Замислете дека се наоѓате на конгрес за Најдобри дестинации во светот а вам ви е доделена задачата да ја опишете својата земја. На секое од дадените прашања е дозволено да се одговори само со три збора. Но немојте да заборавите дека на конгресот се поканети различни групи на луѓе. 1. Како во три збора би ја опишале својата земја? 2. Градови во Македонија кои несмеете да не ги посетите? 3. Храна која ќе ве натера да го откопчате последното копче од панталоните? 4. Дискотеки во кои несмеете да останете трезни? 5. Македонските девојки личат на... 6. Македонските момчиња личат на... 7. Најромантична планина? 8. Најхорор место ? 9. Локации кои најдобро ја покажуваат културата на Македонскиот народ? 10. Три збора кои не се кажани а најдобро ја отсликуваат нашата земја?
1. Како во три збора би ја опишале својата земја? Македонија е мултинационална, традиционална и неперспективна држава 2. Градови во Македонија кои несмеете да не ги посетите? Скопје (заради 2014 ); Охрид ; Струга (заради прекрасниот Дрим) ... 3. Храна која ќе ве натера да го откопчате последното копче од панталоните? Мммм... храна во Македонија има многуууу ... тавче гравче, шопска салата, галичко сирење, таратур со овчо кисело млеко, пастрмајлија, селско месо, качамак, ајвар... 4. Дискотеки во кои несмеете да останете трезни? Ова ќе го скокнам... Не го сакам алкохолот... 5. Македонските девојки личат на... Убавици ... 6. Македонските момчиња личат на... Мистер Универзум ... 7. Најромантична планина? Ееее... Сите планини во Македонија се романтични и убави ... Значи многу се!!! 8. Најхорор место ? Е, и ова го имаме во изобилие... Скоро сите патишта во МК се хорор !!! 9. Локации кои најдобро ја покажуваат културата на Македонскиот народ? Охрид, Св Јован Бигорски, Крушево... 10. Три збора кои не се кажани а најдобро ја отсликуваат нашата земја? Музика, фолклор, сонце ... мојата чудесна Македонија
1. Земја чиј симбол е сонцето, негувана долгогодишна традиција, прекрасна богата кујна. 2. Градови во Македонија кои несмеете да не ги посетите? - Скопје, Битола, Охрид. 3. Храна која ќе ве натера да го откопчате последното копче од панталоните. - Тавче гравче, пинџур, подварок од кисела зелка. 4. Дискотеки во кои несмеете да останете трезни? - Сегде кај што ви душа сака можете да си подпивнете, препорачливо е да се вкусат богатите ноти на македонското вино. 5. Македонските девојки личат на...дами со префинет и исклучителен вкус и стил. 6. Македонските момчиња личат на...џентлмени од фантазиите. 7. Најромантична планина? Осоговски планини. 8. Најхорор место ? - Шутка. 9. Локации кои најдобро ја покажуваат културата на Македонскиот народ? - Старите манастири во кои можат да се слушнат и легемдарни прикаски со историска содржина. 10. Три збора кои не се кажани а најдобро ја отсликуваат нашата земја? - Уживање, гостопримство, прекрасно незаборавно патување.