Како што си имаме омилени фудбалски клубови исто имаме некои неомилени или омразени. Без разлика дали се ривалите на вашиот тим или некој сосема друг. Поради која причина ви се неомилени? За мене веојатно знаете дека Барселона како најголем и лут ривал на мојот клуб ми е најомразена екипа. После неа би ги вброила и Јувентус, Сити, Јунајтед и Милан.
Блек ма, зашо бре моме Милан а? Ќе те карам . Се шалам . Најомразен, на врвот - Манчестар Јунајтед! Овој тим, во пакет со тренерот, како и господинот Кристијано Роналдо ми се најомразени нешта од фудбалот. Не ги можам . Останатите тимови не ги мразам, туку не ги сакам, ниту ми се омилени или симпатични. А такви се Интер, Јувентус и Барселона. Порано ја сакав Барса, ама веќе не, а пред се заради глумата и нивната префорсираност и фаворизираност од страна на судиите. Претходно не ги сакав Реал, после Јунајтед од нив најмногу ми се креваше косата, ама веќе не. Сега е во групата на оние погоренаведените .
Баерн Минхен,органски не го поднесувам клубов,на чело со најироничната фаца во светов на фудбалот,Ноер.Па уште и оној Манџукич отишол ужас.. Всушност цела Бундеслига не им ја можам,ама овие ми се главни Груб фудбал,мислиш бокс гледаш. Барса,од познати причини. Не за џабе ги викаат Уефалона,колку само утакмици добија со помош на судии,глумци невидени.. За нивни играчи можам да навивам само кога играат за Шпанија,тогаш се сплотуваме и можат да глумат Јувентус,Јунајтед...немам некое посебно објаснување зошто,ама не ми се баш омилени..
BlackSwan5 ме претрка. И јас се мислев да отворам ваква тема, каде што слободно , без да бидам оф топик да кажам кои се тимовите што ги мразам. Првото место го зазема Барселона. Одвратно ми се што се однесува на тимот почнуваќи од фудбалерите на чело со Меси, па се до нивната глума и наклонетоста на судиите. Потоа Јувентус и Интер (како ривали на мојот омилен тим Милан) и на крај е Челзи.
Омразени, т.е. подобро кажано непривлечни ми се сите тимови кои ми заебале златни тикетчиња поради нивната непостојана селска игра. Тука во прв ред ги вбројувам Реал Мадрид, кралскиот тим кој никако да заигра како што треба (кога мене ми е потребно) префорсирани и арогантни пуфловци. Понатаму Интер, Фејенорд и Фенербахче. Значи ова е засега мојата црна листа на банирани тимови за тикетчиња, затоа и ми се омразени.
Манчестер Ј, Јувентус, Барселона ... А не ги сакам ни Реал М. и Челзи нешто посебно. Причини - не ми се симпатични или ми се пренафурани.
Тренди кај најде да ги ставаш Турците на ливче? Немој сестро, немој. Јас колку пари фрлив заради нив. Инаку Холанѓаните ми се особено омилени на ливчињата. Ги фаќам како од шала. Но Французите и Шпанците никако. Секој француски тим ми е на списокот на непосакувани .
One and only... Од овој поомразен немам. И Интер, Јунајтед и Челзи не ги обичам, али почесното прво место се знае на кој припаѓа.
Aј па и вие сега, друга тема поврзавте со оваа, ама ако сакате така ќе ви кажам дека Бундес лигата ми е најомразена општо земено, што поради тоа што паметам првото ливче што воопшто го играв на спортска и вредеше 100.000 денари (вистина!) ми пропадна ради 2 швабски утакмици, јебем их у чело! Oд друга страна не ги сакам, затоа што како нација ми се крајно одбивни (компарација со омилената ми Шпањолска), јазик, карактер, све све, ги мрзам бескрајно, душата ми се наполни кога Челзи ги тепаше во финале Баерновците, ете со душа славев. Eм што едниве ми се омилени, ем што другиве се на црни списак. 3начи земено во пакет цела лига на Дојчланд не ја поднесувам органски. Kонкретно како фудбалски тим, на прво место многу одамна стои Барса и не може никој да го замени тоа челно место на мојата листа. 3атоа што играат фудбалери што во ниедна средина не би ги сакала, дури ни во репрезентација кога играат, но ете - судбина их споила со Mадриѓани и тоа е. Oстај тоа што се на врвот во својата глумачка кариера, што е префорсирана и дури досадува очајно, што има фаци што ни на душманот не би ги посакала, ете ги мрзам бре, никогаш нема да ги засакам, па нека посвојат пола Aфрика од великодушност и добрина. Mоже и други да ми се троа понесимпатични, но далеку од тоа дека ги мразам. Eве од годинава Псж ќе ги хејтам страшно, мерак ми е она козичето ниеден гол да не даде, и да му обели она селско брадиче од толку курчење. Спојлер
Барселона (од веќе познати причини) ilent: own: Манчестер Сити (пред се поради Балотели ) и Партизан..
Кратко и јасно: Реал Мадрид , клуб полн со врколаци на чело со Пепе! А има и играчи кои ги сакам од таму: Касиљас,Рамос и Бензема. Најмногу ги мразам: Роналдо, Пепе и Мурињо, од дното на душата .
Лузерпул високо котира на мојата листата. Го мразам ама навистина многу го мразам, ми се повраќа кога ќе ги видам нивните дресови Ми останаа уште од помала во глава како Лузерски тим и ден денес не се ни обедувам да го сменам мислењето. Интер не ми е нешто посебно драг. Јуве такоџе, дека ептен сме ривали во калчото и навивам против нив по дифолт. А на лифчиња, кој ако не драгите француски тимови, ПСЖ посебно, и општо е многу извикан тим во последно време. И последно ме зафркна ЦСКА Москва и тоа по памет на еден другар убаво се изгорев, цела добивка од претходниот тикет ја ставив и останав со празни раце, и од тогаш ги замразев ужасно многу. Шпанскиве не ми се нешто посебно драги, но не ми се ни омразени.
Не ми е јасно зашто толку го мразите Пепе? Добро знам дека некогаш е многу груб ама кој фудбалер не е?Башка си се бори за клубот а и играчите на Барселона не се ништо подобри а највеќе ги мразам за тоа глумењето,Мурињо знам дека некогаш претерува ама само си е искрен а за Роналдо иако јас сум за Реал не сум од оние кои го обожавааат Роналдо и пискаат кога ќе даде гол али немам ништо против него!