Денеска, посебно последниве две години се почесто е порачување облека, аксесоари и чевли онлајн. Свесни сме дека и постојано има и измами, не се заменуваат продукти, се праќаат сосем трети парчиња или не се исти ко на сликите. Па, затоа ја отварам темава за да споделиме искуства независно позитивни или негативни за онлајн продавниците за облека, аксесоари и чевли во Македонија. Напишете нешто повеќе околу вашите лични искуства со модните онлајн продавници во Македонија. Од која продавница сте најмногу задоволни? Каков пристап имаат, дали се услужливи и враќаат брзо? Се надевам темава ќе има интерес и ќе послужи некому.
Мене некако навика ми стана да нарачувам облека вака. Ако најдам нешто што ми се допаѓа и ми се замота во глава, проблем. А мразам на невидено да земам облека, но ете. Една од првите нарачки ми беше преку sovrshena.mk, имаше некоја акција со пижами (2 пара за 1 или така некако) и си одбав. Материјалите беа ужас, бројот одличен ама џабе. Толку убави дезени имаа во понудата, ептен се излажав ама неславно заврши. На времето нарачував преку фб од бутик Ивери. Се што си зедов уште си носам, баш ми се погодија повеќето работи од таму, ама откако отворија бутик си одам таму. Fransa boutique ми се супер. Некои кошули и џемпери си имав нарачано, супер беше се и немаше разлика од тоа што беше на сликите. Ама ме нервира кога ставаат слики од модели или од фотосесии за каталози. Обработени, донашминкани, комбинациите изгледаат сон. Во живо, катастрофа е благ коментар дури. Вака се зезнав со shopigo.mk лани. Се уплашив кога ми стигнаа работите и си кажав што ми требаше. Не беше облеката толку лоша, само ме удри шок зашто бојата на сликите изгледаше скроз поинаку. Можеби и јас требало да си допрашам, ама на крај памет не ми падна и ете отсега натаму и тоа си го имам на ум кога нарачувам нешто.
Се согласувам. Јас досега имам порачано онлајн само патики. За облека се мислам и не знам како да си ја погодам величината Ми се допаѓаат доста работите на Азелеа и на Posh бутик, но ми е страв да порачам пошто не знам дали би си ја погодила величината.
И патики сум нарачувала, мислам дека беше од Д Спорт, така некако. Ептен брзо ја добив пратката и толку беа љубезни кога ме контактираа, сто пати потенцираа да се јавам доколку нешто не е во ред со броевите на патиките. Среќа немаше потреба да ги враќам. A за облека досега не сум имала проблем со величини, само избегнувам да нарачувам фустани и панталони, фармерки, баш поради ова да не утнам па да треба потоа да се оправаме по карго служби со денови. Зависи и од моделот нели, ама некако посигурно ми е на лице место да пробам нешто такво отколку да ризикувам.
Имам нарачувано неколку пати од posh бутик. Многу се љубезни, од некои парчиња добивав и плус видеа и слики за да доловам материјал/боја/модел поточно. Презадоволна сум и од облеката и од односот. Пратките стигнуваа за 2-3 работни дена. Од друго место, освен зара и фешнгруп, немам порачувано во МК. Обично кога сум во Србија си нарачувам од тамошни продавници и street style брендови. Има многу поинтересен избор, за разлика од нашиве онлајн продавници кои нарачуваат само ствари од Косово и ги препродаваат за многу поише пари. А и доставата е тука некаде, во Скопје е 130, од Косово максимум 5 евра, минимум 3.
Можам да ги пофалам Ивери и јас, брза е доставата, облеката е како на слика исто. Од Персин исто сум порачувала и облека и обувки и исто сум презадоволна, плус и евтино е, брза е доставата, што и да те интересира околу материјал и големини да прашаш одговараат. Е сега не дека и тие немаат некои слики каде што се гледа дека е бојата едитирана и е ептен очигледно, ама досега од работите што сум ги порачувала сум добивала слики за да знам како реално изгледаат.
Последниве неколку години и јас најчесто нарачувам од онлајн страници од Фејсбук. Досега не се сеќавам да сум имала негативни искуства. За чевли имам неколку страници со кои досега сум имала позитивни искуства. Online Outlet Shoes.mk првпат ги открив некаде крајот на октомври и баш ми се погодија во периодот кога бев по потрага по чизми. Од кај нив нарачав два пара преубави и квалитетни чизми, ниски и високи од кои сум презадоволна. Конкретно за штикли имам нарачано од Molini Shoes и можам да кажам дека тие се едни од најкоректните онлајн страници за чевли. Нема утка со овие две страници. Други страници за чевли овде би ги спомнала Trends.mk и PERSIN. За патики имам нарачано од Runners и сум задоволна. Од XL SHOES имам нарачано патики и две ташнички и посебно сум задоволна од брзината. За помалку од 24 часа секогаш ми стигала нарачката. Во однос на облека јас првпат нарачав од MakStore MK тренерки и дуксерка. Материјалот многу ми се бендиса и на тренерките и на дуксерката и баш се исти како на сликите. Вака се коректни, јас сум задоволна. Од sovrsena.mk порано во средно многу пати нарачував, можеби бев една од најредовните нивни муштерии. Имам нарачано два фустани, еден сет за вежбање и ташна. Последниве две години некако не ми фатиле интерес со нивните производи, ама тоа што досега сум го нарачала ми се погодило. Од Kai MK нарачав преубави пижами баш сега за зимава и многу сум задоволна, топлат за ладниот период и многу ми се допаѓа материјалот. Kai MK спаѓа во страниците со кои за еден ден ми стигала нарачката. Други страници за облека овде би ги спомнала Gardemoda.mk и БУТИК ГУД Стајлинг- Good Styling.
Сум порачувала облека неколку пати, едно што сфатив е да не се затрчувам многу по цените, ако е поевтино или 1+1, 2+1 и сл. не значи дека ќе е добро. Последно се излажав така за комплет тренерки, материјалот прелош и мали ми беа, а на сликите изгледаа сосема поинакви. Заборавив страната како се викаше. Знам и за евтини маички по кратки многу луѓе се зезнале, бидејќи на слика изгледаат супер и делуваат примамливо дека евтини, а во живо друга приказна. Од Али Експрес порачувани за 4 долари од евтин материјал. Со сигурност за квалитет можам да кажам за kupime.com.mk и halda.mk на инста, за маички/блузи/дуксери се топ. Планирам уште да си купувам од таму. Обувки не порачувам преку нет, ниту фармерки, кошули, фустани, бидејќи има поголем ризик да не ми се погодат. Има и група на фб за измами од онлајн продавници, пишуваат луѓето искуства и секогаш можи и таму да се побара искуство пред да порачаш од некоја страна. Имало многу случаеви каде им ја згрешаваат порачката (без разлика дали намерно или не) и кога бараат замена одат на блок. Затоа очи отворени пред да се порачува, или едноставно појди во физичка продавница и раат.
Имам порачувано од Молини, Персин, Ивери со веќе постоечки бутици, вака онлајн од овде па моите одат да подигнат од кај нив и сум задоволна. А најизненадена и најзадоволна сум била од N&N fashion. Прељубезни,услужливи, сами се нудат да ми измерат должина и ширина ако сум несигурна околу моделот. Секоја чест.
Јас имам од Ивери нарачано, задоволна сум, тоа што беше на сликата тоа и го добив. Исто така имам и од Стефанели бутик нарачано, супер беа и тие. Мене за обувки ми е страв да нарачам online, се ми се чини дека ќе го утнам бројот.
Јас почнав се почесто онлајн. За облека: - Зара - Fashion Group - и два-три пати нарачав од Papi&Coco, добри се За чевли: - Posh - Office shoes - Пеко За постелнини и слично по дома: - Оздилек Охрид https://instagram.com/sweethomeozdilek_ohrid?utm_medium=copy_link
Досега: Чизми од coveryshoes (на Инста ги има), чизмите ко чизми не топлеа нешто вау, ама коска се, две години ги носам, достава до дома, коректни културни. Козметика т.е за нокти сетови од makeupshop исто на Инстаграм, за тие пари супер квалитет и однос.Само еднаш каснеа со испорака пуздер ги напраив. Алишта имам зимано од LaBoutique директно во Бисер, исти се како на Инстаграм работите, меки, сочувани и чисти.Би нарачувала веќе и преку Инстаграм пошто се уверив во нив. Ив знам во Лептокарија тие што се, сите се задоволни. Сеа ги лајкнав ради вас : Молини, N&N , и Макстор, па може следно ќе пишам и за нив искуство. Мене најсумљиво ми е кога имаат вакви слики.А знам дека не е она на сликата. Се гледа дека е превземена. А и fairy boutique да ги пофалам, не сум нарачувала онлајн, ама во бутикот во Лептокарија, исто се` беше како на Инстаграм. Најрелевантни ми се некои шо работат како Лабутик и Феритејл бидејќи вработените се сликаат со производите на нив, па ем знаеш какви се, ем можеш да ги доловиш. И Стефано се супер, во Охрид имам влагано, супер се опремени @Amellie13 имав и јас пишано за групата на Фејс.Па мислам дека дури и ја дадов идеа, за овде да се напраи ваква тема, за да не се прелаже некој.И таму доста пати, си срчам во лупата.Да не ме прелажат
Д спорт е спортска продавница како Спорт вижн или Спорт М и реално освен број да утнеш друга превара нема. Ова за другите чисто да знаат. Инаку, нарачувам, не дека не, ама некако најокеј ми е да си купам и да си пробам. Јас во оваа група не би ги ставила Зара и Фешн груп, Офис шус или спортските продавници. Тие се веќе докажани и не смеат да си дозволат грешка. Плус, имаш кај да се обратиш, да замениш и сл. Последно нарачав чизми од oppositeshoes, имаат продавница во ИстГејт. Доста чекав за испорака ама океј беа. Коректни. А баш од онлајн, blerscloset и blershome. Работат исклучиво онлајн ама се фер и коректни барем досега. Слични работи како во posh и butiksabe само поефтини. И од нив имам нарачано, но поретко. Исто и stefano butik доста услужливи, коректни и цената соодветна на квалитетот.
Пред пандемијата немаше толку онлајн продавници и се што имав нарачано навистина немав никаква замерка се беше убаво. За време на пандемијата изникнаа толку многу фејк онлајн страни што продаваат парталчиња, се што нарачав не вредеше. Затоа сега веќе избегнувам да нарачувам, подобро во бутик ќе си видам и ќе го купам. Ивери, многу коректни, одамна имав нарачано повеќе работи од кои едната маичка беше скината. Ми ја заменија без никаков проблем. Персин, се ми пратија како што треба, но понашањето им е катастрофа, само заради тоа никогаш не би нарачала повторно. Сарита, дно дна едно нарачуваш ти праќаат тоа што имаат, понашање на нивоУ. Имаше една страна за тренерки, ми пратија скинати тренерки 1000 ден, мислиш 1000киве така на улица ги наоѓаме, после го сменија името на страната и сега не знам како се. Од друга срана косовска, тренерките врска немаа со тие што беа на сликата, па и мали, како за дете. Italiana, коректни , производот исто како на сликата, прават и замена. Mymoda, уште ја чекам нарачката .
Јас имам од повеќе онлајн продавници нарачувано и не сум имала некое лошо искуство. На прво место ми е Fashionme.mk само пофални зборови за таа продавница девојчето е ептен љубезно секогаш излегува во пресрет. Преубави материјали исти како на сликите се гледа дека се квалитетни. Потоа Molini имам 2 пара сандали нарачано од кај нив супер се. Јас сум задоволна и од Сарита искрено иако многу негативни коментари има за неа ама 2 пати имам до сега нарачано и исти се како на сликите. Мислам дека поради тие лоши коментари почнаа да објавуваат слики од нивни модели не од интернет што е реално супер. Fransa бутикот има убави работи имам нарачано и од кај нив ама малце во последно време почнаа да претеруваат со цените за една маичка обична 900ден. Исто пофални зборови за Prestige од Прилеп нарачав сако и дека ми требаше што побрзо да стигне ми излегоа во пресрет за еден ден ми стигна. Сега за сега тоа е моето искуство ако ми текне уште нешто ќе дополнам.
Единствена ли сум што никогаш не нарачувала облека? За ташни и други додатоци може. Ама и тоа го правам ретко, си сакам стандарден шопинг. Додека не го видам парчето со свои очи и уште поважно, додека не пробам, нема шанси да купам.
Од спорт м често знам да си нарачам патики ама само адидас бидејќи немам со нив промаш со бројот, секогаш ми се таман. Два пати сум нарачала од сарита, првиот пат едно мантилче чиј материјал во реалноста немаше врска со сликата (но ми се погоди, доста ме топли и го изнаносив), а вториот пат фустанче кое на сликата паѓаше така лабаво на рамената и општо комотно изгледаше, а кога стигна не можев ни да го облечам од што беше тесно, како за дете беше големината. Така да, за мене освен спорт м онлајн купување на облека никогаш повеќе.
Порано нарачував онлајн од нашиве Фејсбук страници, но сватив дека залудно си ги трошам парите. Од погрешно стасани бројчиња за кои однапред сум прашала за мерки, до неквалитетен материјал денар не вреди. Плус за достава да трошам 150 денари не вреди кога нарачуваш нешто под 500 денари е премногу. Сите тие работи што ги нарачував можам во трговски или на пазар да ги најдам за поевтино и поквалитетно. Да појдам и на лице место да го видам предметот и да одлучам дали го сакам или не е поинаку. Живеам во главниот град, таја што неможам да зборам за туѓо искуство.
Обувки имам нарачано од DSport, Sport Vision и од Sport Reality. И од Arthur's. Најубаво искуство со DSport, точни, на време, ажурни и се гледа дека не се последен модел кој стоел по магацини. Најлошо со Sport Reality. Ми пратиjа комплетно друг модел. Па натегање за враќање на пратката и парите. Крајно разочаран од нив. А бев во продавница, го пробав моделот и кога ми кажаа дека попустот важел само онлајн, па така се решив да порачам. Грешки се случуваат секаде, но ми сметаше крајно нељубезниот однос. Да не инсистирав, немаше да ми ги вратат. Имам и некоја маичка порачано од Совршена мислам дека беше. Квалитетот никаков споредено New Yorker, Sinsay. Од пазар да ги купував, подобри ќе беа. А, цената, тука некаде. Во глобала, избегнувам порачување на облека од интернет, освен од проверени места, наши или странски.