1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операции за промена на пол на товар на ФЗОМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sesil, 27 јуни 2019.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.923
    Допаѓања:
    134.095
    Пол:
    Женски
    https://sdk.mk/index.php/makedonija...e-pravi-na-skopskite-kliniki-najavi-filipche/
    Промена на пол на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ќе се прави на скопските клиники, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче на регионалната конференција за правата на ЛГБТ. Според пресметките на ФЗОМ, овие операции чинат околу 15 илјади евра.


    „Овие операции досега се правеа приватно, или во странство или во нашите приватни болници. Отсега тоа ќе биде на товар на ФЗОМ“, рече Филипче.

    Тој вели дека на располагање ќе биде врвен српски хирург, кој како уролог ќе биде ангажиран на Клиниката за детска хирургија каде ќе врши комплексни оперативни процедури за што пациентите претходно ги праќале во странство, а кој од претходно е ангажиран како визитинг професор на Медицинскиот факултет.


    „Освен што е уролог е и врвен хирург за промена на пол и ќе се искористи неговото знање и експертиза и вакви процедури да им бидат достапни на нашите граѓани. Наскоро, на Клиниката за урологија ќе се основа и ново одделение за уролошко-реконструктивна хирургија и таму ќе работи еден наш колега, кој со години се едуцира во оваа област. Се надевам дека во следниот период кога и административните процедури ќе бидат завршени тоа одделение и официјално ќе почне да функционира“, рече Филипче.

    На 17 јануари годинава, трансродовото лице Икс родено во Македонија во 1987 го доби првиот спор против Република Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, оти не можело административно да го смени родот „женско“ (ж) во „машко“ (м), зашто немало целосна операција на полот. Адвокатката Наташа Бошкова од Коалиција Маргини, која го застапува овој случај пред судот во Стразбур, тогаш за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека паралелно со битката за носењето на законска регулатива за промена на идентитетот, односно родот и единствениот матичен број кај трансродовите лица, таа и тимот со години водат битка и хормонската терапија да им биде покриена од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

    „Се бориме барем за хормонската терапија да не мора овие лица да одат во Белград. Тие на свој трошок патуваат и во Белград ја примаат терапијата која им помага и ги одржува трансродовите лица во трансформацијата. Услови за промена на полот тука во Македонија сè уште нема. Операциите (делумни или целосни) се прават приватно, на клиника во Белград“, рече Бошкова.
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Операции за промена на пол на државен трошок?! А деца на смртна постела додека чекаат донации... Море марш таму.
     
    На Indiegurl, MonMon, bebaa и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.958
    Допаѓања:
    166.317
    Пол:
    Женски
    Хирурзи и анестезиолози за лек нема. По месец дена чекаме термин за операција на жолчка.
    Само до промена на пол сме дојдени.
    Тој "проблем" да се реши и све ќе е таман во здравсвото(facepalm)
     
    На bebaa, kuc, Rama и 14 други им се допаѓа ова.
  4. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.117
    Допаѓања:
    13.386
    Пол:
    Женски
    А иницијатива за една година породилно и доделување на 5ваучери за вештачко оплодување (наместо досегашни3) си стои во место.
    Ц ц ц ц
     
    На bebaa, Rama, lady.milion и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Абе немa ден дa немa глупoст зa oвие :rofl:
     
    На bebaa, Rama, EvAngelos и 3 други им се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Добро бе дали се нормални овие од СДСМ? :^)
    Со кој памет трошоците за промена на полот да ги плаќа Фондот (facepalm)
    Сè средија во државата и во здравството па уште тоа остана несредено (facepalm)
    Ние ќе собираме донации за болни да си го спасат животот, а Фондот ќе ги финансира оние кои од аздис го прават тоа.

    Немам ништо против нив, ама сами нека си финансираат па нека прават што сакаат. Нема што да биде тоа на трошок на Фондот кога од тоа не им зависи животот.
     
    На Pretty_woman, bebaa, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.958
    Допаѓања:
    166.317
    Пол:
    Женски
    Сакаме во Европа нели :$
     
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Да де, ама во Европа не се оди само со тоа што за промена на пол ќе финансира Фондот, кога ништо друго не чини ни здравство, ни образование, ни судство.
    Тоа може да им го дадат на крај кога прво сè друго ќе биде средено. Кога нема да треба да собираме по 100 денари донации, кога болните ќе добијат соодветна здравствена помош, кога нема да умираат родилки, кога нема да има социјални случаи, кога нема да има бездомни лица, кога учениците ќе бидат функционално писмени, кога ќе си функционираат како што треба законите, кога нема да имаме сваровски судии, кога секој пред закон ќе одговара за направеното дело и кога ќе добие праведна казна без разлика дали е политичар или обичен граѓанин, кога платите (ама во приватен сектор) и пензиите ќе се зголемат. Ехее уште колку има за набројување што треба да направат пред да одлучат да финансираат промена на пол со наши пари.
     
    На Rama, ocicka2014, EvAngelos и 3 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.020
    Допаѓања:
    224.991
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1561672390188.jpg
     
    На vitamina, MonMon, bebaa и 25 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    И што е работата сега, пак паднавме пола Македонија на фејк њуз, или пак се предомислија овие од власта? Од каде излезе веста воопшто прееска?
    Ова е последна информација, истово и на статус кај Филипче го пишува.

    Screenshot_20190627-235231.png
     
    На candy.cane, Peperutce1115, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.117
    Допаѓања:
    13.386
    Пол:
    Женски
    Неправда за нас дебелите!
    Сакаме и ние операцијата за стеснување на желудник, да биде на товар на фонд!
     
    На vitamina, Nigredo Odor, Rama и 16 други им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.919
    Допаѓања:
    176.674
    Пол:
    Женски
    На Rama, Bitter-Sweet, candy.cane и 14 други им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Чудна работа, ама видео прееска гледав од Филипче, сигурно не беше монтирано.
    Ај да прочитав само, па да било фејк њуз :?: ама и видео имаше тој даваше изјава
     
    На Rama, candy.cane и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    На Rama, orevokrsacka, oblace1 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.020
    Допаѓања:
    224.991
    Пол:
    Женски
    Мислам дека субвенции за тоа ќе мора. Не може колкав што сакаш. Ако го прајш до 19 цм покрива државата. А ако идеш на црнечки 50 % само
     
    На vitamina, MonMon, Rama и 26 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.668
    Допаѓања:
    265.882
    Јас тоа скроз го поддржувам.
    Не мењаат пол од к*р ќеиф и не е едноставна процедура. Доста долго има хормонски припреми итн.
    Не е измислена "болест" сосема легитимно е.

    Тоа не значи дека на други категории не треба да се плаќаат интервенциите, јас да можам да одлучам, секоја интервенција, посебно кај деца и тинејџери, би била 0% на џеб на нивното семејство.

    Здравство и образование за мене се најважни сектори во кои државата треба да вложува, се' друго е споредно.

    Еве на психијатар/психолог може да одиме со партиципација, но не и на психотерапија.

    Оти нели, психотерапијата е луксуз, шоќение.

    Убава промена е, очекувам да направат и други слични чекори.

    Да најдат министер за здравство каков што министер е Мила, многу верувам на подобро ќе тргне.

    Таа е пример за вистински човек на вистинско место.
     
    На WildMk, ane.bella, violetblue и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    Дај линк да видам што точно кажал. Не сум го видела, само од твитер и фб читам од прееска, а и тука само прочитано и пишано. Ич не исклучувам и тоа да се предомислиле, веќе пракса им се вакви киксови... Што уште нема да им текне да се дешава нешто пред парадата, аман (facepalm)
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Баш сега само што сакав да го ставам тука видеото
     
    На Rama, candy.cane и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.563
    "Шалио сам се".
    Побудалени се, веќе е гревота и да им се смее човек. Лек нема.
     
    На Rama, ALISA0000, ocicka2014 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.919
    Допаѓања:
    176.674
    Пол:
    Женски
    Камелија, сѐ дури се собираат донации за лекување и операции каде што зависи човечки живот, оваа операција треба да биде на последно место.
     
    На vitamina, Rama, sanjaeva и 32 други им се допаѓа ова.