Штом има тема за Барби, мислам редно е и за Опенхајмер. Накратко, приказната е за Ј. Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба. Филмскиот режисер Кристофер Нолан го избра Роберт Опенхајмер за главен лик во неговиот нов филм „Опенхајмер“, со што нѐ врати во времето кога американскиот физичар го надгледувал создавањето на атомската бомба во текот на Втората светска војна. - Приказната на Опенхајмер е една од најдраматичните што ги знам и има многу аспекти кои ја прават привлечна - изјави Нолан во интервју. Опенхајмер управувал со тајна лабораторија во Лос Аламос, која била направена за време на мандатот на претседателот Френклин Рузвелт, како дел од проектот „Менхетен“, за изградба на првата атомска бомба. Тој го надгледувал детонирањето на првата атомска бомба „Тринити“ во пустина во сојузната држава Ново Мексико, пред да бидат бомбардирани Хирошима и Нагасаки. Дали го гледавте или планирате да го гледате? Јас бев, навистина е одличен, иако можел да биде малку пократок, особено на почетокот. Кастингот е совршен, сите одлично си ја завршуваат својата работа, Мет Дејмон ми остави посебен впечаток, иако не го сакам баш многу. Џош Харнет е бејб, иако сакале да го остарат. Кои се вашите импресии?
Еееедвај чекам да го гледам, вакви приказни ме воодушевуваат, да сменам малку, доста Наци филмови изгледав. Дали некаде онлине може да се симне во ХД?
И ова го изгледав одма после Барби. Саботата бев маратонец. На почеток ми требаше малку да се стабилизирам кога шо се случва. Ама од ко се уходав е ептен добар. Многу ми се бендиса кастингот и то е прво шо сакам да прокоментирам. ОСОБЕНО ликот на Роберт Дауни Џуниор оти прв пат ко излезе, првата сцена, се з б у н а в. Се багнав. Бев ко како го снимаа ова? Има архива? Колку феноменално човече. Килиан е о д л и ч е н актер се осетив низ неговите емоции. Ама еднаш се фатив како се смеам. Спојлер Одма после првата секс цена со Флоренс кога се враќаше со цвеќе и та му се дереше морав да прокоментирам дека "зато не одиш со нрдс Флоренс" Е сега тука еден детал околу нејзиниот лик ми е импресивен. Оти не се знај дали умре од самоубиство или убиство - флеш сцени кај шо се самоубива и флеш сцени кај шо некој ја дави ми беше импресивен детал. Дур сум во спојлер чекањето на вести за Хирошима и Нагасаки беа интензивни, можеше се да осетиш према глумата. И емоџиите во неколкуте наредни сцени со славењето не беа еднодимензионални и беа доста комплексни. Преееерано е. Од прилика по 3 месеци од премиера во просек излегва прва ХД снимка од поќето филмој (сем тие шо се нетфликс ориџиналс пример, шо дирек премиера имат на онлајн платформа).
Го немам гледано, има доста висока оценка на имдб, ептен кул екипа, доста се актуелни периодов ми излегуваат секој ден на инста со промовирање на филмов, сите насмеани, скоцкани, се гледа некоја посебна енергија, возбуда и поврзаност, Марфи за улогава драстично ослабнал, некои пишуваа дека јадел само по еден бадем на ден
Ќе чекам да излезе за да го гледам. Ми изгледа врв, а и повеќе сум за ваков жанр на филмови. Нормално, и Cillian Murphy пак ќе си го гледам Преубав е.
Мене ми беше прееедобар момент Спојлер кога пукна бомбата и штама. Само пламените, црни, ужасни, ветер, звук никаде. И одеднаш, баааааам! Прејако беше изведено. Тие што присуствувале на тестот имале изјавено дека баш така био, цела минута звук немало, колку морничаво. Атомска бомба де, нели. Морбидно крајно беше славењето, океј експлоираше бомбата, ама илјадници умреа, колку цивили само... Морам да кажам и дека не ми се допадна секс сцената на испрашувањето, беше толку out of place некако, знам дека беше ставена за да влеземе во главата на Кити, ама пак, некако беше повеќе и за шок ефект, ддоста бомби, малку цицки.
Спојлер Леле да, во исчекување бев пошто премногу тизинг имаше околу та бомба и како ќе биди изведена. И воопшто не се разочарав. Накратко генерално филмов ми ги исполна очекувањата. Подолг беше од шо јас би сакала. Ама мислам дека поента ќе изгубеше ако беше пократок во исто време и то ми е некој личен конфликт.
Го гледав иако не сум љубител на филмови со ваква тематика, цели 3 саати филмов успеа да ми го задрже вниманието, значи стварно е феноменален. Спојлер Мини срцев удар доживеав кога експлодираше бомбата, прегласно беше
Едвај чекам да го гледам, ќе одев, ама кога видов 3 саата се пишманив, не доседувам у кино долго. Овој Килиан Марфи нема нешто што не може да одглуми, од Доручек на Плутон до Пики блајндерс, у меѓувреме морбиден убиец, научник, па сега и Опенхајмер, браво!
Килијан Марфи ми е еден од омилените, така и приватно, не користи социјални мрежи, остава впечаток дека води досаден приватен живот и тоа за него е прилично возбудливо, срцка е и презгоден, мемињата со фаците негови на интервјуа закон се, се надевам за оваа улога дека ќе се закити со оскар
Одамна го имам пишано иначе не знам ни јас некој да го вројува во омилени актери https://forum.femina.mk/threads/Омилен-а-актер-ка.1112/page-19 Иначе за стилист не знам немам таков податок прочитано
За разлика од Барби, Опенхајмер цело време ми држеше внимание. Килијан брилијантно ја одигра улогата.
Mене ми беше предолг и на моменти досаден. Ме нервираше сцената со славењето,па и на крај кога го обвинуваа дека бил руски шпион...Кастингот беше ок,не сум некој фан на глумците,ама убава глума.Само дејството некако ептен развлечено,одвај чекав да заврши.