Koritsakii od kaj ti e ova 3toto i dali e ubavo.. Sakam nekoe mleko sprejce za telo da si zemam sho ubavo mirisa i ubavo li ee?
Blady oвa е oд Гр пoтoчнo oд The body shop, oвие прoизвoди ги немa вo мк се уште. Инaку е мн убaвo, мирисa кaкo свежи јaгoди 100мл гo земaв 10 еврa нo не трaе мнoгу сепaк е спреј зa телo имa нa избoр мн мириси , a тaкoв мирис кo штo бaрaш види дa не имaaт вo кoсмo
KO so odam sekojdnevno naplaza bez krem za soncanje I krem za telo letovo ne bi mozela da go zamislam
За коса 1.шампон овој шампон е против првут и доста ја омекнува косата и убаво мириса 2.балсам за коса многу сјај и дава на косата иако е за нормална коса ми е погоден 3.маска за коса еднаш неделно обавезно ја ставам 4.третман за коса многу сјај и дава на косата третманов и прекрасно мириса За тело 1.гел за туширање 2.лосион за тело 3.антипреспирант
Ова лето: Убаво маслен и убаво ми мириса, во принцип Авон не го почитувам, со исклучоци кои ги прават по кикс, а не по намера. Планет спа ми се без исклучок секогаш супер и не е само овој производ за летово. Убаво мирисаат. Кремата е лесна, за кожа како мојата е супер, гел формула е и има ситни светки што рефлектираат и делува како да е изедначен тенот. Маскава хидрира, но не масти и прави благ пилинг и ги осветлува несовршеностите. Кој знае што се не има во нив, но мене летово ми се супер. Во принцип ги сакам сите производи за сончање на Гарние. Мирисот им е супер, немам никаква реакција од нив. Ова конкретно, не мрси, ама прави предобар филм на кожата и убав сјај. Предобар мирис, да не се повторувам, што би рекла другарка ми - ми мириса на оние твоите - што во превод значи, баш како своина, нешто што го дефинирам како вкус за мириси. Заедно со дав кремата за тело ми се вонвременски мириси што ги обожавам. Летово со спрејовиве се опседнав... Сепак овој пред Aqua kiss-от, ама не знам и двата, ми се меша не можам да се одлучам. Ама сепак овој ми е евергрин.
Здраво, еве ги дефинитивно моите омилени и неопходни производи за ова лето Моите 5 омилени производи за ова лето 1. Флуид за сончање на Gamarde SPF 50 Дефинитивно бр. 1 производ за заштита од сонцето ова лето. Просто го обожавам. Овој флуид е 100% составен од физички филтри, не ја масти кожата и одлично заштитува од UVA и UVB зраците. Има прекрасен летен мирис, потесетува на плажа и што е најважно не остава бела трага на кожата (со оглед на тоа што има само физички филтри кои се минерали во прав). Одличен е како подлога за шминка, а слободно може да го употребуваат и дечиња и бебиња. Јас го користам секојдневно како заштита од сонцето и врз него слободно ставам пудра која перфектно стои цел ден на лицето. Со оглед на тоа што имам светол тен, секогаш одбирам фактор 50 и може да ви кажам дека еве трет месец како го користам и кожата ми е префектно заштитена преку текот на целиот ден. Доколку сте веќе потемнети од сонцето или пак имате природно потемен тен, може да одберете и фактор 30. Производот е природен и органски, како и сите производи од линијата на Gamard. 2. Пудра за лице на Dr. Hauschka Оваа пудра е создадена за во лето. Иако содржи прекрасни масла како кокосово и макадамија, оваа пудра воопшто не масти , не ги запушува порите, не ја отежнува кожата и дава прекрасен природен изглед. Не покрива многу, во смисла не претставува маска на лицето, туку доста нежно ги прикрива недостатоците и дава свеж изглед на кожата. Ја има во 5 нијанси. Јас ја користам нијансата бр. 2 која не е ни многу светла ни многу темна, еден вид на златна средина. Комплетно е природна и органска (како и целата колекција). 3. Деодоранс рол он на Gamarde Летно време потењето е зголемено поради високите температури, и од неопходна важност е добрата и сигурна заштита и неутрализација на непријатните мириси. Во последно време зависник сум од деодорансот на Gamarde со мирис на цвеќе кој е без алуминиум и не ја запушува кожата под пазувите, ја остава да дише, а го неутрализира лошиот мирис. Може слободно да го нанесете онолку пати колку што имате потреба во текот на денот и да уживате во вашата 100% природна, здрава, органска и сигурна заштита во топлите летни денови. 4. Путер за коса на Alverde Овој путер за коса е дефинитивно must have за ова лето. Фантастично ја негува и храни косата, благодарение на маслата во самиот производ. Не ја масти косата, и дава висок сјај и неверојатна мекост на самото влакно. Косата полесно се расчешлува и едноставно е полна со живост, која и те како ни е потребна ова лето кога сонцето не е баш и најголем пријател на самата коса. Се користи на два начини како третман за коса и како серум за оштетени врвови. 5. Термална вода на Gamarde Замислете колку е убаво да имаме секогаш свежа и навлажнета кожа дури и во лето кога температурите се високи. Ете тука доаѓа на помош чистата термална вода од марката Gamarde. Оваа термална вода (името доаѓа од изворот Gamarde во Франција) е богата со сулфур и призната е од француската академија за медицина како една од најлековитите води во Франција екстремно богата со сулфур. Одлично ја смирува кожата, ги спречува евентуалните иритации и црвенила и прави нашата кожа да блеска од здравје и убавина. Јас ја користам и по неколку пати во текот на денот, па дури и врз шминка. Едноставно ги испраскувам лицето, вратот и деколтето, и мојата кожа е повторно навлажнета и хидрирана. .
1. Natural Wealth Beta-Carotene Неколку години по ред пијам витамини бета каротен и дефинитивно ми се број еден производ без кој не можам да го поминам летото. Претходните години ги пиев исклучиво неколку дена пред одмор и додека сум изложена на сонце само заради тоа што бев пушач и во комбинација се многу штетни, но бидејќи престанав со оваа лоша навика после нова година ова лето почнав со нив уште од Мај и ги пијам секојдневно. Многу полесно се поцрнува, бојата се задржува многу подолго, го нема она лошо лупење и кожата буквално сјае. 2. Vaseline spray moisturizer Многу ми е мака што кај нас ги нема овие спрејови ма да си обезбедив добра залиха за цело лето. Мирисот е нежен и пријатен, дава супер свежина и влажност на кожата и супер брзо се нанесува. 3. Aura highlighter Од шминка за летно време омилено ми е хајлајтер и нема шанси да поминам без тоа. Ги имам двата на Аура и си ги користам најизменично за акцентирање на горниот дел од образите, делот под веѓите, внатрешниот дел од окото и врвот на носот.