инаку ова делува здраво, основата (ручекот) да е бело месо, риба, кафеав ориз,со вклучени салати свежи, а оние полесните оброци ( доручек, вечера) да е овошје и млечни производи. Иако ми личи повеќе на здрава исхрана, логично е да истовремено изгубиш и вишок килца дур се храниш здраво.
Многу ми се допаѓа диетава, иако се согласувам со вас дека повеќе е здрав начин на исхрана, отколку диета. Јас едно време се хранев баш како што налага диетава и изгубив доста килца, ама после си ги вратив зашто не можам да издржам без блакца, сладолед, пици... и сега планирам пак да си се вратам на овој начин на исхрана, па ајде да се поддржуваме сите со диетава Плус, би било добро и пешачење да се воведе секојдневно барем еден час, ќе помогне сигурно ПС Лебот би требало да биде во лесна храна, ама јас би препорачала да не се претерува, 2-3 кришки леб се доволно дневно и ако е црн леб уште подобро