Мислам дека сум, телефонот ми е постојано во раце. Фејсбук, твитер, фемина. На компјутер не седам многу, но телефонот речиси и да не го оставам, само кога се полни.
И тоа како сум пробал да се тргнам да оладам глава ама тоа не траело повеќе од еден ден пустото те лаже
да сум преукупиран, итоа премногу дури и работите за покасно ги оставам,компјутерот ми се расипа ама цело време сум со моб во рака кога седам во тоалет,пред да заспиам,на сабајле се будам и одма во рака мобилниот јадам со едната рака а со др вртам на фемина fb, седам во кафич мобилниот во рака, седам во клупа мобилниот во рака,во аввтобус,во кола, пред да се туширам прво проверувам, на слави,на родендени,во секоја пригода и во секое време едноставно три пати во денот го полнам некогаш и повеке
Да за жал.. телефонот цело време ми е во раце. Дали на инстаграм, фб, фемина или пак некој филм/серија гледам. Во глобала не можам и зависна сум од интернет.
Мораме нешто да сториме против овој ја би го нарекла порок , мене веќе почна да ми смета и јас намалувам со тел у рака и дремење по социјалните мрежи - само лажен гламур. Ова слика кажува многу- се расплакав
Не. Не сум многу опседната. Секојдневно имам обврски и се трудам да ги завршам сите. Не сакам да ги одложувам работите освен кога не се многу важни. Инаку на интерент не поминувам многу време колку да видам што има ново на инста фб фемина и друго
Буквална зависност! Сите знаци и симптоми ги манифестирам.. Го оставам тел 5мин и веднаш ми иде нагон за повторно нешто да прочепкам, као да не сум дремел веќе 2 часа на youtube, reddit, fb, insta