Ептен претерувам со компјутерот и интернетот.Има денови кога буквално цел ден од сабајле до вечер седам на нет и вртам низ сите страни. Моите само викаат по мене !
Ако не сум,што правам тогаш овде? Море мене ќе ме избркаат од дома ама заедно со компјутерот,него не го оставам
Веројатно да... не дека не можам без интернетот, ама кога сум дома во Охрид, компјутерот ми е цело време уклучен заради Skype, иако јас не седам цел ден на компјутер... признавам дека доста време поминувам на интернет, на ФБ, на фемина, а исто така и доста често за се што ме интересира си барам информации на интернет и симнувам и филмови и музика... меѓутоа, порано многу повеќе го користев за разлика од сега... а кога сум дома во Скопје, се случува да го уклучам компјутерот чисто само да ѕирнам што се случува во виртуелниот свет, но веднаш потоа гасам... поинаку си го исполнувам времето
Опседната не .. порано бев ама сеа ко досадно да ми е Коа сме кај тоа ..би била некоја љубезна да ми каже програм за фотошоп ? Ама добар некој
Па Adobe Photoshop најновиот (незнам точно кој број беше). Го имав пред да го форматирам компјутерот и одличен е. Исто е добар и PhotoScape. Нема толку опции како на овој другиот, ама полесен е за користење.
jas sum so internet skoro dobri 13-14 godini..taka da nekolku godini vo pocetok mnogu koristev..sto mailovi,sto chat itn. ama posle stagnirav dosta vreme pa taka povremeno i sega koristam dosta ali ne sum zavisna..moze i cel den da nemam ne mi fali
Не сум зависна од интернет без проблем можам да издржам дооолго време без фејсбуковите и слично . Ама баш не ми требаат и не ги ни сакам а кога сум на интернет тоа е најлесто доколку ми треба нешто или имам слободно време и сакам да се релаксирам на муабет со блиски
Па не би рекла дека ми е опсесија колку што ми е потреба. Денес се се врши електронски. Комуницирам со професорите и асистентите преку мејл, пријавувам испити и колоквиуми преку веб страната на факултетот, резултатите исто ги има на сајтот, купувам и порачувам (козметика, книги најчесто) преку интернет. Така што со оглед на тоа дека денешнава комуникација најчесто се врши преку интернет - би рекла дека ми е огромна потреба, а опсесија - не
Па не би рекла дека ми е опсесија,седнувам проверувам неколку работи за кои пола час ми е доволно.Обично кога ептеееен ми е досадно,во недостиг на друго алтернативно решение како да го отепам времето,принудена сум да чепкам нешто по интернетов. На фејсбук,мсн,скајп не дремам ич,се уклучувам само ако некој ми треба и ако не го најдам одма се исклучувам,немам нерви за чекање.
Леле јас сум зависна и тоа многу.Кога ќе станам не моѓам ако не седнам да видам што има ново, отварам одма вести,весници читам, па си ставам кафе па на мсн , па музика,цел ден висам на компјутер.Еве и сега, ме чека испит за учење, ја дремам на форум,ццц
прва работа насабајле е правење кафе, па седнувам на копјутер ииии така до раните утрински часови. Го гасам само кога спијам... мноу голем зависник сум од нет...
Јас станав опседната од форумов на фемина Сакам да оставам коментар на секоја тема и после тоа да видам што ми одговориле другите Инаку не сум опседната во смисол да седам цел ден на интернет, мозе да се деси 5-6 саати да не станам од компјутер, ама многу ретко... Значи добра сум
Кога сум дома најчесто седам пред компијутер,а поретко гледам нешто на ТВ.Ако не сум излезена,а немам никакви обврски со училиштето и надвор од него секогаш седам пред компијутер.Често водиме дискусии со моите дома на оваа тема,често ми вртат разни муабети како јас преминувам премногу време пред компијутер,како сум зависник од интернет и сл.Но јас не би рекла дека сум зависник,можам да издржам и без него без проблем,но едноставно многу поидеално решение ми е да седам пред компијутер и да прочитам нешто корисно што ќе ми се најде во животот,отколку да седам пред ТВ,да гледам шпански сапуници,да дремам на балкон и да гледам што прави комшијата и сл.Најчесто читам интересни статии,слушам музика,а многу често кога седам на компијутер и кога имам инспирација знам да напишам нешто и потоа вешто да го скријам низ фолдери за да не можат да го најдат бидејќи не сакам кога некој чита нешто што сум пишувала.
Може да се каже дека да.Последниве недела дена немав интернет и мислам дека скренав уфффф...почнав да полудувам Најчесто сум на фемина,поретко на фејсбук зш не ми е интересен