Сум. Не сум забегано или неконтролирано ама сум - признавам. Не можам и грдо ми е кога немам седнато салам повеќе денови на интернет. Тоа го забележувам во колоквиумска недела, кога само преку мобилен проверувам на кратко што како, пошто нормално не можам без ич, и кога за неколку дена ќе завршам со полагање, како пијаница што трча по алкохол, така трчам јас на раат со кафе да седнам на лаптоп и буквално 4 - 5 часа да не мрднам, да се изначитам и изнагледам на се што сум пропуштила. Зависна сум од неколку интернет страни вклучувајќи ја фемина, да видам што како на фејсбукот нормално, онака почетната убаво да ја поминам. Ооооф, што да се прави, зар сакаме, времињата се такви за жал, колку и да не сакаш ти џабе. Тоа што другарка ти на кафе ќе заборави да го пренесе на фејсбук или инстаграм сигурно со слика ќе го долови. А да не зборам и за повозрасните жени кои се приклучија на овој топлотен интернет-зависници бран. Пошо нели тие многу години без него си фунционирале и сега наеднаш и тие зависни, ама тоа е, кажав, има нешто, што знаеш дека секако ќе те заинтересира, дека нешто ново ќе прочиташ, видиш, кој кого во врска - искрено јас пошто ретко си одам за Неготино, преку фејсбук знам се за пријтелите со кои подолго не се иам видено, ама се - се објавува и доловува на социјалните мрежи. Јас лично позависна сум од гледање филмови и серии отколку од интернет, ама тоа си оде у пакет некако, така да - се самопрогласувам за виновна на оваа тема.
Да, тој е дел од мојот начин на живот :geek: ,мн работи ги контролирам преку интернет и не би можел да функционирам подолго од неколку дена без интернет :geek:
Да,многу во последно време.Како некоја луда .Стани наутро седни на компјутерот,подоцна па на лаптопот,и цел ден така
Порано не, воопшто не бев. Но, во последно време ептен сум опседната со интернет. Од сабјле до вечер, значи цел ден. Треба малце да се контролирам, знам.
Па, зависи. Вака во лето дефинитивно сум опседната со интернетот и цел ден дремам по форуми и слично. Тоа е бидејќи немам обврски и нема како да си го пополнам своето време, па опседната сум со интернетот. Додека пак, кога започнува школската година воопшто не сум опснедната со интернетот, можам да издржам и повеќе денови без интернет. Тоа е обврските си го прават своето
Летно време повеќе затоа што сум слободна и си чепкам по интернет. Инаку не сум зависна доколку имам филм и игри во секое време
Да,голем дел од слободното време го поминувам на Интернет а ако не сум пред компјутер тогаш од телефон.