да имам повеке активности во денот можеби не би седела толку,само 3дена во неделата имам некои обврски дури и некогаш се мразам што поминувам толку време,а за тоа време сум можела да зачистам,да прочитам некоја книга
Порано станував, го вклучував компјутерот и по цел ден на нет. Сега не, повеќе гледам да излегувам, или да работам нешто по дома, да читам. Седам 2,3 саати и мислам доволни ми се.
Обично кога станувам насабајле прво го уклучувам компјутерот, да си видам фб, па хороскоп на фемина ама во последно време немам толку слободни моменти па интернетот го оставам за после факс.
Баш во последно време се фаќам себеси во размислување колку сум зависна од интернет.Дека е потреба-навистина е,ама мислам дека не сме ни свесни колку сите генерално сме станале зависни.Јас на пример станувам го вклучувам компјутерот,се мијам и одма проверка-ФБ,Фемина,маилови... Не дека нема да се одвикнам ако подолго време немам нет,ама вака...некогаш дури се нервирам кога ќе сфатам дека цел ден сум поминала пред ПЦ а сум можела да направам еден куп другикорисни и интересни работи
Опседната, зависна, како сакате крстете ме. Апсолутно го (зло)употребувам времето на интернет, по сајтови, музички блогови, неминовно, фејсбук, фемина, на други форуми, твитер, абе се’! И ми е гајле, кога можам, зошто да не висам. Културен информатор ми е секогаш, фејсбукот особено.
Не сум опседната со интернет, можам и без него. Сум пробала - успешно! Сепак сите потребни, па и оние непотребните информации ги добивам преку интернет, а без него не би можела секојдневно да комуницирам и со моите блиски кои се надвор од државава. Во секој случај во денешно време е потреба.
Не знам дали опседнатост е вистинскиот збор, повеќе е рутина. Станувам, се мијам, си правам кафе и го отварам лап топот...се враќам од факултет пак си проверувам фб, фемина...пред спиење повторно, зависи како со слободното време. Сепак интернетот стана дел од нашето секојдневие, тоа е факт.
По цел ден сум на интернет поради тоа што немам друго што да работам па седам пред пц инаку издржувам без него.. не ми е некоја зависност...
Интересно ми е на интернет има интересни и убави работи за забава.ама не сум зависна можам да издржам без интернет повеќе време
Порано по цел ден бев на интернет ilent: пред школо после школо.. Сега почнав многу поретко да седам во текот на денот по еден саат некогаш и помалку. Е сега навечер знам да си поседам некои 2 до 3 саати , не се сметам за зависник, доколку не сум дома можам да издржам без "да си проверам фб", а доколку сум дома нема шанси
Значи јас бев таа , која седеше до сабајле на интернет па одев дирекно на факултат, не излегував на вечер за на интернет да седам. Незнам и сама што толку ми беше интересно. Ама се се промени , кога се преселив. Таму немав неколку време интернет и многу подобро ми беше . Од почетоко тешко ама се навикнав , барем имав време за други работи Сега седам на интернет поради тоа што немам никакви обврски, а ни желба за излегување.
Не да сум опседната! Пред недела дена ми се расипа лап топот и беше на сервис 4 дена...за тоа време цркнав! Ама буквално полудев сите по дома ги изнервирав, веќе ни они не можеа да ме трпат А сега цел ден скоро немам мрднато од пред компјутер, како и сите денови уназад
Катастрофално сум опседната со интернетот....особено кога немам обврски Ми се случува да се подрасонам навечер и да седнам на интернет....наутро, уште очи не сум отворила јас сум на интернет Искрено тоа многу ми пречи, бидејќи и самата сум свесна колку е претерано моето седење на интернет А им пречи и на моите родители. Си го сакам назад социјалниот живот !
Опседната не, но зависна и те како!!! Да не беше интернетов ќе ги завршував сите обврски на време, немаше да ме мрзи да учам, ќе прочитав барем неколку повеќе книги, ќе бев поактивна. А вака секоја слободна минута ја поминувам пред интернет! Па и не само слободна минутка понекогаш си земам и од времето наменето за учење и работа, и после корни коси да стигнеш се на време! Е нема! хахахах Но сепак можам да преживеам и те како без интернет! Чудна работа ем долго седам пред компјутер, ем можам да живеам без тоа! Ама па ме мрзи да барам нешто поинтересно за тепање на време. Ова е тука и достапно 24/7 па и често има навистина интересни работи хахаха
Дааааааа и тоа премногу сум зависна...Едноставно неможам да си го замислам денот без нет.И тоа ако седнам цел ден ми поминува.Абе зараза
Да, многу. Опседната сум со мојот компјутер и мобилен и си ги сакам многу. Со нив спијам, прво станување одма за компјутерот се фаќам, кој веќе ми е во кревет цела ноќ, не го гасам никако. Кога сум дома цело време сум пред него, и коа учам или било што, тој си е тука пред мене, конектиран. Ако случајно снемам нет, страдаат тие околу мене, се нервирам многу. Ако не сум дома, тогаш на мобилен сум конектирана обавезно. Не дремам на него, нормално, си прават муабет со луѓто околу мене ама мора да е конектиран, ме смирува психички Инаку да напоменам дека не е ова ради фб, таму ретко дремам, си проверувам често ама на 2-3 мин, чет никогаш не вклучувам
Сум опседната,ама голема среќа е што имам доста др.обврски и не сум толку во мозност да сум на нет колку што реално би била да немам обврски.Некој ќе ме направи луда,ама кога го приклучувам компјутерот наутро и оние најавни тонови кои ги испушта,како муабет и поздрав ги перцепирам,за мене мојот компјутер и мобилен се со статус на зиви суштества,сигурно сум луда !!!Дури кога ми падна телефонот или кога ми се наполни компјутерот со вируси се однесував како болен да имам дома,страдав и се плашев дали ќе оздрават и си барав вина колку сум лоша личност што им згрешила и не водела доволно сметка за нивната благосостојба ...Бруки сум !!! Дури и кога сум излезена често мислам што ќе правам на нет кога ќе си дојдам дома,си смислувам концепти,а ако ми се испразни батеријата на мобилен дури сум надвор,паника некоја дури ме фаќа,а како сум опстанала на времето пред мобилните ?!Кога ми се компјутерчето и мобилното до мене,моите верни другарчиња,раат ми е душичката !!!
Порано, бев зависна од интернет и чатување по месенџери и слични работи. За среќа, повеќе не. Користам интернет, но најмногу кога имам потреба (училишни обврски, да се слушнам со некоја блиска личност и сл.), а помалку време минувам на интернет за релаксација и безделнички работи.