Не опседната ама еднаш во денот мора да се стаам на нет да видам што има ново! Било фемина, фб, кајгана пола саат - саат обавезно ... Порано мнооогу повеќе седев на нет, дури и испити спремав со уклучен мсн. Сега веќе не !
Хммм.некогаш сум помислила да ако го исклучиме интернетот можеби подобро би било...ама не бива...зошто интернетот стана секојневие...нема куќа кајшто нема интернет...кога и да ти текне нешто одма седнуваш на интернет..така да не бива без нет,а за опседнатост можеби бев опседната првата година откако го ставивме интернетот
Па,можеби сум.Но,најчесто седнувам на интернет од досада и тоа се случува почесто во летото кога цел ден ми е уклучен комјутерот.Додека,кога имам обврски сосема заборавам и не сум опседната со тоа што сега има на фејсбук.Добро..од фемина можеби сум малце опседната
Не сум опседната,едноставно го чувствувам интернетот како потреба,без разлика дали е за едукација,гледање филмови,тепање време....
Опседнатоста со фејсбоок си ја заменив со опседнатост кон Фемина. Шала на страна, ако сум зафатена (учам,шетам,се дружам) тогаш не ни помислувам на Интернет. А,ако немам што попаметно да правам радо ќе киснам пред компјутер. Барем мултитаскинг усовршувам. Јадам, слушам музика,се допишувам на мсн,скајп, читам на фемина
Доколку немам исто е ко чоек што нема земено дрога и спобудалува..24/7 седам нетот е харана за мене..Дури и на дечко би му откажала само за на нет да си седнам
Ооооох...претерано многу.... Станувам од сабајле го вклучувам компјутерот,одам во вц,си прам кафе ова она,ке седнам,ќе провервам маил нешто,музики,видеа...Кога ќе излезам од дома,јас пак сум на нет од мојот моб. Кога ќе се вратам дома,повторно на нет,некогаш ќе се случи да претерам со седењето,и ќе легнам покасно,па другиот ден ќе доцнам за кај и да одам,ама сепак не жалам. И и тогаш кога доцнам за излегување,ако морам,ако не сум завршила некоја работа на компјутер,дури не ја завршам,не излегувам,макар и то да е некоја игра... =))))
Кај мене не знам дали ова е опседнатост или навика значи премногу седам на интернет...од сабајле кога ќе станам најпрво што правам е седам на интернет,потоа на факултет исто така на компјутер ми се скоро сите предавања (таков ми е смерот) и покрај тоа на паузите пак на интернет дома си идам пак седнувам на интернет потоа јадам некој филм на тв ќе видам и послем пак седнувам вечерта на интернет и кога ке си легнам очите ќе ми пукнат...
Не дека сум опседната, ама ми е при рака за кога ми е досадно. Да ми е малку по организиран животов нема да го трошам толку многу времето на интернет. Можам без интернет, не ми е проблем, ама што ќе се досадувам низ дома ќе си читкам по нешто
Не сум опседната, можам да издржам без интернет. Еднаш ми го исклучија доста многу време, а мајка ми за инат не сакаше да го плати, па си читкав книги , правев интересни работи... А инаку навика ми е секојденвно да си проверам мејл и да отворам феина и Фб.
Премногу сум опседната со интернетот.. толку многу што веќе се нервирам од самата себе Навистина не знам како би издржала цел ден без нет, ќе биде вистински хаос Искрено и покрај тоа што неможам без нет, сепак сметам дека времето кога го немаше(не беше толку користен) беше многу поубаво. Постоеше дружење, искрени пријателства... а денес вака ,да сите имаме мн пријатели на фб и каде уште не,но колку се искрени неможе да се препознае кога некој ти зборува а не го гледаш. Сепак не можам без нет и без фб, тука се многуте информации кои ни се од голема корист...
Не сум ни опседната ни зависна. Можам да опстојам и без компјутер, и без интеренет. Но, просто некогаш не можам да одолеам, да го вклучам компјутерот, да ја помилувам тастатурата и да го погалам маусот.