Никако. Ретко сум на интернет па и на компјутер. Многу ми е поинтересно да читнам некоја книга или списание, да излезам, да прошетам него ли да гледам во екран. Се вклучувам по потреба, па така знам и да наминам до форумчево.
Порано бев многу заразена со интернет знам дремев 24/7, а сега сум помалку али пак ако седнам се заборавам дека треба да станам, али во глобала не сум опседната можам да издржам неколку дена без интернет.
Јас во последниве 7 месеци интернетот го користам по 8 часа дневно, а за викенд по 14 часа. А што правам и јас се чудам.
Толку опседната,што претерувам. Не дека нешто посебно правам.Се тоа па тоа,ама кога седнам не ми текнува да станам.
не сум опседната, едноставно интернетот стана секојдневие на секој однас, прост пример, работам извештаи за тренинзи,морам да ги пратам преку маил, известувања за натпревари резултати на маил стигаат, операторите имаат по 5 бесплатни пораки на ден преку нет, новости се читаат по сајтови и форуми....итд. сакале или не тоа е тоа.
Доста време поминувам на интернет, но не сум до толку опседната, ако сакам и по 1 недела нема да седам.. али ако сакам ама јас неќам
е сега како да кажам не сум опседната али убаво е што го имам.. инаце не минува времето,со дознавање,играње,и тие работи
Скоро цел ден.......А тоа дали сум опседнатапа и прашуваш ........Но кога имам обврски ппомалку ама и каде да сум секогаш си наогам време ан него и што да имам ........тој ми е на второ место.....
Зависна сум, по цел ден сум на интернет, кога ке станам прва работа ми е вклучувањето на компјутер, но во текот на школската година и не е баш така