Ја отворам темава за повеќе да се информирам околу поставувањето на скриена камера дома .. Ако имате вакви слични искуства споделете ги тука ќе користат сигурно . И каде може да набавиме нешто вакво,програма за снимање која ќе снима постојано колку чини .. Не најдов ваква слична тема доколку има оваа клуч и во канта.
Опрема за синмање (скриена камера) Ти се реши да фаќаш некого на дело а ??? Немам искуство а и не ми паднало на памет да ставам скриени камери по дома ама имам искуство од работа. Има овие специјализирани фирми што се и за обезбедување што поставуваат 24 часовен надзор. Доаѓаат монтираат камери (кои не се видливи или се видливи со око) , внесуваат програм и гледаш на компјутер. Распрашај се по овие фирми што се за видео надзор, обезбедување или пак во оние што продаваат компјутери мислам дека и тие почнаа тоа да го работат.
Опрема за синмање (скриена камера) Да се решив да ставам крај на дилемата ! Се разбира со знаење на моите родители , да не ги фатам и нив на дело . Инаку фала за твоето мислење добра идеја ќе ја испратам мама да се распраша .